Винченцо Монтела

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Винченцо Монтела
Vincenzo Montella
Vincenzo montella (1).JPG
Лични податоци
Роден на 18 јуни 1974 (1974-06-18) (39 г.)
Роден во Касетло ди Чистерна, Италија
Висина &100000000000001720000001,72 м
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Фјорентина Фјорентина (тренер)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990–1995 Емполи 51 (27)
1995-1996 Џенова 34 (21)
1996–1999 Сампдорија 83 (54)
1999-2009 Рома 194 (83)
2007 Фулам (позајмен) 10 (3)
2007-2008 Сампдорија (позајмен) 13 (4)
Репрезентација
1999-2005 Италија 20 (3)
Раководител на екипите
2011 Рома (в.д.)
2011–2012 Катанија
2012– Фиорентина
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Винченцо Монтела (роден на 18 јуни 1974 година во Кастело ди Цистерна) е пензиониран италијански фудбалер и моментален тренер на Фиорентина.

Монтела за време на неговата играчка кариера беше познат и по својот прекар авиончето (L'Aeroplanino), по начинот на кој ги прославувал својте голови што бил негов заштитен знак, раширувајќи ги рацете како крила на авион додека трчал кон фановите на неговите екипи. Тој бил познат како брз напаѓач и all round играч, со одлични пасови за играчите околу себе и фасцинантни дриблинг вештини.

Играчка кариера[уреди]

Клубови[уреди]

Монтела ја започнал неговата клубска кариерата во Серија Ц1 како играч на Емполи во 1990 година пред да се пресели во Серија Б клубот Џенова во 1995 година, каде што постигнал 21 гола во неговата единствена сезона во клубот. Тој потоа се преселил во Серија А каде потпишал за градскиот ривал на Џенова, Сампдорија и останал во клубот три години. Монтела го направил своето деби во Серија А на 8 септември 1996 година, против Перуџа.

Во 1999 година тој преминал во тимот на Рома за трансфер вреден 25 милиони.

Рома[уреди]

Во времето кога тренер на Рома бил Зденек Земан, тој сакал да го доведе Монтела со цел да го предводи нападот на Рома, но истата година во Рома, исто така, дошол и нов тренер, Фабио Капело, кои е познат по тоа што не преферира ниски напаѓачи. И покрај ова, во текот на сезоната 1999-00, Монтела играл редовно и постигнал 18 гола, со кој бил прв стрелец на Џалоросите. Следната година, во Рома доаѓа нов напаѓач, аргентинската ѕвезда Габриел Батистута од Фиорентина, и со тоа се Капело го добил високиот напаѓач кој му бил потребен за да направи одличен тандем во предни позиции.

Во тимот дошло и до контроверзност меѓу двајцата напаѓачи во однос на тоа кој ќе го носи дресот со # 9, кој бил омилениот на двајцата играчи. На крајот Батистута го избрал # 18. За карток период "Batigol" станал прв избор на тренерот, па Монтела станал втора опција во нападот, а често бил и во позиција на замена. Сепак, тој набрзо бил вратен во почетниот тим како партнер на Батистута во нападот и бил еден играчите со најголем придонес за третото Скудето на Рома во сезоната 2000-01 и постигна многу важни голови за тимот. Со 14 гола во првенството тој завршил како втор клубски стрелец зад Батистута кој постигнал 20.

Во наредните сезони Монтела и натаму бил во немилост на Капело во следните и во март 2002 година тој јавно го изразил незадоволството "Јас имам големи очекувања дека во клубот конечно ќе дојде друг тренер". На 10 март 2002 тој постигнал четири гола во победата од 5-1 над Лацио во римското дерби. Неговите четири гола се уште остануваат рекорд на постигнати голови од страна на еден играч во ова дерби. 2003 година Монтела преживува лош период откако најпрво се развел од својата поранешна сопруга како и пропуштањето на голем број на натпревари поради серија на повреди. За време на сезоната 2003-04 тој одиграл 11 лигашки натпревари, во кој постигнал само 5 гола. По тоа многу фудбалски критичари почнале да сметаат дека неговата кариера полека гасне.

За време на сезоната 2004-05 Фабио Капело конечно заминал од Рома и бил назначен за нов тренер на Јувентус, а Монтела ги демантирал сите кој загубиле доверба во него постигнувајќи 23 гола, во катастрофалната сезона на римската волчица. Набрзо тој заработил нов договор во траење до 30 Јуни 2010 година. Во сезоната 2005-06 тој повторно се мачел со повреди. Бил подложен на операција на грбот и на рамото, кој го ограничиле на само дванаесет натшревари во сезоната. Во јануари 2007 година, за време на сезоната 2006-07 бил позајмен на Фулам, бидејќи Франческо Тоти бил единствениот избор во нападот во 4-2-3-1 формацијата на Лучијано Спалети.

Тој го одиграл својот последен натпревар за Џалоросите на 23 декември 2006 година пред да замине на позајмица во Англија.

Подоцнежните години во кариерата[уреди]

Тој му се приклучил на Фулам на шест месечен заем на 4 јануари 2007 година и го добил дресот со број 11. Тој постигнал два гола против Лестер Сити на неговото деби пред домашната публика во ФА Купот. Тој реализирал повторно на 27 јануари во истата конкуренција против Стоук Сити.

На 13 јануари 2007 година тој го направил своето деби во Премиер лигата против Вест Хем Јунајтед. Седум дена подоцна тој го постигнал својот прв погодок во Премиер лигата против Тотенхем на Крејвен Котиџ, прецизно реализирајќи го пеналот. Тој, исто така, постигнал гол и против Блекбурн Роверс во ремито 1-1. Монтела многу брзо станал популарен меѓу навивачите на Фулам и ја покажал својата благодарност изјавувајќи дека го чувствува Крејвен Котиџ како дома. Сепак, тој почнал помалку да игра под менаџерската палка на Крис Колман, и покрај неколку јавни апели кон него. По отказот на Колман, Монтела започнал само два натпревари под водство на замена менаџерот Лори Санчез. Монтела навестил дека би сакал да се врати во Рома по завршувањето на сезоната 06-07 сезона. Заемот подоцна бил прекинат од страна на Санчез на 8 мај 2007 година, една недела пред неговиот договорен крај.

Тој бил позајмен на Сампдорија за сезоната 2007-08. Бруно Конти го вратил Монтела назад во Рома во сезоната 2008-09, откако Амантино Мансини заминал од клубот. Монтела го зел број 23 кога се вратил; поради тоа што Вучиниќ го задржал бројот 9 на својот дрес, број што порано му припаѓал на Монтела, па така тој ја избрал 23-ката.

Монтела добивал можност да игра само како замена одигрувајќи 12 натпревари за римската волчица во сезоната 2008-09. Тој го одиграл својот последен натпревар на 16 мај 2009 година.

Во дресот на Рома тој одиграл вкупно 251 натпревар во 8 години постигнувајќи 102 гола во сите конкуренции, со што станал четврти најдобар стрелец на Рома во историјата.

На 2 јули 2009 година, Монтела го најавил своето пензионирање од професионалниот фудбал како играч.

Репрезентација[уреди]

Монтела дебитирал во националниот тим на Италија против Велс на 5 јуни 1999 година, а бил дел и од селекциите кој настапиле на Евро 2000 и Светското Првенство 2002. Монтела одиграл точно 20 натпревари на репрезентативно ниво.

Тренерска кариера[уреди]

Рома[уреди]

Монтела потпишал 3-годишен договор со Рома како прв тренер на младинскиот тим Giovanissimi Nazionali (на возраст под-15 години).

На 21 Февруари, 2011 тој беше назначен за привремен тренер на првиот тим за остатокот од сезоната, преземајќи ја оваа улога по оставката на Клаудио Раниери.

На 23 февруари 2011 во својот прв натпревар во Серија А, како тренер на Рома тој забележал победа на гостувањето кај Болоња со 1-0.

На 8 март 2011 година во неговото деби во Лигата на шампионите, Рома биле катастрофално поразени нагостувањето кај Шахтјор Донецк со 3-0. Монтела ја завршил сезоната како тренер на Рома водејќи го клубот до шестото место на табелата во лигата, а тој потоа бил ослободен откако новите клубски сопственици предводени од американскиот бизнисмен Томас Р. ДиБенедето одлучиле да го назначат Луис Енрике како постојан тренер за сезоната 2011-12.

Катанија[уреди]

На 9 јуни 2011 година, само неколку дена откако беше ослободен од страна на раководството на Рома, Монтела беше најавен како нов шеф на Катанија. Тој потпишал двегодишен договор со клубот од Источна Сицилија. Монтела ја предводи Катанија до средината на табелата и на крајот тие финиширале пред сицилијанските ривали Палермо за првпат во последните осум години; до крајот на сезоната, тој бил силно поврзуван со враќање во Рома како и кандидат за слободното работно место во Фиорентина. Монтела ја напуштил Катанија по заемна согласност на 4 јуни 2012 година, по само една сезона на чело на тимот.

Фиорентина[уреди]

На 11 Јуни 2012 од фудбалскиот клуб Фиорентина објавиле преку нивниот официјален веб-сајт дека Винченцо Монтела потпишал две-годишен договор со тосканците и дека ќе биде новиот тренер на клубот.

Титули[уреди]

Италија Рома[уреди]

Надворешни врски[уреди]