ФК Милвол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милвол
Blue rampant lion above the word Millwall in blue letters.
Целосно имеФудбал клуб Милвол
ДржаваАнглија Англија
ПрекарЛавовите
Основан3 октомври 1885 како Милвол Роверс од 1890-1910 како Милвол Атлетик
ЛокацијаЛондон, Англија
СтадионДен
Капацитет20,146
СопственикМилвол Холдингс
ПретседателСАД Џон Берилсон
МенаџерАнглија Гари Рувет
ЛигаЧемпионшип Чемпионшип
2019–20Чемпионшип лига, 8-ми
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Милвол (англиски:Millwall Football Club) е англиски фудбалски клуб кој се натпреварува во Чемпионшип лигата. Седиштето на клубот е во Бермондси, во југоисточен Лондон. Својте натпревари клубот ги игра на стадионот Ден. Прекарот им е „Лавови“, а пред тоа ги нарекувале „Докери“ („Лучки работници“). Прекарот го промениле во 1900 кога стигнале до полуфиналето на ФА Купот. Тогаш го добиле новиот амблем со нацртан лав.

До полуфиналето на купот исто така стигнале и во 1903 и 1937 година. Таа година воедно Милвол станал првиот клуб од третата дивизија кој упеал да стигне до најдобрите четири тима во купот. Инаку својот најдобар пласман низ историјата во ФА Купот, Милвол го има во 2004 година кога стигнаа до финалето, предводени од тогашната ѕвезда на тимот Тим Кејхил, но таму загубија од Манчестер Јунајтед со убедливи 3-0.

Традиционалните дресови на екипата на Милвол се составени од сини маици и бели шорцеви.

Стадион[уреди | уреди извор]

Панорама на Ден од Докер Стенд

Милвол настапувал на стадионот Ден цели 83 години од 1910-1993 година. Првиот натпревар тука го одиграле против Брајтон и Хоув Албион во кој гостите победиле со 1-0.

На 4 август 1993, Милвол се преселил на новиот стадион познат под името "Новиот Ден" (на англиски Тhe New Den), кој има капацитет од 20,146 места. Сепак, меѓу навивачите на Милвол, името на стадионот останало непроменето и тие продолжиле да го нарекуваат Ден, поради што и властите на клубот одново на стадионот му го дале старото име.

Навивачи[уреди | уреди извор]

Навивачите на Милвол во Англија се познати како хулигани. Нивната главна навивачка песна е "No one likes us, we don't care".

Најголемо соперништво[уреди | уреди извор]

Најжесток соперник на Милвол со сигурност е екипата на Вест Хем Јунајтед.[1] Тоа е едно од најпознатите страсно оспорени локални дербија во фудбалот. Двата клуба ретко се состанувале во последниве години; поголемиот дел од нивните средби се случиле пред Првата светска војна, со некои шеесеттина натпревари за само петнаесет години. Клубовите играле речиси 100 пати, бидејќи нивниот прв натпревар е одигран уште во далечната 1899 година. Милвол имаат 38 победи, 27 натпревари завршиле нерешено и загубиле во 34 соочувања.

Фудбалерите на Вест Хем и Милвол се ракуваат пред почетокот на натпреварот

И покрај насилството помеѓу двете навивачки групи на поддржувачи и повици за идните натпревари помеѓу клубовите да се играат зад затворени врати, тие се сретнале повторно на Ден во Чемпионшип лигата во сезоната 2011-2012 без целосна забрана на двата сета на навивачите, и немало повторување на толпата проблеми. Интересна изјава во врска со ова дерби дал некогашниот менаџер на Вест Хем Јунајтед, Хари Реднап, кој вели дека Вест Хем и Милвол не треба веќе никогаш да играат меѓу себе.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Англија ГМ Франк Филдинг
3 Шкотска ОД Мареј Валас
4 Англија ОД Шон Хачинсон
5 Англија ОД Џејк Купер
6 Ирска СР Шон Вилијамс
7 Англија СР Џед Валас
8 Англија СР Бен Томпсон
9 Велс НП Том Бредшо
10 Англија НП Мат Смит
11 Северна Ирска СР Шејн Фергусон
12 Антигва и Барбуда ОД Малон Ромео
13 Данска НП Кенет Зохоре
14 Англија ОД Скот Малоун
Бр. Позиција Играч
15 Ирска ОД Алекс Пирс
16 Холандија СР Маикел Кифтенбелд
18 Англија СР Рајан Леонард
19 Англија СР Рајан Вудс
20 Англија НП Мејсон Бенет
21 Англија СР Конор Махоуни
22 Исланд НП Јон Дади Бодварсон
23 Ирска ОД Дани Мекнамара
24 Англија СР Били Мичел
28 Англија СР Џорџ Еванс
33 Полска ГМ Бартош Бјалковски
35 Англија ОД Хејдн Мулер

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brown, Oliver (28 August 2009). „West Ham v Millwall: a history of how the rivalry started“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на 2009-08-31. Посетено на 2021-03-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]