УС Сасуоло Калчо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сасуоло
US Sassuolo Calcio logo.png
Целосно име Унионе Спортива Сасуоло Калчо
Основан 1920
Терен Стадион Мапеи
Реџо-Емилија, Италија
(Капацитет: 21,151)
Сопственик Џорџо Сквинци
Претседател Италија Карло Роси
Тренер Италија Еузебио Ди Франческо
Лига Серија А
2012–13 Серија Б, 1-ви
Веб страна Официјално мрежно место
Kit left arm black stripes.png
Team colours
Kit body blackstripes.png
Team colours
Kit right arm black stripes.png
Team colours
Team colours
Kit socks color 3 stripes white.png
Team colours
Домашни бои
Kit left arm blackborder.png
Team colours
Kit body blackcollar.png
Team colours
Kit right arm blackborder.png
Team colours
Team colours
Kit socks color 3 stripes black.png
Team colours
Гостински бои
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Kit socks color 3 stripes white.png
Team colours
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Унионе Спортива Сасуоло Калчо е италијански фудбалски клуб, со седиште во Сасуоло, Емилија-Ромања.

Во моментов тие се натпреваруваат во Серија А, откако биле шампиони во Серија Б во сезоната 2012-13. Ова е нивната дебитантска сезона во првото ниво на италијанскиот фудбал.

Прекарот на клубот е нероверди , односно црно-зелените.

Историја[уреди]

Формирање и почетоци[уреди]

Клубот Сасуоло, бил основан во 1920 година, а со Италијанската фудбалска федерација се поврзал на 17 јули истата година, и во почетокот тие ги користеле истите бои кој што се наоѓале на општинскиот грб, односно жолтата и црвената боја. Тимот многу години учествувал на аматерски турнири во Емилија каде што биле родени многу ривалства со: Карпи, Ротеља, Вињола, Гуастала, Мирандолезе, Барака Луго меѓу главните.

Серија Ц1[уреди]

Како тим со долга историја во пониските фудбалски лиги, Сасуоло изборил промоција во Серија Ц1 во 2006 година, по победата во плејофот над Сансовино во финалето. Во следните години, Сасуоло се покажал како сериозен кандидат за промоција во Серија Б, која им побегнала за малку во 2007 година, со Џан Марко Ремондина како тренер, откако тие ја загубиле директната промоција од Гросето во последното коло од сезоната, а биле поразени од петтиот во регуларниот дел од сезоната Монца во плејоф полуфиналето. Ремондина потоа заминал од Сасуоло за да го превземе Серија Б тимот Пјаченца, и поранешниот Серија А играч Масимилијано Алегри бил избран за нов тренер.

Серија Б[уреди]

Масимилијано Алегри, тренер на Сасуоло во 2008

Според тренерот Алегри, Сасуоло брзо ги оживеал своите надежи конечно да добие промоција во Серија Б, тоа конечно станало вистина на 27 април 2008 година, кога Сасуоло ја освои титулата во Серија Ц1/А лигата, со што обезбедил историска промоција во Серија Б, првата нивна сезона во ова ниво во историјата на клубот.

По промоцијата во второто ниво на италијанскиот фудбал, Алегри го оставил Сасуоло за да ја преземе тренерската функција во Серија А тимот Калјари. Во јули 2008 година, клубот објавил дека поранешниот тренер на Аталанта и Сиена Андреа Мандорлини ќе го води Сасуоло во сезоната 2008-09.

Сасуоло имаше фантастичен и изненадувачки почеток во својата прва кампања во Серија Б во сезоната 2008-09 држеле позиција во зоната на плејофот многу долго време, но тие успеале да освојат само два бода во последните 5 натпревари и на крајот завршиле на 7. место, што е исто така многу импресивно остварување за ново-промовираниот тим. И покрај успешната сезона, Мандорлини го оставил Сасуоло по заемна согласност, во јуни 2009 година, а тие за нов тренер го именувале Стефано Пиоли на 11 јуни 2009 година.

Сасуоло успешно се квалификувал за баражите за промоција во Серија А во сезоните 2009-10 во кои влегле како четврти, и 2011-12 како трети, но биле елиминиранани во полу-финалето во двете сезони.

Конечно за време на сезоната 2012-13, под водството на новиот тренер Еузебио Ди Франческо[1], Сасуоло ја освојува титулата во Серија Б и обезбедува промоција во Серија А за прв пат во историјата на клубот. Тие биле во суеверено водство од самиот почеток на првенството, но една серија на лоши резултати во месец март им дала можност на конкурентите Хелас Верона и Ливорно да се доближат до нив.[2] Во пресрет на последното коло, Сасуоло влегол како лидер со 82 бода, еден повеќе од Верона, а два повеќе од третиот Ливорно. Во последниот натпревар од сезоната Сасуоло го победил Ливорно на домашен терен со 1-0, со ги избегнале плеј-оф натпреварите и ја освоиле титулата во Серија Б што им донела историска прва промоција во Серија А.[3]

Серија А[уреди]

За време на пред сезонските подготовки, Сасуоло настапувал на Трофео Тим купот каде што ја освоиле титулата со пораз на пенали од Јувентус и победа потоа над Милан со 2-1. Така тие станале прв тим кој победил на овој турнир, а тоа да не е Јувентус, Интер или Милан.

На 25 август во првиот натпревар од првата сезона на клубот во Серија А, Сасуоло загубил од Торино во гости со 2-0.[4] Во првиот натпревар на домашен терен следната недела Сасуоло одново доживеал пораз со 1-4 од Ливорно, а Симоне Заза станал првиот стрелец на неровердите во највисокото ниво на италијанскиот фудбал.[5] По лошата серија на резултати во почетокот на сезоната кога Сасуоло запишал четири порази во првите четири натпревари, во петтото коло тие го освоиле првиот бод, играјќи 1-1 со Наполи на гостински терен на 25 септември, а изедначувачкиот гол го постигнал повторно Заза.[6] Една недела подоцна, тимот го освојува својот прв бод на домашен терен играјќи 2-2 со Лацио на 29 септември.[7] На 20 октомври 2013 година, Сасуоло ја остварил својата прва победа во Серија А, победувајќи ја Болоња со 2-1 на домашен терен со головите на Доменико Берарди и Антонио Флоро Флорес, со што клубот за прв пат успеал да го напушти последното место на табелата.[8] На 3 ноември Сасуоло ја забележал првата победа во гости откако ја совладале Сампдорија со 4-3, а хет-трик во тој натпревар постигнал Берарди.[9]

Бои и химна[уреди]

Бои[уреди]

Основните бои на Сасуоло се црна и зелена, па оттука и прекарот нероверди (превод на мак. црно-зелени). Тековниот дрес на клубот има комбинација од двете бои вертикално и наизменично поставени, но во минатото имало повеќе различни стилски експерименти, често поврзани со модата во моментот. Како втор дрес, изборот скоро секогаш паѓал на целосен бел дрес со црно-зелени детали, и конечно, во последниве години, исто така, бил создаден третиот дрес, обоен со сина боја.

Химна[уреди]

Сегашната химна на Сасуоло е нероверди , направена во 2013 од страна на Нек, пејач и текстописец роден во Сасуоло.

Стадион[уреди]

Од 1972 до 2008 година домашен стадион на Сасуоло бил Енцо Ричи, но поради скромниот капацитет (4000 гледачи), клубот ги одиграл сезоните во Серија Б на стадионот на Модена, Алберто Браља[10] Додека клубот настапувал во Серија Б, тие го користеле Енцо Ричи стадионот за тренинг.

По промоцијата на тимот во Серија А, тие се преселиле на Мапеи-Чита дел Триколоре стадионот каде што играат и денеска.[11]

Моментален тим[уреди]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Италија ГМ Алберто Помини
2 Италија ОД Рафаеле Пучино
3 Италија ОД Алесандро Лонги
4 Италија СР Франческо Мањанели (капитен)
5 Италија ОД Лука Антеи
7 Италија СР Симоне Мисироли
8 Италија СР Лука Мароне
10 Италија НП Симоне Заза
11 Романија НП Мариус Алексе
13 Португалија НП Алаџе
14 Италија НП Гаетано Масучи
15 Италија ОД Франческо Ачерби
16 Австралија СР Карл Валери
20 Италија ОД Паоло Бјанко
Бр. Нац. Позиција Играч
21 Италија СР Карим Лариби
22 Италија ГМ Антонио Росати
23 Италија ОД Марсело Гацола
24 Италија ОД Лино Марцорати
25 Италија НП Доменико Берарди
26 Италија ОД Емануеле Теранова
27 Словенија СР Јасмин Куртиќ
35 Швајцарија ОД Џонатан Росини
37 Италија СР Езекиел Скелото
45 Гана СР Раман Чибса
70 Бразил НП Диего Фариас
79 Италија ГМ Џанлука Пеголо
83 Италија НП Антонио Флоро Флорес
86 Швајцарија ОД Рето Циглер

Познати поранешни играчи[уреди]

Статистика и скор[уреди]

Учество во првенства[уреди]

Ниво Категорија Учества Деби Минатата сезона Вкупно
Серија А 1 2013-2014 1
Серија Б 5 2008-2009 2012-2013 5
Серија Ц1 2 2006-2007 2007-2008 2
Серија Д 8 1968-1969 1977-1978 22
Серија Ц2 14 1984-1985 2005-2006
Серија Д 1 1978-1979 12
Интеррегионално првенство 5 1981-1982 1991-1992
Национално аматерско првенство 6 1992-1993 1997-1998

Титули[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]