ФК Лестер Сити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лестер Сити
Целосно име Лестер Сити Фудбал Клуб
Прекар(и) Лисиците или Сините
Основан 1884 како Лестер Фос
Терен Кинг Пауер Стадион
(Капацитет: 36.262)
Сопственик Кинг Пауер Интернешнл
Претседател Тајланд Вичаи Раксриаксорн
Менаџер Англија Најџел Пирсон
Лига Чемпионшип лига
2011–12 Чемпионшип лига, 9-ти
Веб страна Официјално мрежно место
Kit left arm whiteborder.png
Team colours
Kit body leicester1213h.png
Team colours
Kit right arm whiteborder.png
Team colours
Team colours
Kit socks whitestripe.png
Team colours
Домашни бои
Kit left arm borderonblack.png
Team colours
Kit body unknown.png
Team colours
Kit right arm borderonblack.png
Team colours
Kit shorts black thinstripe color.png
Team colours
Team colours
Гостински бои
Team colours
Kit body thinsidesonwhite.png
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Резервни бои

Лестер Сити Фудбалски Клуб или ФК Лестер Сити е англиски професионален фудбалски клуб кој ги игра својте натпревари на Кинг Пауер Стадион (претходно наречен Волкерс стадион) во градот Лестер. Клубот истотака е познат и под прекарот лисиците, кој доаѓа од амблемот на тимот. Тие во моментов се натпреваруваат во Чемпионшип лигата, откако изборија промоција како шампиони во Лига Еден во сезоната 2008-09.

Клубот бил основан во 1884 година како 'Лестер Фос' и се натпреварувал на терен во близина Fosse Road патот. Тие подоцна се преселиле на Филберт Стрит во 1891 година и одиграле таму 111 години по ред, пред да го релоцираат бизнисот во близина на Волкерс стадионот во 2002 година.

Лестер се приклучил на Фудбалската Лига во Англија во 1894 година. Највисокиот ранкинг на клубот во историјата му било завршувањето на второто место во елитата, во тогашната Прва Дивизија во сезоната 1928-1929 во англискиот фудбал. Клубот има освоено шест наслови во Втора дивизија (пред името на оваа лига да стане Чемпионшип фудбал лига) и една титула во Лига Еден. Тие го имаат освоено Лига купот на трипати (клуб со најмногу титули меѓу тимовите кој пак никогаш не триумфирале во ФА Купот), и биле финалисти на ФА Купот дури четири пати, но никогаш не ја освоиле титулата. Нивните четири порази во финалињата претставуваат рекорд на турнирот рекорд за најголем број порази во финалето без да се има освоено натпреварувањето. Клубот има поминато само една сезона надвор од првите две нивоа на англискиот фудбал.

Домашните бои на клубот се темно сини со бели шорцеви, додека кога настапуваат на гостински терен против тимови кој истотака играат во сина опрема, Лестер најчесто настапува во главниот резервен дрес кој е црн со жолто од страните како и натписите на спонзорите и имаат црни шорцеви.

Ривалства[уреди]

Навивачите на Лестер го сметаат тимот на Нотингам Форест за нивен примарен ривал што се должи на историските социо-економски ривалства меѓу градовите Лестер и Нотингам, од каде што доаѓаат двата клуба. Втори ривали на клубот се Дерби Каунти со кои тие играат натпревар во таканреченото дерби на Источен Мидландс.

И покрај тоа што се со седиште во Западен Мидландс, друг ривал на Лестер во последниве неколку години е Ковентри Сити, кои се базирани на само 24 милји оддалеченост. Натпреварите меѓу двата клуба, станаа познати како M69 дерби, дебивајќи ги името по Автопатот кој ги поврзува двата града.

Моментален тим[уреди]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Данска ГМ Каспер Шмајхел
2 Белгија ОД Ричи Де Лает
3 Англија ОД Пол Кончески
4 Англија СР Дани Дринквотер
5 Јамајка ОД Вес Морган (капитен)
6 Англија ОД Матју Апсон
7 Англија СР Дин Хамонд
8 Англија СР Мати Џејмс
9 Англија НП Џејми Варди
10 Велс СР Енди Кинг
11 Англија СР Марк Олбрајтон
12 Англија ГМ Бен Хамер
Бр. Нац. Позиција Играч
15 Гана НП Џефри Шлуп
17 Англија ОД Дани Симпсон
18 Англија ОД Лиам Мур
19 Аргентина СР Естебан Камбијасо
20 Англија НП Том Хупер
22 Англија НП Гери Тејлор-Флечер
23 Аргентина НП Леонардо Улоа
24 Франција СР Ентони Нокер
26 Алжир СР Ријад Марез
27 Полска ОД Марсин Василевски
35 Англија НП Дејвид Нуџент
39 Нов Зеланд НП Крис Вуд

Титули[уреди]

Прва Дивизија на Англија (денешна Премиер лига)

  • вицешампиони (1)  : 1928–29

Втора Дивизија на Англија

  • шампиони (6): 1924–25, 1936–37, 1953–54, 1956–57, 1970–71, 1979–80
  • вицешампиони (2): 1907–08, 2002–03

ФА Куп

  • вицешампиони (4): 1949, 1961, 1963, 1969

Лига куп

  • шампиони (3) : 1964, 1997, 2000
  • вицешампиони (2) : 1965, 1999

Черити Шилд

  • шампиони (3) : 1971

Надворешни врски[уреди]