ФК Реал Мадрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Реал Мадрид
Лого
Целосно име Фудбалски Клуб Реал Мадрид
Real Madrid Club de Fútbol[1]
Прекар(и) Los Blancos (Белци) Los Merengues (Меренги) Los Vikingos (Викинзи)[2]
Основан 6 март 1902 (1902-03-06) (112&nbsp години)
како Фудбалски Клуб Мадрид[3]
Терен Сантјаго Бернабеу
(Капацитет: 85,454[4])
Претседател Флорентино Перез
Тренер Карло Анчелоти[5]
Лига Ла Лига
2012/13 2-ри
Веб страна Официјално мрежно место
Kit left arm realmadrid1314home.png
Team colours
Kit body realmadrid1314home.png
Team colours
Kit right arm realmadrid1314home.png
Team colours
Kit shorts realmadrid1314home.png
Team colours
Kit socks realmadrid1314home.png
Team colours
Домашни бои
Kit left arm realmadrid1314away.png
Team colours
Kit body realmadrid1214away.png
Team colours
Kit right arm realmadrid1314away.png
Team colours
Kit shorts realmadrid1314away.png
Team colours
Kit socks realmadrid1314away.png
Team colours
Гостински бои
Kit left arm rmcf1314t2.png
Team colours
Kit body rmcf1314t2.png
Team colours
Kit right arm rmcf1314t2.png
Team colours
Kit shorts rmcf1314t4.png
Team colours
Kit socks 3 stripes black.png
Team colours
Резервни бои

Фудбалски Клуб Реал Мадрид (шпански: Real Madrid Club de Fútbol), попознат и како Реал Мадрид и Los Blancos (Белите) е професионален фудбалски шпански тим стациониран во Мадрид. Основан е во 1902 и игра во Шпанската Премиера и беше најуспешниот клуб во 20-тиот век, освојувајќи рекордни 32 пат Премиера, деветнаесет пати Копа дел Реј рекордни 10 пати Лигата на шампиони.[6] Реал Мадрид е еден од основачите на Г-14, која претставува група од 14 водечки екипи во Европа[7]

Клубот своите домашни натпревари ги игра на Сантијаго Бернабеу Стадион во Мадрид. На 23 декември 2000 година ФИФА го награди кралскиот тим со наградата “Најдобар клуб во 20-тиот век“[8][9] Реал Мадрид е најуспешниот тим во сите натпреварувања пот капата на УЕФА со освоени 9 титули во Лига или Купот на Шампиони и 2 во УЕФА Купот; повеќе од било кој друг клуб[10]

Реал Мадрид е најголем и најуспешен фудбалски тим во светот според истражувањето на Универзитетот Харвард спроведено во 2007.[11].Исто така е еден од најбогатите во светот. [12][13]


Историја[уреди]

Фудбалот беше запознаен со Мадрид преку професорите и студентите од Факултетот Либре де Енсењанза и неколку апсолвенти од Оксфорд[14] Тие го основаат клубот Фудбал Скај во 1895 година играјќи саботата наутро во Монклоа. Клубот се дели на два клуба Њу фудбал де Мадрид и Клуб Еспањол де Мадрид. Председател на подоцнежниот клуб е Хулио Палакиос. Подоцнежниот клуб се дели повторно во 1902 година и резултира со создавањето на Сосиедад Мадрид ФК[3]. Прв председател беше Хуан Падрос Рубио, прв секретар беше Мануел Мендио, а прв сопственик беше Хозе де Горостизага[15]. Хуан Падрос Рубио ќе биде подоцна заменет од неговиот брат Карлос Падрос од Шпанија.[16] После три години од основањето, во 1905, Реал Мадрид ја освои својата прва титула во Естадио Чамартин. Тимот ја освои првата од четирите последователни Копа дел Реј титули (во ова време единствениот куп во Шпанија). Во 1912 година, тимот се сели во Кампо де Одонел после преселувањето на повеќе мали стадиони[17]. Во 1920 година името на тимот се менува во ФК Реал Мадрид, откако Кралот му ја дава на тимот Титулата Реал(Ројал) [18]

Сантијаго Бернабеу Јесте станува претседател во 1945 година[19] Под негово председаваштво, клубот, стадионот Сантијаго Бернабеу и Суидад Депортиво се обновија од Шпанската Граѓанска Војна. Почнувајќи од 1953 тој вложи многу пари во страдегијата за купување на играчи од светска класа од странство, најважн беше купувањето на Алфредо ди Стефано правејќи го првиот мултинационале.[20]

Во 1955 година работејќи на една идеја предложена од еден француски журналист и уредувач на Л’Екип Габриел Ханот и градејќи го Копа Латина(натпреварување помеѓу тимовите од Италија,Шпанија,Португалија и Франција) Бернабеу се среќава во Амбасадор Хотел во Париз со Бедригнан и Густав Себес и го создава она што денессе нарекуваЛига на Шампиони[21]. Тоа беше под водство на Бернабеу, а Реал Мадрид стана главна силаво Шпанскиот и Европкиот фудбал. Овој клуб го освои Купот на пет пати во низа помеѓу 1956 и 1960, вклучувајќи го и незаборавното финале на Хампден Парк во финалето на Купот на Шампиони 1961 освојуваќи го со победа над Ајнтрахт Франкфурт со 7-3[20]. Со оваа победа го освои петпати со ред Купот на Шампиони и заслужено го доби УЕФА орден за слава[22] Реал Мадрид го освојува Европскиот Куп по шести пат во 1966 година победувајќи го во финалето Партизан со 2-1, со тимови составени од единствено од играчи родени во заемјата од каде што потекнува тимот за кој играле - прв пат во историјата на ова натпреварување.[23] Исто така беше и вице-првак на Европа во 1962,1964 и 1981. Тимот исто така го освои УЕФА Купот два пати и три пати бил вице-првак во Купот на Победниците на Куповите. [24][25][26][27]

Во раните 80-ти Реал Мадрид ја изгуби власта врз титулата на Ла Лига сè додека една група од домашни ѕвезди, позната како ЛА Квинта де Боитре која почна да доминира во Шпанскиот фудбал[28] Името Ортаци на грабливците доаѓаше од прекарот кој му беше даден на еден од членовите, Емилио Бутрагоењо. Отсанатите четири членови беа : Маноло Санчиз Хонтијело, Рафаел Мартин Васкез, Хозе Мигуел Гонзалес Мартин-Мичел и Мигуел Пардеза.[29] Со Ла Квинта де Боитре( Сега со четири члена кога Пардеза замина во Сарагоса во 1986) имаше најдобар состав во Шпанија и во Европа, а во втората половина на 80-тите освои два УЕФА Купа и 5 титули во Ла лига во низа[29]


Васкез замина во 1990 во Торино, во 1992 направи враќање во Реал Мадрид, но потоа во 1995 замина во Депортиво ла Коруња. Во 1995 и 1996 Бутрагуењо и Мичел го напуштија клубот и заминаја во Атлетико Сајела, Мексико.[30] Во 1996 предтседателот Лорецо Санз го назначи Фабио Капело за тренер.[9]. Тој беше тренер само една сезона, во кој тој беше шампион, за во клубот пристигна засилувања добри исто колку што Реал ги имаше тогаш: Раул Гонзалес, Фернандо Хиеро и Фернандо Редондо. Засилувањата за таа сезона беа: Роберто Карлос да Силва, Предраг Мијатович, Давор Шукер и Кларенс Сидорф. Како резултат Реал Мадрид(со засилувањето Фернандо Мориентес кој дојде во 1997), конечно заврши 32-годишно чекање на седмата титула во Лигата или Купот на Шампиони, победувајќи го Јувентус во финалето со 1-0 со голот на Предраг Мијатович.[30][9]

Во 2000 Флорентино Перез беше новоназначениот претседател на тимот и се заколна дека ќе го избрише клубскиот долг и ќе го модернизира клубските простории, како и да е Перез вети дека ќе се движат кон победа со потпишувањето договор со Луис Фиго.[31] На 16 јули Перез ги доби изборите. [32] Клубот контроверзно го премести стадионот за тренинг и користеше пари за да ги собере познатите Галактикос играчи, како што беа:Зинедин Зидан, Роналдо, Роберто Карлос да Силва, Луис Фиго, Раул Гонзалес и Дејвид Бекам. То беше сомнително, но во секој случај плаќаше за да ги освои Лига на шампиони 2002 и Ла лига во сезоната 2002/03, потоа клубот неуспешно се обидуваше да ја осви Ла лига наредните три години.[33]

Рамон Калдерон беше избран за нов претседател на клубот на 2 јули [[2006], кој дополнително го назначи Фабио Капело за нов тренер на клубот и Предраг Мијатович за нов спортски директор. [9]Реал Мадрид ја освои сезоната 2006/07 за првпат по четири години [34]. Сепак и покрај освојувањето на Ла Лига, Капело ја напушти функцијата тренер на Реал Мадрид еден месец подоцна, во јуни 2007, за на негово место дојде Германецот Бернд Шустер.[35][36]

Реал Мадрид во сезоната 2007/08 ја освои по 31ви пат ја освои Ла Лига и по осумнаесет години ја освои два пати со ред.[37] Исто така Реал Мадрид постави нов Ла Лига рекорд освојуваќи 85 бода.[38]

Химни[уреди]

Реал Мадрид моментално има две химни

„Химна на Реал Мадрид“[уреди]

Оваа песна е официјаната химна на Реал Мадрид[39]

„Химна за Стогодишнината“[уреди]

За клубската стогодишнина која се беше во 2002 година беше составена нова химна. Автор на музиката и на текстот беше Шпанскиот композитор Хозе Кано. Таа беше изведувана од шпанскиот тенор Пласидо Доминго. „Химна за Стогодишнината“ ја заменува претходната химна, па се размисува да биде официјана химна на Реал Мадрид. Ова е химна која може да се слушни кога фудбалерите се облечени во бели дресови излегуваќи на теренот на Сантијаго Бернабеу. Додека се снимаше новата химна, Пласидо вклучи 82 музиканти.[40]


Грб[уреди]

Првиот грб на Реал Мадрид
Клубскиот грб 1941-2001

Првиот грб на Реал Мадрид бил со едноставен дизајн. То се состоеше од декоративно поставените три иницијали “MCF“ од Мадрид Фудбалски клуб (Madrid Club de Futbol) со темно плава боја на бел дрес. Првата измена во грбот беше направена во 1908, кога на буквите им е дадена повеќе аеродиманичност и биле ставени во круг.[41]. Следната измена не беше направена се до 1920 година кога кралот Алфонсо XIII, давајќи му на клубот ројална заштита, а со тоа давајќи му титула Реал, грубо Ројал, додека претседател беше Педро Парагес [42]. Тогаш беше додадена и круната на кралот Алфонсо и клубот сега се нарекуваше Реал Мадрид фудбалски клуб (Real Madrid Club de Futbol).[41] Монархијата во 1931 година донесе одлука да се избришат сите знаци додадени од кралот, а со тоа и круната од кралот, а додека титулата Реал беше отстранета од името година подоцна. На нејзино место беше додадена темната дудинка на бандите од регионот Кастиља.[43] Во 1941, две години после завршувањето на Шпанската граѓанска војна „Круната на Реал Мадрид“("Real Corona" или "Royal Crown" ) беше повторно вратена на грбот на тимот, а дудинската лента од бандите беше оставена на знакот сметајќи се како добар.[19] Во додавањето, боите беа модифицирани и грбот беше во повеќе бои,а додека златната беше посебно истакната. А клубот повторно беше наречен Реал Мадрид Фудбалски Клуб.[41]

Најголемото модернизирање на боите беше направено во 2001, кога клубот побара подобра позиција за себеси во 21от век. и стандардизирање на грбот. Една од најголемите промени беше промената на бандитсата лента со заматена сенка[44]

Дрес[уреди]

Team colours Team colours Team colours
Team colours
Team colours
Оригинален дрес на Реал Мадрид

Реал Мадрид секогаш носи бел дрес со бели шорцеви, иако во почетокот имало и плава коса линија на дресот ( дизајнот бил зачуавн од клубскиот грб, но за разлика отсега биле носени темно плави чорапи.[45][46] Дресот со линија бил заменет со целосно бел дрес, кој бил направен после носењето на дресот од Коринтиан во 1902.[6][47] Во истата година плавите чорапи биле заменети со црни. Во раните 40ти тренерот извршил промена на дресот со додавање копчиња и клубскиот грб на левата страна ( што се нема случено никогаш поред тоа ). На 23 ноември 1947, на натпревариот против Атлетико Мадрид, Реал стана првиот шпански тим кој носел дрес со бројки.[19]

Традиционалниот гостински дрес на Реал е целосно црн или целосно виолетов. Производител на моменатлниот дрес на Реал е Адидас со кој има склучено договор уште од 1998.[48][49]. Првиот спонзор на Реал Зунуси го спонзорирасе од 1982 до 1985. После тоа беше спонзориаран од Пармалат и Отајса, после тоа следеше долгогодишниот договор со Тека склуцен во 1992[50][51]. Во 2001 тие го прекинаа нивниот договор со Тека и една година го носеа логото Realmadrid.com за да го промовираат својот веб сајт. Во 2002 година склучија договор со Сименс, во 2006 година се појави логото на BenQ Siemens на дресот од Реал.[52] Моментален спонзор на Реал е bwin.com поради финансиските проблемите на BenQ Siemens[53][54]


Спонзори и производители[уреди]

Период Произведодител Спонзори[50][51]
1980–1982 Адидас без спонзор
1982–1985 Зануси
1985–1986 Пармалат
1986–1989 Хумел
1989–1990 Рени Пикот
1990–1992 Отајса
1992–1994 Тека
1994–1998 Келме
1998–2001 Адидас
2001–2002 Realmadrid.com
2002–2005 Сименс Мобајл
2005–2006 Сименс
2006–2007 BenQ Siemens
2007-2010–Сегашност bwin.com

Стадиони[уреди]

Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу за во 2007 за време на натпреварот со Реал Бетис

После неговото создавање во 1902 година во првите години тимот се преселуваше помешу повеќе мали игралишта сè додека не се пресели на Кампо ди О’Донел.<[55] Ова стадион беше домашен стадио за Реал дури 11 години. После ова тој се пресели на Кампо ди Суидад Линеал, мал стадион со капацитет од 8 000 гледачи. После ова Реал Мадрид домашните натпревари ги играше на Стадионот Чамартин, започнувајќи на 17 мај 1923 со натпреварот против Њукасл. На овај стадион кој имаше капацитет од 22 500 глењдачи Реал ја освои првата Шпанска титула[45]. После неколку успеси на овај стадион преседателот на Реал Сантијаго Бернабеу одлучи дека Стадионот Чамартин не е доволен за амбициите на клубот. Новиот стадион беше изграден на 14 декември 1947 година.[19][56] Ова беше денешниот Сантијаго Бернабеу, но така не беше познат се до 1955.[20] Првиот натпревар на овај стадион беше натпреварот помеѓу Реал и португалскиот Белененсес со победа на Реал од 3-1, а првиот гол го постигна Сабино Баринага.[19]

Капацитетот на стадионот се менуваше. Па така после проширувањето во 1953 капацитетот беше 120 000 гледачи.[57][58] После низата од неколку модернизации на УЕФА ( во 1998/99 беа забранети стоечките места и се замениа со седечки ) се намали капацитетот на околу 75 000 гледачи.[57] Последното проширување беше од 5 000 столчиња и капацитетот изнесува 80 000 гледачи, направено во 2003. Планот за додавање покрив сѐ уште не е завршен.[59]

Сантијаго Бернабеу на финалто на Европското првенство во 1964, финалето на Светското првенство во 1982 и финалињата во 1957, 1969 и 1980 на Лигата на Шампиони. А треба да биди домаќин на финалето во 2010 година во Лига на шампиони.[60] Стадионот има свое метро во 10та алеја и е наречено Сантијаго Бернабеу[61]. Сантијаго Бернабеу беше често надградуван според Фудбалските стандарди на УЕФА.[62]

На 9 мај 2006 беше отворен новиот стадион Алфредо ди Стефано каде што обично Реал тренира. Првиот меч беше помеѓу Реал Мадрид и Стејд Реимс, реприза на финалето на Купот на шампиони 1955/56, првото финале во Купот на шампиони. Реал победи 6-1 со головите на Рамос, Касано (2), Солдадо (2) и Хурадо. Овај стадион собира 5 000 гледачи и е домашен терен на Реал Мадрид Кастиља.

Статистики и рекорди[уреди]

A од сегашните играчи на Реал Мадрид, Раул Гонзалез има изиграно најмногу натпревари и постигнато најмногу голови.

Мануел Санчиз Хонтијуело го држи рекордот на најмногу изиграни натпревари, кој има изиграно 710 натпревари за првиот тим на Реал од 1983 до 2001.[63] Втор е напаѓачот Сантиљана со изиграни 643 натпревари. Рекордот за голман со најмногу настап иго држи Касиљас со изиграни над 500 натпревари. Додека играч со најмногу меѓународни натпревари од Реал е Фиго со 127 настапи за репрезентацијата (47 додека беше во тимот). [64]

Алфредо ди Стефано е играчот којшто има постигнати најмногу голови за Реал дури 307 во 396 натпревари помеѓу 1953 и 1964.[65] Ди Стефано беше и најдобар стрелец во Лигата на Шампиони со 49 гола на 58 натпревари сè додека не беше престигнат од Раул (исто од Реал) во 2005. Ди Стефано е исто така најдобар стрелец во лигата со 216 голови ,а зад него е Раул со 211 во лигата [66], а 302 во сите натпреварувања. Најбрз гол во историјата на клубот (15 секунди) е постигнат од Роналдо на 3 декември 2003 на градското дерби со Атлетико Мадрид. [67]

Официјално најголем исполнетост е 83.329 за мечот во Копа дел Реј во 2006. Легалниот капачитет на Сантијаго Бернабеу е 80.354.[68] Просечна исполнетост на стадионот во 2007/08 беше 76.234 гледачи, најголема во Европските Лиги.[69] Исто така Реал го има поставено шпанскиот рекорд во освоени титули, дури 31 и најмногу освоени во низа (5, од 1960 до 1965 и од 1985 до 1990).[70] Со 121 неизгубен меч на домашен терен во лигат (од 17 Фебруари 1957 до 7 март 1965) го држи рекорот во Шпанија.[71]

Реал исто така со 9 освоени титули и со 21 полу-финале го држи рекордот во Лигата на шампионите.[72] Раул е најдобар стрелец во Лигата на Шампиони со 64 гола. Исто така Реал го држи и рекордот со 15 учества по ред во Купот на Шампиони почнувајќи од 1955/56 до 1969/70. Трансферот на Зинедин Зидан кој го чинеше Реал 76 милиони евра (повеќе од 100 милиони долари или 45,8 милиони фунти) е најскапо платен трансфер во историјата на фудбалот. [6][73] Најголемата продажбан а клубот е направена на 1 септември 2008 година, кога Робињо беше продаден на Манчестер Сити за 42 милиони евра (32.5 милиони фунти).[74]

Приврзаници и ривалитет[уреди]

За време на домашните натпревари повеќе од седиштата се зафатено со купувањето сезонски карти. А просек е 68.670.[1] За да се земе сезонска карта мора да си член на навивачкиот клуб. Не сите членови на навивачкиот клуб земаат сезонска карта. Клубот има повеќр од 1.800 peñas (здружени навивачки групи), не само во Шпанија,туку насекаде во светот.Реал Мадрид ја имаше прв честа да прими 65.000 гледачи на своите трибини, во Шпанската Премиера . Во 2004/05 Реал по просек имаш по 71.900 гледачи.[75]

Клубот исто така има и големи противници, а натпреварот против нив е големо дерби. Едно од нив е Ел Класико со Барселона, кој е најголем ривал.[76] Некои навивачи на Реал се наречени Ultras Sur навивачи. Овие навивачи се познати по нивната приврзаност кон десните партии. Овие навивачи имаат склучено сојуз со некои со некои од Irriducibili фановите на Лацио. Во некои прилики тие ги навредуваат противничките играчи, и заради тоа се под истрага на УЕФА.[77]

Ел Класико[уреди]

Ривалитетот со Барселона предизвика некои политички тензии помеѓу Кастиљанците и Каталонците.[78] Мадрид е седиште на парламентот и кралската фамилија. Особено за време на владеењето на генералот Франко, кога дојде до покажување на козервативните сили.

За време на 50-тите години од минатиот век, кои се расправаа за трансферот на Алфредо ди Стефано, кој конечно заигра за Реал Мадрид и беше клучен за наредните успеси во клубот. [79]. Ривалитетот стаса и во Европските лиги, кога два пати се сретнаа меѓу себе и Реал Мадрид победи во 1960,а Барса во 1961. Во 2000 ривалитетот повторно се појави поради сомневања во трансферот на Луис Фиго, кој ја напапушти Барселона и замина во Реал.[80]. Овие два тима се сретнаја повторно во 2002 година во полуфиналето на Лигата на Шампиони. Реал победи и подоцна стана шампион а Шпанските медиуми ова го нарекоа Натпревар на Векот. Најтрофејните клубови во Шпанија, повторно го обновуваат нивниот ривалитет со нивните чести изјави дека атакуваат на Трофејот во Ла Лига.Сега кога Ибрахимовиќ е во Барселона , ќе се одржи една од најдобрите натпревари на Реал Мадрид и Барселона во новата сезона 2009-2010.

Ел Дерби Мадрилењо[уреди]

Навивачите на Реал Мадрид за време на Ел Дерби Мадрилењо

Најблискиот сосед на клубот е Атлетико Мадрид кој е исто така голем ривал гледан низ очите на навивачите на Реал. Атлетико е создаден од 3 Баскиски студенти во 1903, во 1904 година му се приклучиле исфрлените играчи од Реал Мадрид. Тогаш навивачките тензии почнале бидејќи навивачите на Реал биле од средната класа на луѓе, а на Атлетико билеод работниците. Денес овие контроверзи се многу заматени. Тие се сретнаа на 21 Фебруари 1929 година во третото коло на Шпанската дивизија на поранешниот Чамартин. Ова е првото официјално дерби помеѓу овие тима и Реал победи со 2-1.[45]. Ова дерби за прв пат доби меѓународен карактер кога се сретнаа во Лигата на шампиони во 1959 година во полу-финалето. Во првиот натпревар победи со 2-1, а на вториот Атлетико со 1-0. Понатаму изиграа плеј-оф во кој Реал победи со 2-1. Како и да било Атлетико направи неколку одмазди, под водство на поранешниот тренер на Реал Мадрид Хозе Виљалонга, победувајќи ги два пати Реал Мадрид во финалињата на Копа дел Реј во 1960 и 1961[81]

Помеѓу 1961 и 1989 кога Реал доминираше во Ла Лига, само Атлетико направи неколку сериозни предизвици освојувајќи ги титулите во 1966, 1970, 1973 и 1977. Во 1965 Атлетико стана првиот тим кој го победил Реал на Сантијаго Бернабеу во осум години. Натпреварите на Реал против Атлетико се многу поволни за него. [82] А кулминацијата доаѓа во 2003 кога Реал ја освои титулата во Ла лига во сезоната 2002/03 победувајќи убедливо на Висенте Калдерон со 4-0.[83]

Буџет[уреди]

Додека беше под водство на Флорентино Перез (2000-2006) Реал ја започна својата амбиција да стане најбогат професионален клуб.[84] Клубот одстапи дело од своите игралишта на Градот Мадрид во 2001, а остатокот го продаде на четири корпорации : Репсол YPF, Мутуа Аутовилистика де Мадрид, Сакур Валехамосо и ОХЛ. Ова поништување на долговите од Реал му овозможи да купи скапи и добри играчи како : Зинедин Зидан, Луис Фиго, Роналдо и Дејви Бекам, и со што започна ерата на Галактикосите. Гадот Мадрид ги продаде овие игралишта со што се вратија парите и беше купено место.[85] Судот тврди (но нема евиденција за тврдење) дека Градот Мадрид финанскиски му помогнал на клубот.[86]

Продажбата на игралиштето ги врати долговите на Реал кои изнесуваа 270 милиони евра и му дозволи на клубот да влегува во невидени трошоци, за да купи некои големи имиња. Отанатите пари беа потрошени за спортски комплекс за тренинзи надвор од градот.[87]

После сезоната 2004/05 Реал го презеде ме првото место од Манчестер Јунајтед, кој беше најголем заработувач во фудбалот дури 8 години. Приходот на Реал на крајот од сезоната на 30 јуни порасна за 17%, односно 275,7 милиони евра (190 милиони фунти).[88] Додека политиката на Перез резултираше со покачување на финансиите кое главно се базираше на поголемиот маркетинг низ светот, во Азија се зголемија критиките дека премногу се фокусира на брендот од Реал Мадрид, а перформансите на клубот не се доволни.

Во јануари 2007, Реал ги плати своите длогви од 224 милиони евра и падна на второто место, веднаш зад Манчестер Јунајтед. Тие повторно се искачија на врвот по два месеци со склучениот договор со Адидас од кој заработија 762 милиони. Долгот на Манчестер се намали на 872 милиони откако во 2005 беше 1,25 билиони евра.[89]

Во септември 2007, Реал се сметаше дека е најбогат бренд со BBDO.[90] И е рангиран на второто место за најбогат клуб со цена од 951 милион евра (640 милиони фунти/1,285 билиони долари) во мај 2008.[91] Исто така стана најбогат клуб во декември 2008 со приход од 351 милион евра (236 милиони фунти/474 милиони долари).[13][91]

Студиите на Харвард Универзитетот покажуваат дека Реал Мадрид е еден од најважните 20 брендови во светот, и дека сите негови играчи се добро познати во светот. Уште се покажува дека Реал има најмногу фанови во светот (дури 287 милиони луѓе), а додека втор е Манчестер Јунајтед со големо заостанување.[92]

Играчи[уреди]

Моментален состав[уреди]

Шпанските клубови се задолжени да имаат 3 играчи кои немаат државјанство од земја од ЕУ. Листата на фудбалери ја прикажува само првата националност на играчот, нема неевропски играч кој има двојно државјанство со земја од ЕУ. Играчите од земјите од Африка, Карибите и Пацификот се потписници на Конотои Договорот.

според составот од 3 септември 2013[1][93][94]
Бр. Нац. Позиција Играч
1 Шпанија ГМ Икер Касиљас (капитен)
2 Франција ОД Рафаел Варан
3 Португалија ОД Пепе (4 капитен)
4 Шпанија ОД Серхио Рамос (2 капитен)
5 Португалија ОД Фабио Коентрао
6 Германија СР Сами Кедира
7 Португалија НП Кристијано Роналдо
8 Германија СР Тони Крос
9 Франција НП Карим Бензема
10 Колумбија СР Џејмс Родригез
11 Велс СР Герет Бејл
12 Бразил ОД Марсело Вијера3 капитен
13 ГМ Кејлор Навас
14 Мексико СР Чичарито |=на позајмица од Манчестер Јунајтед}}
Бр. Нац. Позиција Играч
15 Шпанија ОД Даниел Карвахал
17 Шпанија ОД Алваро Арбеола
18 Шпанија ОД Начо Фернандез
19 Хрватска СР Лука Модриќ
20 Шпанија НП Хесе
23 Шпанија СР Иско
24 Шпанија СР Асјер Иљарамендо
25 Шпанија ГМ Фернандо Пачеко

Од младите играчи[уреди]

Бр. Нац. Позиција Играч
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} ГМ {{{name}}}
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} СР {{{name}}}
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} СР {{{name}}}
Бр. Нац. Позиција Играч
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} СР {{{name}}}
{{country data {{{nat}}}|знамеикона/core|variant=|size=}} НП {{{name}}}


Менаџери[уреди]

Реал Мадрид во својата историја има 41 менаџер, од кои прв бил англичанецот Артур Џонсон во 1910 година. Најмногу на клупата на Реал седел тренерот Мигуел Муњос (1960-1974) со 604 натпревари. Аргентинецот Луис Карниглиа има најголем процент на победи кој изнесува 69,81%, а додека најмал има Јакинто Куинкокес 37,21%

Сите менаџери на Реал Мардид [95][96]
Име Националност Од До Натпревари
Изиграни Победи Нерешени Порази Дадени Примени %Победи
Артур Џонсон Англија 1910 1920
Хуан де Карсел Шпанија 1920 1926
Педро Лоренте Шпанија 1926 1926
Сантијаго Бернабеу Јесте Шпанија 1926 1927
Хозе Бараондо Шпанија 1927 1929 18 11 1 6 40 27 61.11%
Хозе Куиранте Шпанија 1929 1930 18 7 3 8 45 42 38.89%
Липо Хертца Унгарија 1930 1932 36 17 12 7 61 42 47.22%
Роберт Фирш Австрија 1932 1934 36 23 4 9 91 46 63.89%
Франциско Бру Шпанија 1934 1941 107 65 9 33 269 162 60.75%
Хуан Армет Шпанија 1941 Септември 1943 46 23 7 16 96 72 50%
Рамон Енкинас Шпанија Септември 1943 Мај 1945 84 45 15 24 199 126 53.57%
Јакинто Куинкокес Шпанија Мај 1945 Март 1946 35 18 10 7 70 37 51.43%
Балтазар Албениз Шпанија Март 1946 Април 1947 35 18 5 12 82 66 51.43%
Јакинто Куинкокес Шпанија Април 1947 Јануари 1948 17 5 4 8 32 41 29.41%
Мајкл Кипинг Англија Јануари 1948 Октомври 1950 82 37 20 25 192 153 45.12%
Балатазар Албениз Шпанија Октомври 1950 Март 1951 16 7 2 7 41 37 43.75%
Хектор Скароне Уругвај Март 1951 Април 1952 48 25 10 13 113 73 52.08%
хуан Антонио Ипиња Шпанија Април 1952 Мај 1953 36 21 2 11 82 57 58.33%
Енрике Фернандез Уругвај Мај 1953 Декември 1954 50 31 8 11 126 60 62%
Хозе Виљалонга Шпанија Декември 1954 Април 1957 105 66 14 25 269 141 62.86%
Луис Карниглиа Аргентина Април 1957 Февруари 1959 68 48 11 9 178 58 70.59%
Мигуел Муњос Шпанија Февруари 1959 Април 1959 9 5 2 2 31 9 55.56%
Луис Карниглиа Аргентина Април 1959 Јули 1959 13 8 1 4 28 16 61.54%
Мануел Флеитас Парагвај Јули 1959 Април 1960 32 23 4 6 109 42 71.88%
Мигуел Муњос Шпанија Април 1960 Јануари 1974 595 352 126 117 1194 553 59.16%
Луис Моловни Шпанија Јануари 1974 Мај 1974 23 13 2 8 49 26 56.52%
Миљан Миљанич Југославија Мај 1974 Септември 1977 134 67 36 31 231 150 50%
Луис Моловни Шпанија Септември 1977 Јуни 1979 90 51 24 15 196 94 56.67%
Вујадин Бошков Југославија Јуни 1979 Март 1982 139 80 31 28 249 136 57.55%
Луис Моловни Шпанија Март 1982 Април 1982 6 4 1 1 11 7 66.67%
Алфредо ди Стефано Аргентина Април 1982 Април 1984 108 63 23 22 192 113 58.33%
Амансио Амаро Шпанија Април 1984 Април 1985 47 19 13 15 69 52 40.43%
Луис Моловни Шпанија Април 1985 Април 1986 61 39 7 15 137 67 63.93%
Лео Бенхакер Холандија Април 1986 Јуни 1989 169 107 40 22 357 158 63.31%
Џон Тошак Велс Јуни 1989 Ноември 1990 64 41 15 8 160 75 64.06%
Алфредо ди Стефано Аргентина Ноември 1990 Март 1991 21 9 3 9 32 22 42.86%
Радомир Антич Југославија Март 1991 Јануари 1992 39 28 6 5 85 31 71.79%
Лео Бенхакер Холандија Јануари 1992 Јуни 1992 28 14 7 7 47 27 50%
Бенито Флоро Шпанија Јуни 1992 Mарт 1994 92 52 21 19 165 90 56.52%
Висенте дел Боске Шпанија Март 1994 Мај 1994 11 5 1 5 23 22 45.45%
Јорге Валдано Аргентина Мај 1994 Јануари 1996 78 39 17 22 142 87 50%
Висенте дел Боске Шпанија Јануари 1996 Јануари 1996 1 1 0 0 5 0 100%
Арсенио Иглесио Шпанија Јануари 1996 Мај 1996 21 11 4 6 33 22 52.38%
Фабио Капело Италија Мај 1996 Јуни 1997 48 31 12 5 96 41 64.58%
Јуп Хејнкес Германија Јуни 1997 Мај 1998 53 26 15 12 92 55 49.06%
Гус Хидинк Холандија Мај 1998 Фебруари 1999 34 19 4 11 73 48 55.88%
Џон Тошак Велс Фебруари 1999 Ноември 1999 37 19 9 9 73 62 51.35%
Висенте дел Боске Шпанија Ноември 1999 Јуни 2003 233 127 56 50 461 267 54.51%
Карлос Куироз Португалија Јуни 2003 Мај 2004 59 35 11 14 113 76 59.32%
Хозе Антонио Камачо Шпанија Мај 2004 Септември 2004 6 4 0 2 7 5 66.67%
Мариано Гарсија Рамон Шпанија Септември 2004 Декември 2004 20 12 4 4 37 18 60%
Вандерлеи Луксембурго Бразил Декември 2004 Декември 2005 45 28 7 10 83 45 62.22%
Хуан Рамос Лопес Каро Шпанија Декември 2005 Мај 2006 48 23 13 12 82 50 47.92%
Фабио Капело Италија Мај 2006 Јуни 2007 50 28 12 10 91 55 56%
Бернд Шустер Германија Јуни 2007 Декември 2008 75 44 9 22 156 100 58.67%
Хуанде Рамос Шпанија Декември 2008 1 1 0 0 3 0 100%

Менаџери кои освоиле титули[уреди]

Име Период Трофеи Вкупно
Домашни Интернационални
Ла Лига КР ССЕ КЛ ЛШ УЕФА СК ИК
Англија Артур Џонсон 1910–20
0
5
0
0
0
0
0
0
5
Унгарија Липо Хертцка 1930–32
1
0
0
0
0
0
0
0
1
Австрија Роберт Фирш 1932–34
1
0
0
0
0
0
0
0
1
Flag of the Second Spanish Republic.svg Франциско Бру 1934–41
0
1
0
0
0
0
0
0
1
Flag of Spain (1945 - 1977).svg Јакинто Куинкокес 1945–46, 1947–48
0
1
0
0
0
0
0
0
1
Flag of Spain (1945 - 1977).svg Балтазар Албениз 1946–47, 1950–51
0
1
0
0
0
0
0
0
1
Уругвај Енрике Фернандез 1953–54
1
0
0
0
0
0
0
0
1
Flag of Spain (1945 - 1977).svgХозе Виљалонга 1954–57
2
0
0
0
2
0
0
0
4
Аргентина Луис Карниглиа 1957–59, 1959
1
0
0
0
2
0
0
0
3
Flag of Spain (1945 - 1977).svgМигуел Муњос 1959, 1960–74
9
2
0
0
2
0
0
1
14
Србија Миљан Миљанич 1974–77
2
1
0
0
0
0
0
0
3
Србија Вујадин Бошков 1979–82
1
1
0
0
0
0
0
0
2
Шпанија Луис Моловни 1974, 1977–79, 1982, 1985–86
3
3
0
1
0
2
0
0
9
Холандија Лео Бенхакер 1986–89, 1992
3
1
1
0
0
0
0
0
5
Велс Џон Тошак 1989–90, 1999
1
0
1
0
0
0
0
0
2
Аргентина Алфредо ди Стефано 1990–91
0
0
1
0
0
0
0
0
1
Србија Радомир Антич 1991–92
0
0
1
0
0
0
0
0
1
Шпанија Бенито Флоро 1992–94
0
1
1
0
0
0
0
0
2
Аргентина Јорге Валдано 1994–96
1
0
0
0
0
0
0
0
1
Германија Јап Хејнкес 1997–98
0
0
1
0
1
0
0
0
2
Холандија Гус Хидинк 1998–99
0
0
0
0
0
0
0
1
1
Шпанија Висете дел Боске 1999-2003
2
0
1
0
2
0
1
1
7
Португалија Карлос Куироз 2003–04
0
0
1
0
0
0
0
0
1
Италија Фабио Капело 2006–07
2
0
0
0
0
0
0
0
2
Германија Бернд Шустер 2007–08
1
0
1
0
0
0
0
0
2

Претседатели[уреди]

Од неговото создавање, сопственици на Реал беа само неговите членови (сите Шпанци) наречени socios, спротивно на повеќето Европските тимови. Сантијаго Бернабеу Јесте е преседателот кој се задржал најдолго време на председателското место (дури 35 години 1943-1978). Во јули 2000 поранешниот играч на Реал Алфредо ди Стефано беше назначен за Почесен председател на клубот.[97]

Според 21 септември 2008[98]
Рамон Калдерон, поранешен претседател на Реал Мадрид
Флорентино Перез, сегашен претсдател на Реал Мадрид.
Име Од До
Flag of Spain (1785-1873 and 1875-1931).svg Хулиан Паласиос 1900 1902
Flag of Spain (1785-1873 and 1875-1931).svg Хуан Пардос 1902 1904
Flag of Spain (1785-1873 and 1875-1931).svg Карлос Пардос 1904 1908
Flag of Spain (1785-1873 and 1875-1931).svg Адолфо Мелендес 1908 1916
Flag of Spain (1785-1873 and 1875-1931).svg Педро Парагас 1916 1926
Flag of Spain (1785-1873 and 1875-1931).svg Луис де Уркуихо 1926 1930
Flag of the Second Spanish Republic.svg Луис Усера 1930 1935
Flag of the Second Spanish Republic.svg Рафаел Санчез Гуера 1935 1936
Flag of the Second Spanish Republic.svg Адолфо Мелендес 1936 1940
Шпанија Антонио Сантос Парабла 1940 1943
Flag of Spain (1945 - 1977).svg Сантијаго Бернабеу Јесте 1943 1978
Шпанија Луис де Карлос 1978 1985
Шпанија Рамон Мендоза 1985 1995
Шпанија Лоренцо Санс 1995 2000
Шпанија Флорентино Перез 2000 2006
Шпанија Рамон Калдерон 2006 2008
Шпанија Флорентино Перез 2008 -

Трофеи[уреди]

Реал Мадрид е најтрофејниот клуб во Шпанија, освојувајќи 57 домашни титули и 18 меѓународни титули. Со ова тој е втор тим по бројот на освоени официјални меѓународни титули, (веднаш зад Милан), а трет во светот (зад Милан и Бока Јуниорс), а сите да се организирани од УЕФА или ФИФА. Реал беше одбран за Клуб на 20тиот век, а беше прогласен на 23 декември 2000.[8] Исто така доби Орден за заслуга во 2004.[99] После ова на Реал му се дозволи да го носи Орденот на слава на својот дрес за време на натпреварите во Лигата на Шампиони поради што победија во повеќе 5 различни купа во Европа.[22]

Домашни[уреди]

Прваци (31 – рекорд): 1931–32, 1932–33, 1953–54], 1954–55, 1956–57, 1957–58, 1960–61, 1961–62, 1962–63, 1963–64, 1964–65, 1966–67, 1967–68, 1968–69, 1971–72, 1974–75, 1975–76, 1977–78, 1978–79, 1979–80, 1985–86, 1986–87, 1987–88, 1988–89, 1989–90, 1994–95, 1996–97, 2000–01, 2002–03, 2006–07, 2007–08
Вице-прваци (17): 1928–29, 1933–34, 1934–35, 1935–36, 1941–42, 1944–45, 1958–59, 1959–60, 1965–66, 1980–81, 1982–83, 1983–84, 1991–92, 1992–93, 1998–99, 2004–05, 2005–06
Прваци (17): 1904–05, 1905–06, 1906–07, 1907–08, 1916–17, 1933–34, 1935–36, 1945–46, 1946–47, 1961–62, 1969–70, 1973–74, 1974–75, 1979–80, 1981–82, 1988–89, 1992–93
Вице-прваци (19): 1902–03, 1915–16, 1917–18, 1923–24, 1928–29, 1929–30, 1932–33, 1939–40, 1942–43, 1957–58, 1959–60, 1960–61, 1967–68, 1978–79, 1982–83, 1989–90, 1991–92, 2001–02, 2003–04
Прваци (8 – record): 1988, 1989*, 1990, 1993, 1997, 2001, 2003, 2008
Вице-прваци (3): 1982, 1995, 2007
(* Ги освои Копа дел Реј и Ла Лига)
Прваци (1): 1984–85
Вице-прваци (1): 1982–83

Интернационални[уреди]

Прваци (9 – record): 1955–56*, 1956–57, 1957–58, 1958–59, 1959–60, 1965–66, 1997–98, 1999–2000, 2001–02.
Вице-прваци (3): 1961–62, 1963–64, 1980–81
(* Први победници во историјата на натпреварувањето)
Прваци (3 – record): 1960, 1998, 2002
Вице-прваци (2): 1966, 2000
Прваци (2): 1984–85, 1985–86
Вице-прваци (2): 1970–71, 1982–83
Прваци (1): 2002
Вице-прваци (2): 1998, 2000

Забелешки[уреди]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Real_Madrid_Club_de_F.C3.BAtbol.
  2. Шаблон:Cite Reyes (Кралеви) web
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Real_Madrid_turns_106_.28I.29.
  4. „El Bernabéu estrena 900 localidades más“. as.com. http://www.as.com/futbol/articulo/bernabeu-estrena-900-localidades/20110821dasdaiftb_44/Tes. конс. 20 октомври 2011. 
  5. „BBC Sport — Carlo Ancelotti named Real Madrid boss, Laurent Blanc joins PSG“. Bbc.co.uk. 25 јуни 2013. http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/23047006. конс. 25 септември 2013. 
  6. 6,0 6,1 6,2 „Реал Мадрид Кралевите во Европа“. uefa.com. 8 јули 2003. http://www.uefa.com/competitions/ucl/news/kind=8192/newsid=3047.html. 
  7. „Реал Мадрид е еден од основачите на Г-14“. G14.com. http://www.g14.com. 
  8. 8,0 8,1 „106 години од историјата“. Realmadrid.com. 8 март 2008. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202728273671/noticia/Noticia/106_years_of_history.htm. 
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 „106 години од создавањето на Реал Мадрид (1902-2008)“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730576269/noticia/Noticia/Real_Madrid_turns_106_(1991-2008).htm. 
  10. „Клубски факти:Реал Мадрид“. Uefa.com. http://www.uefa.com/footballeurope/club=50051/club.html. 
  11. „Харвард Видеолектура“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202728350886/noticia/Noticia/Harvard_videolecture.htm. 
  12. „Манчестер Јунајтед зајакнува, но Реал Мадрид останува на врвот“. Deloitte UK. http://www.deloitte.com/dtt/press_release/0,1014,sid%253D2834%2526cid%253D191865,00.html. 
  13. 13,0 13,1 „Најбогатите фудбалски тимови“. forbes.com. http://www.forbes.com/lists/2008/34/biz_soccer08_Soccer-Team-Valuations_Revenue.html. 
  14. „Реал Мадрид Слики, играње фудбал, Шпанската лига LFP историја, екипи“. WDF. http://www.webdelfuturo.com/liga-espanola-de-futbol/real-madrid-cf.php. 
  15. „Председател Хозе де Горостизага“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/Presidents/1193041516821/1193042117717/contenido/Presidente/Juan_Padros.htm. 
  16. „Председател - Хозе Пардос“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1193041516821/1193042117473/contenido/Presidente/Carlos_Padros.htm. 
  17. „Историја - Страница 1 - Од Естрадата, многу до убаво, малиот Одонел терен“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/Santiago_Bernabeu/1193041512791/Historia/History.htm. 
  18. „Дебито на Бернабеу со име Реал (1911-1920)“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730681252/noticia/Noticia/Real_Madrid_turns_106_(II).htm. 
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 „Бернабеу ја почнунува својата работа како председател со обновување на стадионот Чамартин (1941-1950)“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730681924/noticia/Noticia/Real_Madrid_turns_106_(V).htm. 
  20. 20,0 20,1 20,2 „Специјална декада (1951-1960)“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730565386/noticia/Noticia/Real_Madrid_turns_106_(VI).htm. 
  21. Matthew Spiro. „Долу капите за Ханот“. uefa.com. http://www.uefa.com/magazine/news/Kind=512/newsId=419682.html. 
  22. 22,0 22,1 „Лига на Шампионите“ (PDF). UEFA. http://www.uefa.com/newsfiles/19071.pdf. ; Page 4, §2.01 "Cup" & Page 26, §16.10 "Title-holder logo"
  23. „Генерациското враќање беше успешно (1961-1970)“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730565958/noticia/Noticia/Real_Madrid_turns_106_(VII).htm. 
  24. „Мадрид се разбуди од Европскиот сон“. uefa.com. http://www.uefa.com/competitions/uefacup/history/season=1984/intro.html. 
  25. „Мадрид, кралевите повратници“. uefa.com. http://www.uefa.com/competitions/uefacup/history/season=1985/intro.html. 
  26. „Финале“. uefa.com. http://www.uefa.com/competitions/ecwc/history/season=1970/round=808/index.html. 
  27. „Финале“. uefa.com. http://www.uefa.com/competitions/ecwc/history/season=1982/round=873/index.html. 
  28. „The “Квинта де Боитре” era begins“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202735906881/noticia/Noticia/1985_86.htm. конс. 11 јули 2008. 
  29. 29,0 29,1 „1981-1990 Пет Ла Лига титули и нов рекорд“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730567810/noticia/Noticia/Real_Madrid_turns_106_(IX).htm. 
  30. 30,0 30,1 „1991-2000 - Од Раул до новиот милениум“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1193041516534/Historia/Club.htm. 
  31. „Договор на Фиго со Реал“. BBC.com. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/europe/848836.stm. 
  32. „Ерата на Флорентино Перез“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/es/1193040472604/1193040504604/contenido/Presidente/Florentino_Perez.htm. 
  33. „2001-сегашност - Real Madrid“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1193041516534/Historia/Club.htm. 
  34. „Реал Мадрид 3-1 Мајорка“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730196845/noticia/Noticia/Real_Madrid_3-1_Mallorca.htm. 
  35. Реал Мадрид го отпушти Капело“, BBC Sport.
  36. „Назначување на нов менаџер“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730287363/noticia/Noticia/Signing_the_contract.htm. 
  37. „Првите две титули со ред по осумнаестет години“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202735919333/noticia/Noticia/2007_08.htm. 
  38. „Шампиони“ (на Spanish). Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/Real_Madrid_C.F._-_Official_Web_Site/1193040487639/1202736707935/noticia/Noticia/Un_Campeon_de_record.htm. 
  39. „Химна на Реал Мадрид“ (на Spanish). realmadrid-futbol.com. http://www.realmadrid-futbol.com/Himno.htm. 
  40. „Химна за стогодишнината“. realmadrid.pl. http://www.realmadrid.pl/index.php?co=hymn&newlang=en. 
  41. 41,0 41,1 41,2 „Историја“ (на Spanish). Realmadridfans.org. http://www.realmadridfans.org/escudo.htm. 
  42. „Редседател - Педро Парагес“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1193041516821/1193042223056/contenido/Presidente/Pedro_Parages.htm. 
  43. „Прв пат две победи во лигата (1931-1940)“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730681729/noticia/Noticia/Real_Madrid_turns_106_(IV).htm. 
  44. „Историја“ (на Spanish). Realmadridfans.org. http://www.realmadridfans.org/escudo.htm.  (See 2001: Un Escudo para el Siglo XXI)
  45. 45,0 45,1 45,2 Luís Miguel González (28 февруари 2007). „A spectacular leap towards the future (1921-1930)“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730681768/noticia/Noticia/Real_Madrid_turns_106_(III).htm. конс. 12 јули 2008. 
  46. „Equipación“ (на Spanish). realmadrid-futbol.com. http://www.realmadrid-futbol.com/Equipacion.htm. конс. 11 јули 2008. 
  47. Дресот на Реал Мадрид во 1905 година еше целосно бел, па навивачите ги наркоја Los Blancos (Белите)
  48. „Лидери во фудбалските џинови“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202733617742/noticia/Noticia/Leaders_in_sporting_goods.htm. „Ramón Calderón says: Ние ја почнавме нашата соработка со Адидас во 1998“ 
  49. {{цитирана веб страница |title = Нашите Спонзори - Адидас |url=http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1193042216490/contenido/Patrocinador/Adidas.htm | publisher = Realmadrid.com
  50. 50,0 50,1 „Еволуцијата на дресот на Реал Мадрид(1902-1989)“. Leyendablanca.com. http://www.leyendablanca.galeon.com/uniformes.htm. 
  51. 51,0 51,1 „Еволуцијата на дресот на Реал Мадрид (1991-2008)“. Leyendablanca.com. http://www.leyendablanca.galeon.com/uniformes2.htm. 
  52. „BenQ Mobile е нов спонзор на Реал“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202735411099/noticia/Noticia/BenQ_Mobile_Scores_As_Real_Madrid&%238217,s_New_Major_Sponsor.htm. 
  53. „Реал Мадрид и Bwin склучија нов спонзорски договор“. Realmadrid.com. 11 јуни 2008. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730193846/noticia/Noticia/Three_year_deal.htm. конс. 18 јули 2008. 
  54. „Нашите спонзори - bwin.com“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1193042218494/contenido/Patrocinador/bwin.htm. 
  55. „Историја — Страна 1 - О’Донел стадион“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/Santiago_Bernabeu/1193041512791/Historia/History.htm. 
  56. „Историја — Страна 3 - Новиот Чамартин, пример за стадион“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/Santiago_Bernabeu/1193041512791/Historia/History.htm. конс. 12 јули 2008. 
  57. 57,0 57,1 „Шеесет годишница“. Realmadrid.com. 13 декември 2007. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202729991092/noticia/Noticia/60th_Anniversary.htm. конс. 12 јули 2008. 
  58. „Историја — CСтрана 4“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/Santiago_Bernabeu/1193041512791/Historia/History.htm. конс. 12 јули 2008. 
  59. „Историја — Страна 10 - Иднина“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/Santiago_Bernabeu/1193041512791/Historia/History.htm. конс. 13 јули 2008. 
  60. „Конечно на Бернабеу“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202729990178/noticia/Noticia/Final_at_the_Bernabeu.htm. 
  61. „Santiago Bernabéu station“ (на Spanish). Metromadrid.es. http://www.metromadrid.es. конс. 30 септември 2007. 
  62. „Сега Бернабеу е Елитен“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202729454004/noticia/Noticia/The_Bernabeu_is_now_Elite.htm. 
  63. „Легенди — Мануел Санчиз Хонтијуело“. realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1193041516860/1202817389172/jugador/JugadorLegendario/Sanchis.htm. 
  64. „ФИФА Клуб на векот“ (PDF). fifa.com. http://www.fifa.com/mm/document/fifafacts/centclub/centuryclub%5f56649.pdf. 
  65. „Животот на Ди Стефано II“. realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202728357314/noticia/Noticia/The_life_of_Di_Stefano_II.htm. 
  66. „Реал Мадрид — Најдобри стрелци межу 1929-2009 (Национален шампионат)“. Rsssf.com. http://www.rsssf.com/tablesm/madridtops.html. 
  67. „Брзиот шут на Роналдо го направи херој во Реал“. CNN.com. http://edition.cnn.com/2003/SPORT/football/12/03/spain.real. 
  68. „Просеен капацитет во Шпанија — Премиера Дивизија 2007/08“. European Football Statistics. http://www.european-football-statistics.co.uk/attn/current/aveesp.htm. 
  69. „Европските капацитети“. European Football Statistics. http://www.european-football-statistics.co.uk/attn/attneng.htm. 
  70. „Реал МАдрид“. lpf.es. http://www.lfp.es/historico/primera/clasificaciones/grafico_clasificacion_clubes.asp?cod=01. 
  71. „Непобедливи во Лигата на домашен терен“. rsssf.com. http://www.rsssf.com/miscellaneous/unbeaten.html#home. конс. 7 декември 2008. 
  72. „Историја“. Uefa.com. http://www.uefa.com/competitions/ucl/history/index.html. 
  73. „Зидан направи рекорден трансфер во Реал“. BBC Sport. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/europe/1421741.stm. 
  74. „Манчестер Сити го победи Челзи во трката по Робињо“. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/teams/m/man_city/7593026.stm. 
  75. Прва беше Барселона со просек од 76.000.
  76. „El Clásico - Real Madrid vs. Barcelona“ (на Spanish). Marca.com. http://www.marca.com/futbol/especialespartidos0607/realmadrid-barcelona/index.html. конс. 11 јули 2008. 
  77. „UEFA investigate Real Madrid supporters“. BBC Sport. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/europe/4037269.stm. конс. 3 јуни 2008. 
  78. „Политиката на Реал Мадрид“. Madrid-tourist-guide.com. http://www.madrid-tourist-guide.com/en/football/real-madrid-fc.html. 
  79. Jimmy Burns: Луќето од Барса се воодушевени , Bloomsbury Publishing, Лондон 1999, страна 31-34
  80. „Договорот со Реал Мадрид на Фиго“. BBC Sport. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/europe/848836.stm. 
  81. Реал победи во Ел Дерби Мардилењо по 75 пат.
  82. „Една за годините“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202728441904/noticia/Noticia/One_for_the_ages.htm. 
  83. „Дербито врти 78“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202730679362/noticia/Noticia/The_derby_turns_78.htm. 
  84. „Перез одново склучи договор за претседател на клубот“. BBC. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/europe/4757112.stm. 
  85. „2001-Present — Real Madrid surpasses the century mark“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1193041516534/Historia/Club.htm. конс. 12 јули 2008. 
  86. „ЕУ го истражува имотниот договор на Реал Мадрид“. independent.co.uk. 4 март 2004. http://www.independent.co.uk/sport/football/european/eu-investigates-real-madrid-property-deal-572010.html. конс. 14 август 2008. 
  87. „'Грешките се забранети'“. CNN/Sports Illustrated. http://sportsillustrated.cnn.com/soccer/news/2001/05/08/madrid_bayern_ap/. 
  88. „Реал Мадрид го презеде првото место од Манчестер Јунајтед како најголем заработувач во фудбалскиот свет“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202736025284/noticia/Noticia/Real_Madrid_end_United_reign_as_the_game_s_biggest_earner.htm. 
  89. „Дологите и приходите на европските клубови во 2007“. Forbes. http://www.forbes.com/lists/2008/34/biz_soccer08_Soccer-Team-Valuations_DOV.html. 
  90. „25 најбогатите фудбалски клубови во Европа“ (PDF). BBDO (Batten, Barton, Durstine & Osborn). http://www.bbdo.de/de/home/presse/aktuell/2007/19_09_2007_-_real0.download.Par.0001.Link1Download.File1Title.pdf. 
  91. 91,0 91,1 Најбогатите фудбалски клубови“, Forbes.
  92. http://www.upcomillas.es/eng/noticias/noticia.aspx?ID=122
  93. „Официјални бројки на дресот“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202741649574/noticia/Noticia/Official_shirt_numbers.htm. 
  94. „Реал Мадрид“. uefa.com. http://www.uefa.com/footballeurope/club=50051/competition=1/index.html. 
  95. „Тренери“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/Club/1193041516841/Entrenadores/Coaches.htm. 
  96. „Aquí están todos los entrenadores del Real Madrid.“. Historialago.com. http://www.historialago.com/rm_016_entrenadores.htm. 
  97. „Животот на Ди Стефано IV“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/1202728358016/noticia/Noticia/The_life_of_Di_Stefano_IV.htm. 
  98. „Председатели“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/Club/1193041516821/Presidentes/Presidents.htm. 
  99. „Прославите го обележаја отворањето на ФИФА конгресот во Париз, родното место на ФИФА“. fifa.com. 20 мај 2004. http://www.fifa.com/aboutfifa/federation/releases/newsid=92643.html. конс. 13 јули 2008. 
  100. 100,0 100,1 100,2 100,3 100,4 100,5 „Соба на трофеи“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/en/First_Team/1193041481370/Palmares/Honours.htm. 
  101. Трофејот беше познат како Куп на Шампиони 1940, Куп на Аргентина (1945), Куп Ева Дуарте (1947-53) и Суперкопа де Еспања (1982-сегашност)
  102. „Трофеите на фудбалот“. Realmadrid.com. http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/es/Club/1193040475224/PalmaresTotal/Palmares.htm. 

Надворешни врски[уреди]