Света Луција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Saint Lucia
Света Луција
Знаме
Гесло"Земјата, Народот, Светлината"
ХимнаSons and Daughters of Saint Lucia
Главен град Кастри
14°01′ СГШ 60°59′ ЗГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик антилски креолски, англиски
Демоним Светолуциец
Уредување уставна монархија
 -  Монарх Елизабета II
 -  Генерален гувернер Перлет Луизи
 -  Премиер Стефенсон Кинг
Независност
 -  од Обединетото Кралство 22 февруари 1979 
Површина
 -  620 км2 (193-та)
 -  Вода (%) 1.6
Население
 -  Попис 2009 173.765 
 -  Густина 298 жит/км2 (41-ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $1.827 милијарди[1] 
 -  По жител $10.750[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $987 милиони[1] 
 -  По жител $9.907[1] 
ИЧР (2007) 0.795 (среден) (72-ра)
Валута Долар (XCD)
Часовен појас (UTC−4)
Се вози на лево
НДД .lc
Повик. бр. +1-758

Света Луција (англиски: Saint Lucia) е островска држава во Средна Америка, поточно дел е од Карипските Острови Мали Антили. Источно до државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западно од државата се наоѓа Карипското Море. Северно од Света Луција се наоѓа Свети Винцент и Гренадините, северозападно се наоѓа Барбадос и јужно се наоѓа зависниот остров Мартиник. Вкупната површина на земјата изнесува 620 километри квадратни каде живеат околи 160.000 жители. Главен град на Света Луција е Кастри.

Први колонизатори на Света Луција биле Французите. Тие потпишале договор со локалното население во 1660 година. Во периодот од 1663 до 1667 година Света Луција била преземена од Велика Британија, но долг период владеењето на островот се менувал помеѓу Франција и Велика Британија. Во 1814 година Битанија конечно воспоставила целосна власт на островот. Својата независност Света Луција ја добила на 22 февруари 1979 година.[2] Света Луција е член на Комонвелтот на нации и на Франкофонијата.[3]

Етимологија[уреди]

Името на државата потекнува од Света Луција од Сиракуза. Ова име го дале Французите кога за прв пат пристигнале на островот.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Света Луција.

Географија и клима[уреди]

Карта на Св. Луција.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Света Луција.

Света Луција се наоѓа во Средна Америка и е дел од Малите Антили. Источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западо се наоѓа Карипското Море. На север од државата се наоѓа Свети Винцент и Гренадините, северозападно е Барбадос и јужно е зависниот остров Мартиник. Вкупната површина на Света Луција е620 километри квадратни каде живеат околу 173.765 жители.

Вулканскиот остров Света Луција е со најмногу планини одошто кој и да било останат карипски остров. Највисок врв во Света Луција е Маунт Гими со 950 метри надморска височина. Главен град на државата е Кастри каде живее една третина од населението. Климата во Света Луција е тропска, со повремени ветрови.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Света Луција.

Света Луција е уставна монархија и на чело на државата е кралицата Елизабета II. Кралицата на островот е претставена од генералниот гувернер на Света Луција. Извршната власт во државата е во рацете на премиерот и неговиот кабинет на министри. Наромално, премиерот е лидер на победничката партија на парламентарните избори за пратеници во собранието. Собранието на Света Луција има капацитет од 17 пратенички места. Покрај собранието, Света Луција има и сенат кој има капацитет од 11 членови. Судската власт, уставно, во Света Луција е назависна.

Административна поделба[уреди]

Света Луција е поделена на 11 четврти или квартери, кои некогаш биле нарекувани области за време на британското контролирање. Тие се:

  1. Анс ла Рај
  2. Кастри
  3. Шоасел
  4. Дофен
  5. Денери
  6. Грос Ајлет
  7. Лабори
  8. Микуд
  9. Праслин
  10. Суфриер
  11. Вје Фор

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Света Луција.
Суфриер.

Населението на Света Луција е со африканско потекло, односно 81% од населението. Исто така има значителен број мешано население кои претставуваат 11.9%, додека потоа следи индиска заедница со 2.4% и помала група на Европејци. Неспецифицирани жители бројат околу 3.1% од населението.

Официјален јазик на државата е англиски јазик, но атилскиот креолски јазик е зборуван од околу 80% од населението, кој почнува да се користи за книжевноста, музиката и оди кон официјално користиење.[4] Овој јазик произлегол од францускиот јазик, и мешавина од африкански јазици и карипски јазици.

Околу 70% од населението на Света Луција се католици. остатокот се адвентисти, англикани, евангелисти, растафаријани и баптисти.[5]

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Света Луција.
Џез фестивал во Св. Луција.

Културата на Света Луција е под силно влијание на африкански, француски и англиски културни елементи. Познати фестивали во Света Луција се Ла Роз и Ла Маргарет. Исто така во Света Луција се одржува и традиционален карневал.

Во однос на населението и според Нобеловци од Света Луција, државата спаѓа во групата на земји со најголем број на добитници на Нобелова награда.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Saint Lucia“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/02/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=362&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=66&pr.y=9. конс. 1 октомври 2009. 
  2. "The Saint Lucia Constitution" (1978-Dec-20 effective 1979-Feb-22), Government of St. Lucia, December 2008, www.stlucia.gov.lc (see below: Референци).
  3. „Undp.org“ (PDF). http://hdr.undp.org/en/media/HDI_2008_EN_Tables.pdf. конс. 4 март 2010. 
  4. „Kweyolphone Countries Take Stock of the Language's Growth“. Government of Saint Lucia. http://stlucia.gov.lc/pr2005/may/kweyolphone_countries_take_stock_of_the_languages_growth.htm. конс. 22 август 2008. 
  5. „Infoplease.com“. Infoplease.com. http://www.infoplease.com/ipa/A0855613.html. конс. 4 март 2010. 

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]