Олимписки стадион (Лондон)
| Олимписки стадион | |
Олимпискиот стадион во јуни 2011 |
|
| Место | Маршгејт Лејн, Стратфорд, Лондон, Велика Британија |
|---|---|
| Започнат | 2007 |
| Изграден | 2011 |
| Управител | Управа за олимписки работи[1] |
| Терен | трева |
| Цена на изградба | 486 милиони фунти[2] |
| Архитект | Populous |
| Статичар | Buro Happold |
| Внатрешен проектант | Buro Happold |
| Главни изведувачи | Роберт МекАлпајн |
| Седишта | 80.000[3] |
| Корисници | |
| Летни олимписки игри 2012 Летни параолимписки игри 2012 Светско првенство во атлетика 2017 |
|
Олимпискиот стадион (англ. Olympic Stadium) е главниот спортски објект во Летни олимписки игри и параолимпијадата во 2012 во Лондон. Стадионот се наоѓа во подрачјето Стратфорд и има капацитет од 80.000 гледачи. Со ова е трет по големина во Британија, веднаш по Вембли и Твикенем. Подготовките на земјиштето започнале во 2007, а изградбата официјално почнала на 22 мај 2008. Изградбата завршила на 29 март 2011. Стадионот ќе биде и домаќин на Светското првенство во атлетика 2017.[4]
Содржина |
Обвивка[уреди]
Градбата е целосно обвиткана со полиестерско-полиетиленско платно, обезбедени од средства на хемиското претпријатие „Dow Chemical“ под услов претпријатието да рекламира на него до 26 јуни 2012.[5]
Постојани корисници[уреди]
Комитетот за олимписка оставнина едносгласно го избрал ФК Вест Хем Јунајтед за постојан корисник на стадионот.[6] Ова треба да се се потврди во блиска иднина.
Поврзано[уреди]
Наводи[уреди]
- ↑ англ. Olympic Delivery Authority
- ↑ „Завршени атлетските патеки на Олимпискиот стадион за Олимпијадата 2012“, „Би-Би-Си Вести“, 3 октомври 2011. (англиски)
- ↑ „Отворена нова еопха во изградбата на стадиони“. London 2012 HQ. http://www.london2012.com/news/archive/2007-11/new-era-of-stadium-design-unveiled.php. проверено на 17 јануари 2008. (англиски)
- ↑ Лондон ја победи Доха за домаќин на Меѓународното првенство во атлетика во 2017 г. (англиски)
- ↑ Кортекас, Ванеса. „„Dow Chemical“ склучи договор за олимпијадата“ (консултирано на 4 август 2011). (англиски)
- ↑ „Вест Хем избран за претпочитан траен корисник на Олимпискиот стадион во Лондон“, Bbc.co.uk, 11 февруари 2011 (консултирано на 11 февруари 2011). (англиски)
Надворешни врски[уреди]
| „Олимписки стадион (Лондон)“ на Ризницата |
- Официјален профил (англиски)
- Мреж. камера