Сипаници

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сипаница (лат. variola или variola vera) e заразна болест својствена за човекот, а ја предизвикуваат два вида вируси на вариола наречени Variola vera major и Variola vera minor.

Сипаница

Вируси[уреди]

Variola vera major е попозната како голема или црна сипаница, таа е поопасен вид и предизвикува смрт кај 20-40% од заразените, а кај преживеаните често остава трајни лузни или слепило.

Variola vera minor, позната и како мала сипаница, представува поблаг облик што го пренесува вирусот варичела-зостер[1]. Таа предизвикува смрт само кај 1% од заразените.

Последици[уреди]

Се претпоставуваа дека во 20. век од сипаници умреле меѓу 300 и 500 милиони луѓе. Во изминатиот период, пред да бидат развиени модерни лекови и вакцини, сипаниците биле многу посмртоносни.

Сепак, најзначајна улога имале по откривањето на Америка, кога домородците од Северна Америка и Јужна Америка дошле во допир со Европјаните кои биле инфицирани со вирусот на вариола. За разлика од колонизаторите, домородците немале развиен имунитет, што довело до нагло ширење на болеста и драматичен пад на домородната популација, па на европските колонизатори им бил омозможен лесен и непречен продор во новите подрачја.

Домаќин на вирусот на вариолата е единствено човекот, тако што со напорите на Светската здравствена организација во 1977 годинс вирусот е искоренет кај човечката популација и денес се наоѓа само во лабораториите. Луѓето веќе не се вакцинираат против овој вирус, но се смета дека тој би можел да се користи како биолошко оружје.

Видете уште[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Mала сипаница (варичела);



Esculaap4.svg     Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).