ФК Милан
| Целосно име | Associazione Calcio Milan S.p.A. | |||
|---|---|---|---|---|
| Прекар(и) | i Rossoneri (Црвено Црни) il Diavolo (Ѓаволот) Casciavit (Штравстигери на ломбардски) |
|||
| Основан | декември 16, 1899 | |||
| Терен | Сан Сиро, Милано (Капацитет: 80.018) |
|||
| Сопственик | Силвио Берлускони | |||
| Претседател | Празно | |||
| Тренер | Масимилијано Алегри | |||
| Лига | Серија А | |||
| 2010–11 | Серија A, 1-ви | |||
| Веб страна | Официјално мрежно место | |||
|
||||
ФК Милан (италијански: Associazione Calcio Milan) или само Милан е италијански фудбалски клуб од Милано. Клубот бил основан во 1899 година од аглискиот изработувач на тантели Херберт Килпин, Алфред Едвардс и четири други Англичани[1], и од тогаш најголем дел од историјата ја поминал играјќи во најсилната италијанска лига (само две години во серија Б во осумдесетите).
Милан има освоено вкупно 18 признати официјални меѓународни титули, и со Бока Јуниорс имаат најмногу на светот. Клубот ја има освоено седум пати Лигата на шампионите; само Реал Мадрид ја има освоено повеќе (9 пати)[2]. Што се однесува на Италијанските натпреварувања, Милан е на второто место со 18 титули, а само Јувентус има освоено повеќе (27)[3]. Милан има освоено четири светски титули, повеќе од било кој клуб на светот. Има освоено Интерконтиненталниот куп три пати и Светското клубско првенство еднаш.
Меѓу другите важни титули освоени од Милан спаѓаат Европскиот супер куп рекордни пет пати, и Купот на победниците два пати; како и да е тие никогаш не стигнале до финалето во УЕФА купот (две полуфиналиња во 1972 и 2002). Ова е единствениот официјален трофеј што постои кој Милан сѐ уште не го освоил. Во Италија клубот ја освоил Копа Италија 5 пати, како и 6 пати Италијанскиот супер куп. Милан беше исто така и еден од основачите на Г-14 групата, група која ја содржеа осумнаесет најголеми и најпрестижни Европски клубови, пред да биде растурена.[4]
Милан своите натпревари ги игра на стадионот Сан Сиро, исто така познат како Џузепе Меаца. Стадионот, кој се дели со Интер, е најголемиот во италијаскиот фудбал и има капацитет од 80,018 седишта.
Содржина |
Историја [уреди]
Клубот бил основан во 1899 година од страна на британските доселеници Херберт Килпин, Алфред Едвардс и уште четворица сонародници. Во чест на неговите корени, на клубот му останало името според англискиот изговор на градот, наместо менувајќи го во италијанското Милано (иако биле присилени да го сменат за време на фашистичкиот режим, исто како и Џенова и Интернационале). Милан го освоил за прват италијанскиот шампионат во 1901, а потоа и во 1906 и 1907.
Во 1908 клубот доживува расцеп предизвикан поради внатрешните несогласувања поради купување на странски играчи, што довело до формирање на нов Милански тим, Интернационале. Последователно од овие настани, Милан не успеа да освои ниту една домашна титула се до 1950-51. Во 1963 тие ја обезбедија нивната прва континентална титула, освојувајќи го Европскиот куп победувајќи ја Бенфика во финалето. Овој успех се повтори и во 1969, а го освоија и Интерконтиненталниот куп истата година. По пензионирањето на Џиани Ривера, за Милан следеше период на опаѓање, во тек на кој беа вмешани во скандалот Тотонеро во 1980 и како казна беа исфрлени во серија Б, за прв пат во историјата. Скандалот беше базиран на обложувачките организации кои им плаќаа на играчите и судиите да го утврдат исходот на утакмиците. Милан брзо се врати во серија А, но веќе следната година повторно се врати во серија Б поради тоа што го завршија шампионатот 1981-82 во зоната за испаѓање.
Во 1986, претприемачот Силвио Берлускони го презема клубот, и веднаш почна да вложува многу пари во тимот, именувајќи го тренерот во пораст Ариго Саки на чело на росонерите и потпиша договор со холанското трио Марко ван Бастен, Руд Жилит и Франк Рајкард. Ова беше почеток на најуспешното време во клубската историја, со што Милан освои седум домашни трофеи, пет Шампионски лиги и три Интерконтинентални купа.
Во 2006 Милан беа вмешани во скандалот во серија А каде пет тима беа обвинети за местење на утакмици. Милан беа казнети со одземање на 15 поени и со тоа не се квалификуваа во Лигата на шампиони. Со помош на жалбата што ја поднесоа нивната казна беше намалена на 8 поени и тоа им овозможи да учествуваат во Лигата на шампиони 2006-07, каде што ја освоија титулата.
Прв тим [уреди]
|
|
Претседатели и менаџери [уреди]
Претседателска историја [уреди]
Милан имал голем број на претседатели низ нивната историја, некои од нив биле сопствениците на клубот додека други биле хонорарни претседатели. Еве ја комплетната листа од нив. [8]
|
|
|
Менаџерска историја [уреди]
Долу е листата на тренерите на Милан од 1900 па се до денес.[9]
|
|
Бои и амблем [уреди]
Низ целата историја на клубот,
Грешка во наводот: Статијата има ознаки <ref>, но не ја најдов потребната ознака {{наводи}} (или <references/>).

