ФК Сампдорија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сампдорија
Целосно име Unione Calcio Sampdoria, SpA
Прекар(и) Самп
Основан 1 август 1946
Терен Стадион Луиџи Ферарис
Џенова, Италија
(Капацитет: 36,536)
Претседател Италија Рикардо Гароне
Тренер Италија Чиро Ферара
Лига Серија А
2011–12 Серија Б, 6-ти (промоција)
Веб страна Официјално мрежно место
Kit left arm samp1112h.png
Team colours
Kit body samp1112h.png
Team colours
Kit right arm samp1112h.png
Team colours
Kit shorts samp1011h.png
Team colours
Kit socks samp1011h.png
Team colours
Домашни бои
Kit left arm samp1011a.png
Team colours
Kit body samp1011a.png
Team colours
Kit right arm samp1011a.png
Team colours
Kit shorts samp1011a.png
Team colours
Kit socks samp1011a.png
Team colours
Гостински бои
Kit left arm samp1112t.png
Team colours
Kit body samp1112t.png
Team colours
Kit right arm samp1112t.png
Team colours
Kit shorts samp1011t.png
Team colours
Kit socks samp1011t.png
Team colours
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Унион Калчо Сампдорија или ФК Сампдорија е италијански фудбалски клуб од градот Џенова. Клубот бил основан на 1 август 1946 година со спојување на два други клуба, Сампиердаренсе и Андреа Дорија. Моментално клубот се натпреварува во првата лига или Серија А. Боите на клубот се сина, бела, црвена и црна. Својте домашни натпревари Сампдорија ги игра на стадионот Луиџи Ферарис, кој е со капацитет од 36,536 гледачи. Стадионот го делат со нивниот градски ривал, екипата на Џенова 1893.

Историја[уреди]

Сампдорија го освои скудетото во сезоната 1990-91, и тоа до денес останува нивниот единствен наслов шампион на Италија. Клубот има четири наслови во италијанскиот куп освоени во 1985, 1988, 1989, и 1995 година. Истотака Сампдорија има една титула и во Купот на победниците на куповите освоена во 1990 година и има играно во финалето на Лигата на шампионите во 1992, каде биле поразени од Барселона со 1-0 по продолженијата откако натпреварот завршил нерешено во регуларниот тек.

Од последниов настан наваму, Сампдорија немала значејни успеси во следната деценија, дотолку повеќе што клубот во дури го загубил елитниот статус и испаднал во Серија Б во 1999 година.

Најголемите успеси на Сампдорија по враќањето во Серија А беа во сезоните 2004-05 и 2009-10. Во сезоната 2004-05 тие го освоија 5-тото место во Серија А и изборија настап во Купот на УЕФА. Истата таа сезона "за влакно" им побегна 4-тото место и настап во Лигата на шампионите по подолго време, но во последното коло неуспеаа да ја победат Болоња и ја загубија трката за четвртото место од Удинезе.

Но сепак, тоа што не им успеа тогаш им успеа 5 години подоцна кога Сампдорија го освои 4-тото место во Серија А во сезоната 2009-10. Тоа значеше настап во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона, каде тие се сретнаа со германскиот Бундеслигаш Вердер Бремен. Во првиот натпревар во Германија, Вердер победи со 3-1, но во реваншот Сампдорија возврати со ист резултат по што се играа продолженија. Во нив одлучувачки беше голот на Клаудио Пизаро во 100-тата минута со кој Сампдорија беше елиминирана и неуспеа да стигне до групната фаза. Ова беше само најава за лошата сезона која следуваше, па по крајот на сезоната 2010-11 Сампдорија повторно испадна во Серија Б.

Во мај 2012 тимот се враќа во Серија А со победа во плеј-оф финалето против Варезе со 4-2 вкупен резултат.

Играчи[уреди]

Моментален Состав[уреди]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Бразил ГМ Жуниор да Коста
2 Парагвај СР Марсело Естигарибија
3 Италија ОД Андреа Коста
4 Италија СР Енцо Мареска
5 Италија СР Ренан
7 Италија СР Паоло Кастелини
8 Германија ОД Шкодран Мустафи
9 Италија НП Никола Поци
10 Аргентина НП Макси Лопез
11 Италија СР Џани Мунари
12 Аргентина СР Феранандо Тисоне
13 Швајцарија ОД Гаетано Берарди
14 Шпанија СР Педро Обианг
15 Данска ОД Симон Поулсен
Бр. Нац. Позиција Играч
16 Италија ОД Андреа Поли
17 Италија СР Анџело Паломбо
19 Италија ОД Лоренцо Де Силвестри
21 Италија СР Роберто Соријано
22 Аргентина ГМ Серхио Ромеро
23 Бразил НП Едер
25 Србија СР Ненад Крстиќиќ
28 Шпанија ОД Даниеле Гасталдело (Кап.)
29 Аргентина НП Хуан Антонио
32 Италија ГМ Томазо Берни
35 Парагвај ОД Џонатан Росини
95 Италија ГМ Владимиро Фалконе
98 Аргентина НП Мауро Икарди

Познати поранешни играчи[уреди]

Италија

Англија

Аргентина

Србија

Франција

Германија

Холандија

Бразил

Ирска

Шкотска

Словенија

Шпанија

Титули[уреди]

Надворешни врска[уреди]