Антигва и Барбуда

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Antigua and Barbuda
Антигва и Барбуда
Знаме Грб
ГеслоEach Endeavouring, All Achieving
ХимнаУбавата Антигва и Барбуда
Кралска химнаБоже, чувај ја кралицата“ 1
Главен град Сент Џонс
17°7′N 61°51′W / 17.117°N 61.85°W / 17.117; -61.85
Најголем град главниот град
Службен јазик англиски
Демоним Антигванец, Барбуѓанец
Уредување парламентарна демократија
и федерална уставна монархија
 -  Монарх Елизабета II
 -  Генерален гувернер Луиз Лајк Так
 -  Премиер Болдвин Спенсер
Независностод Обединетото Кралство
 -  Датум 1 ноември 1981 
Површина
 -  Вкупна 442 km2 (195-та)
108 sq mi 
 -  Вода (%) незначително
Население
 -  проценка за 2009 85,632 (191-ва)
 -  Густина 194/km2 (57)
793/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $1.546 милијарди[1] 
 -  По жител $18,585[1] 
БДП (номинално) проценка за 2008
 -  Вкупно $1.143 милијарди[1] 
 -  По жител $13,736[1] 
ИЧР (2007) 0.815 (high) (57-та)
Валута Источнокарипски долар (XCD)
Часовен појас AST (UTC-4)
Се вози на лево
НИД .ag
Повик. бр. +1-268

Антигва и Барбуда (англиски: Antigua and Barbuda) е островска држава во Средна Америка. Државата е дел од островската група Мали Антили и западно од неа се наоѓа Карипското Море, додека источно е Атлантскиот Океан. Таа е составена од два поголеми острови Антигва и Барбуда и уште неколку други помали островчиња.

Вкупната површина на Антигва и Барбуда изнесува 442 километри квадратни и има население од вкупно 85.632 жители. Населението е воглавно мешано од западноафриканци, Британци и Португалци. Јужно од државата се наоѓа зависниот островот Гвадалуп, југозападно се наоѓа зависната територија Монтсерат, западно се наоѓаат државата Свети Китс и Невис и зависната територија Сент Еустатиус и на северозапад се наоѓаат зависните територии Сент Бартелеми и Сент Мартен. Официјален јазик е англискиот јазик, додека главен град на државата е Сент Џон. Често локалното население својата држава ја нарекува со поранешното име Вадади.

Содржина

[уреди] Етимологија

Името на државата и воедно на островите доаѓа од шпанските зборови „antigua“ што значи стар и „barbuda“ што значи брадест. Локално, како и пред доаѓањето на Шпанците, државата се нарекува Вадади или Wadadli

[уреди] Историја

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Антигва и Барбуда.

[уреди] Географија и клима

Карта на АиБ.
Карактеристики

Антигва и Барбуда е островска држава која спаѓа во групата острови Мали Антили , дел од Карипските Острови во Средна Америка. Источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западно е Карипското Море. Островот Антигва е 650 километри оддалечена од Порторико, Барбуда е 48 километри оддалечено од Антигва, додека ненаселениот остров Редонда е 56 километри оддалечен од Антигва. Најголем остров е Антигва и е широк 21 километар и има вкупна површина од 281 километар квадратен. Од другата страна пак, Барбуда има вкупна површина од 161 километар квадратен, додека Редонда има површина од 2.6 километри квадратни. Главен град на државата е Сент Џон и се наоѓа во северозападниот дел од островот Антигва. Најголем град на Барбуда е Кодрингтон. Вкупната површина на Антигва и Барбуда е 442 километри квадратни со население од 85.632 жители. Најблиска независна држава е Сент Китс и Невис, додека останатите околни соседски острови се зависни територии.

Острови

[уреди] Политички систем

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Антигва и Барбуда.

Политиките на Антигва и Барбуда се одвиваат во рамките на федерална парламентарна уставна монархија, каде шефот на државата е кралицата Елизабета II. Претставник на кралицата во Антигва и Барбуда е генералниот гувернер Луиз Лејк-Так, која пак е првата дама генерален гувернер во земјата. Советот на министри е избран од генералниот гувернер по совет на премиерот на Антигва и Барбуда. Моментален премиер е Балдвин Спенсер. Премиерот е шеф на владата.

Извршната власт е во рацете на владата. законодавната власт е во рацете на владата и дводомниот парламент, кој е составен од сенат и собранието. Сенатот има капацитет од 17 членови, додека собранието има капацитет од 17 членови избрани преку избори за петгодишен мандат. Судската власт, уставно, е независна.

[уреди] Административна поделба

Парохии на Антигва.

Администартивно, Антигва и Барбуда е поделена на шест парохии и две зависни области. Парохиите се наоѓаат само на островот Антигва, додека двата други поголеми острови се зависни области. Административните единици се:

[уреди] Економија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Антигва и Барбуда.

Туризмот е доминантен во економијата на Антигва и Барбуда, каде претставува повеќе од половина од БНП на државата. Антигва е позната по многуте луксузни пансиони. Покрај туризмот, важни сектори во економијата се банкарството и финансиските услуги, така Банка на Америка има своја експозитура во државата, но и Кралска Банка на Канада, Шкотска Банка и Барклис. Земјоделството е сконцентрирани за локално производство но со ограничени можности за наводнување и работна снага.

[уреди] Население, јазик и религија

Катедрала во Сент Џон.

Официјален јазик на Антигва и Барбуда е англискиот јазик, но голем број од локалното население зборува антигвански креолски јазик. Акцентот на зборовите на Барбуда за нијанса се разликува од тој на Антигва. Пред да се стекне со независност, во Антигва и Барбуда се зборувал само стандарден англиски јазик. Со независноста, луѓето почнале да го користат локалниот дијалект, како важен елемент за културна самостојност. Сепак, и денес образованието е само на стандарден англиски јазик.

74% од населението на Антигва и Барбуда се Христијани.[2] Остатокот се припадници на останатите религии.

Етнички, Антигва и Барбуда се состои од 91% црно или мулатско населени, 4.4% се мешани, 1.7% се белци и 2.9 останати. Голем дел од белото население се Ирци или Британци.

[уреди] Култура

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Антигва и Барбуда.

Културата во Антигва и Барбуда била и е под силно влијание на британската и како резултат на тоа национален спорт е крикет. Покрај крикетот, популарни се и фудбалот, сурфањето и трка со бродови. Американската култура исто така е присутна во општеството и има силно влијание во медиумите и модата. Клични културни елементи во културата на Антигва и Барбуда се семејството и религијата. Во август се одржува традиционалниот национален карневал.

[уреди] Наводи

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски

Најдете повеќе за Антигва и Барбуда на сестринските проекти на Википедија:
Wiktionary-logo-en.png Вики речник
Wikibooks-logo.svg Вики книги
Wikiquote-logo.svg Вики цитати
Wikisource-logo.svg Вики извор
Commons-logo.svg Заедничка ризница
Wikinews-logo.svg Вики вести
Wikiversity-logo-en.svg Вики универзитет
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици