Федерико Пелузо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Италија Федерико Пелузо
Лични податоци
Роден на 20 јануари 1984(1984-01-20)(40 г.)
Роден во Рим, Италија
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција централен дефанзивец, лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Сасуоло Сасуоло
Број 13
Младинска кариера
Лацио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2004 Про Верчели 43 (1)
2004-2006 Тернана 66 (1)
2006–2009 Албинолефе 57 (4)
2009 Аталанта 109 (4)
2013Јувентус (позајмен) 12 (0)
2013-2014 Јувентус 6 (1)
2014- Сасуоло 3 (0)
Репрезентација
2012-  Италија 3 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Федерико Пелузо (роден во Рим на 20 јануари 1984) — италијански фудбалер, лев бек на Сасуоло.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Пелузо ја започнал својата кариера во еден мал клуб од Рим, АСД Петриани. Оттаму потоа преминал во редовите на Лацио, но таму не се задржал долго и бил ослободен како недоволно талентиран.

Во 2001 година Пелузо му се приклучил на тимот на Про Верчели за кој одиграл цели три сезони и во чиј дрес го постигнал својот прв професионален погодок. Во летото 2004 година, тој потпишал за Тернана, клуб во кој поминал две сезони за да во 2006 година биде откупен од страна на Албинолефе за кого играл во периодот додека клубот се натпреварувал во Серија Б.

Аталанта[уреди | уреди извор]

Во јануари 2009 година Пелузо направил трансфер во Серија А клубот Аталанта, откако Аталанта и неговиот претходен клуб Албинолефе се согласиле на размена во која во спротивен правец заминал Карамоко Сисе. На 8 март 2009, Пелузо го направил своето деби во Серија А во натпреварот против Милан, почнувајќи како стартер и го одиграл целиот натпревар до крајот. На 25 октомври истата година тој го постигнал својот прв погодок во Серија А против екипата на Парма. Во сезоната 2009-10 Аталанта испаднала од Серија А, но Пелузо одлучил да не ја менува клупската средина и да остане во клубот. Тој бил клучен играч во одбраната на бергамашите во Серија Б следната сезона и одиграл 33 натпревари во кој постигна и еден гол со што му помогнал на клубот да ја освои титулата во втората лига по ранг и да обезбеди промоција назад во Серија А. Следната сезона Пелузо си го зачувал местото во почетната постава на клубот и со добрите перформанси заработил повик и во националната селекција. На 21 декември 2011, тој постигнал прекрасен погодок против Чезена кога со серија од дриблинзи се ослободил од комплетната одбрана на противникот и со лоб удар го совладал голманот.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На почетокот на 2013 година Пелузо заминал на шестмесечна позајмица во Јувентус каде одново се сретнал со својот поранешен тренер Антонио Конте кој го тренирал и неколку сезони пред тоа додека играл за Аталанта.[1] Во првото интервју за клубот Пелузо изјавил:"За мене ова е голема шанса, да докажам дека заслужувам да го носам дресот на една од најголемите екипи во светот".[2] Тој дебитирал само 3 дена подоцна откако го комплетирал својот трансфер, играјќи ги сите 90 минути во поразот од Сампдорија со 1-2.[3]

Сасуоло[уреди | уреди извор]

На 3 јули 2014, Јувентус ја прифатил понудата од 4,5 милиони евра на Сасуоло за Пелузо. Тој потпишал три-годишен договор со нив.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Пелузо за првпат добил повик во италијанската фудбалска репрезентација на 10 август 2012 заедно со уште три соиграчи од Аталанта. Пет дена подоцна тој дебитирал за Италија во пријателски натпревар против Англија, а својот прв репрезентативен гол го постигнал месец дена подоцна во победата од 2-0 над Малта на 11 септември.

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Аталанта[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]