17 јули
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јули | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 | |||
17 јули е 198-иот ден во годината според григоријанскиот календар (199-и во престапна година). Остануваат 167 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1203 | Во текот на Четвртата крстоносна војна крстоносците го освоиле Константинопол. |
| 1762 | Катерина Велика станува царица на Русија. |
| 1862 | Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија. |
| 1917 | Во знак на револт од улогата на Германија во Првата светска војна, кралот Џорџ V издал објава според која британското кралско семејство ќе го носи презимето Виндзор, наместо дотогашното Сакс-Кобург-Гота. |
| 1918 | По наредба на болшевиците, рускиот цар Николај II и неговото потесно семејство се стрелани во близината на Екатеринбург, Русија од единиците на Че-Ка. |
| 1936 | Почнува Шпанската граѓанска војна. |
| 1942 | Почна Сталинградската битка меѓу германските фашисти и советската армија, веројатно најголемата битка во Втората светска војна. |
| 1945 | Во Потсдам, Германија, се одржала Потсдамската конференција на која се поништени освојувањата на Германија пред и во Втората светска војна, и нејзината територија е поделена меѓу сојузниците на четири окупациони зони. |
| 1965 | Американските бомбардери од типот Б-52 од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам. |
| 1976 | Индонезија го анектира Источен Тимор. |
| 1984 | Лансиран е советскиот вселенски брод „Сојуз 12“. Членот на екипажот Светлана Савицкаја стана првата жена која се прошета во вселенскиот простор надвор од леталото. |
| 1993 | Во Будимпешта, деветте земји-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација. |
Родени:
| 1899 | Џими Кегни, легендарен американски актер. |
| 1925 | Ласло Наѓ, унгарски поет и преведувач. |
| 1935 | Доналд Сатерленд, канадски актер. |
| 1937 | Петре Наковски, македонски романсиер и преведувач. |
| 1950 | Стево Степановски, македонски библиофил. |
| 1954 | Ангела Меркел, германски канцелар. |
| 1987 | Андреј Воронцевич, руски кошаркари. |
Починале:
| 855 | Папа Лав IV, римски папа. |
| 1790 | Адам Смит, најпознат претставник на англиската класична политичка економија. |
| 1918 | Николај II Романов, убиен заедно со членовите на неговото семејство. |
| 1941 | Аугуст Цесарец, хрватски револуционер и писател. |
| 1946 | Дража Михајловиќ, српски четнички водач. |
| 1959 | Били Холидеј, американскa пејачкa. |
| 1969 | Нестор Алексиев Мирчевски, македонски резбар. |
| 1976 | Вељо Личеноски, прв филмски монтажер во Македонија. |
| 1986 | Ристо Шишков, македонски глумец. |
| 1992 | Стефан Гајдов, македонски композитор. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |