Франческо Мањанели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франческо Мањанели
Лични податоци
Роден на 12 ноември 1984(1984-11-12)(39 г.)
Роден во Умбертиде, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Сасуоло Сасуоло
Број 4
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999-2002 Губио Губио 15 (0)
2002-2003 Кјево Кјево 0 (0)
2003-2004 Фјорентина Фјорентина 0 (0)
2004-2005 Санџованезе Санџованезе 7 (0)
2005- Сасуоло Сасуоло 425 (8)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Франческо Мањанели (роден на 12 ноември 1984) — италијански фудбалер од средниот ред кој во моментов настапува за екипата на Сасуоло во Серија А, на која е и капитен.[1]

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Како внатрешен играч од средниот ред има пристоен преглед на играта, контролирајќи ја топката најчесто со десната нога. Тој, исто така може да игра како централен играч од средината на теренот и пред одбраната.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Тој пораснал во младинските категории на Губио, клуб во кој ја започнал својат професионална кариера правејќи го дебито во 2000, со само 16 години, во Серија Ц2. За време на сезоната 2001-2002, тој одиграл 14 натпревари, докажувајќи се како еден од младите играчите кој најмногу ветувал па така го привлекол интересот на поквалитетните италијански тимови како Кјево Верона и Торино[3].

Тоа само било доволно за клубот на Лука Кампедели за да го откупи целосно во летото 2002 за € 50.000.[4], но додека се наоѓал во тимот од Верона во целата 2002-03 сезона, не успеал да дебитира во Серија А. Во 2004 бил ангажиран од страна на Санџованезе во Серија Ц1. Тука усепеал да најде многу малку простор, играјќи само 7 натпревари.

Во 2005 тој се преселил во Сасуоло во Серија Ц2, каде што е конечно бил во можност да игра во континуитет натпревари: тој бил стартер во средниот ред и одиграл 26 натпревари во првенството, помагајќи му на својот тим да стекне промоција преку плејофот во Серија Ц1. Следната сезона, екипата од Емилија имала двојно поголем скок во класа благодарение на неговите настапи, но морале да се предадат во плејофот. Сепак тој успеал да го постигне својот прв гол во Серија Ц1, во 23 натпревари. Од сезоната 2007-2008 тој како еден од поважните играчи имал успешна сезона со неровердите, во која тие избориле директна промоција во Серија Б. Набрзо тој станал незаменлива алка во средниот ред, исто така, во следните сезони во Серија Б, прво под водство на Андреа Мандорлини, а потоа и на Стефано Пиоли и Даниеле Аригони. На 18 март 2011, тој го постигнал својот прв гол во Серија Б во дербито против Модена на 8 јули 2011 година, набргу по доаѓањето на новиот тренер Фулвио Пеа, а потоа го продолжил неговиот договор со клубот до 2014.

На 18 мај 2013 тој ја освоил Серија Б и изборил промоција во Серија А со тимот од Емилија предводен од Еузебио Ди Франческо. Во следната сезона тој дебитирал во Серија А на 28-годишна возраст, во првиот ден од сезоната во кој Сасуоло загубил со 2-0 од Торино нагости.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистика е ажурирана на 24 ноември 2013.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Наст Гол
2000-2001 Италија Губио Ц2 1 0 КИ-Ц 0 0 - - - - - - 1 0
2001-2002 Ц2 14 0 КИ-Ц 1 0 - - - - - - 15 0
Вкупно Губио 15 0 1 0 - - - - 16 0
2002-2003 Италија Кјево A 0 0 CI 0 0 - - - - - - 0 0
2003-2004 Италија Фјорентина Б 0 0 CI 0 0 - - - - - - 0 0
2004-2005 Италија Санџованезе Ц1 7 0 CI-Ц 2 0 - - - - - - 9 0
2005-2006 Италија Сасуоло Ц2 26+4[5] 0 КИ-Ц 6 0 - - - - - - 36 0
2006-2007 Ц1 21+2[5] 1 КИ+КИ-Ц 1+0 0 - - - - - - 24 1
2007-2008 Ц1 29+2[5] 1 КИ-Ц 3 1 - - - - - - 34 2
2008-2009 Б 37 0 КИ 1 0 - - - - - - 38 0
2009-2010 Б 38+2[5] 0 КИ 2 0 - - - - - - 42 0
2010-2011 Б 39 2 КИ 1 0 - - - - - - 40 2
2011-2012 Б 36+1[5] 0 КИ 2 0 - - - - - - 39 0
2012-2013 Б 40 1 КИ 2 0 - - - - - - 42 1
2013-2014 А 10 0 КИ 0 0 - - - - - - 10 0
2014-2015 А 29 1 КИ 2 0 - - - - 31 1
2015-2016 А 34 1 КИ 1 0 - - - - 35 1
2016-2017 А 15 1 КИ 0 0 ЛЕ 9[6] 0 - - 24 1
2017-2018 А 32 0 КИ 2 0 - - - - 34 0
2018-2019 А 12 0 КИ 2 1 - - - - 14 1
Вкупно Сасуоло 416+9 8 26 1 9 0 2 0 462 10
Вкупно во кариерата 438+9 8 29 1 9 0 2 0 487 10

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Сасуоло[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://int.soccerway.com/players/francesco-magnanelli/58559/
  2. Transfermarkt, уред. (8-7-2002). „Francesco Magnanelli“. Посетено на 13-2-2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. Tuttomercatoweb.com, уред. (8-7-2002). „Gubbio, preso Orocini“. Посетено на 13-2-2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. Transfermarkt, уред. (8-7-2002). „Франческо Мањанели“. Посетено на 13-2-2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Плеј-оф.
  6. 4 настапи во квалификациските кола.