Монтажа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Монтажа е творечка постапка на бирање и распоредување на кадри во сцени и секвенци и нивно групирање во едно конечно дело - филм. Терминот монтажа произлегол од традиционалната постапка при работење со филм, но денеска пред сè се користи дигитална технологија. Монтажерот работи со снимени кадри кои ги селектира и групира во сцени и секвенци кои пак се групираат во конечно дело - филм. Филмската монтажа многу често е нарекувана и ,,невидлнва уметност", затоа што кога е добро изработена, гледачот на филмот многу тешко може да ги примети постапките во монтажата.