Ласло Наѓ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Златен венец.svg Ласло Наѓ
180px
графички приказ на Ласло Наѓ
Роден(а) 17 јули 1925
Унгарија Искаж, Унгарија
Починал(а) 30 јануари 1978
Унгарија Будимпешта, Унгарија
Занимање поет, преведувач

Ласло Наѓ (унг. Nagy László) (17 јули 1925 - 30 јануари 1978) бил унгарски поет и преведувач.

Биографија[уреди]

Роден е во селото Фелсоискаж во Веспрем, како трето од четири деца; неговиот помал брат исто така станува поет и пишува под името Иштван Аг. Како последица на воспаление на коскена срж во детството, ќе остане хендикепиран и цел живот ќе страда од потешкотии при одењето. По завршувањето на средно училиште, заминува во Будимпешта со цел да стане графичар, но веќе почнува и да се посветува на поезијата. Неколку списанија и една антологија ги издаваат неговите стихови и во 1948 година, тој одлучува да стане поет. Учи литература, социологија и философија на Универзитетот Pázmány Péter, а подоцна започнува да учи и руски јазик со цел да ги преведе делата на Сергеј Есенин на унгарски. Меѓу 1949 и 1951 година живее во Бугарија, обидувајќи се да го научи бугарскиот јазик и да ги преведе своите омилени дела од бугарската литература. Бугарија ќе ја посети неколку пати во текот на својот живот. Во 1952 година се венча со поетесата Маргит Сечи; една година подоцна се раѓа нивниот син.

Следните четири години Наѓ е главен уредник на Kisdobos (детско списание издавано во текот на комунизмот). Подоцна работи главно само како преведувач, а од 1959 година станува постојан соработник на влијателното литературно списание Élet és irodalom ("Живот и литература"). Тука останува до крајот на својот живот. Добитник е на наградата Кошут во 1966 година, најважната награда која може да ја добие еден поет. Од 1975 година, почнува да води дневник, кој ќе биде подоцна издаден. Умира од срцев удар во 1978 година.

Творештво[уреди]

Првите песни на Наѓ се инспирирани од неговото детство: селски живот, блискост со природата, католицизам, фолклор - типична унгарска селска култура што датира уште од пред-христијанскиот период во Унгарија. Подоцна почнува да препејува песни од разни јазици, главно од поетите кои ќе остават впечаток врз него. Во 1952 се менуваат неговите политички погледи, поради што се менува и стилот на неговата поезија - неговите песни стануваат мрачни и студени, исполнети со чувство на очај, немоќ и страв дека е неможно да се одбранат загрозените животни вредности. Неуспехот на револуцијата од 1956 година го ужаснува, поради што следните девет години нема да напише ниту една песна.

Во 1960тите неговите песни стануваат дијалектички и митски. Неколку од неговите поеми (меѓу кои и Венчавката, која тој ја смета за свое најважно дело) се исказ на притаен бунт против современиот свет и носталгија кон традиционалните вредности изгубени во модернизмот. Уште еден важен дел од неговата поезија во овој период станува и поетското портретирање на големите Унгарци - Атила Јожеф, Бела Барток и Тивидар Чонтвари Костка. Иако најголем дел од неговите песни користат трагични и возвишени стихови, тој исто така употребува и иронија, гротескни мотиви и разиграност.

Најважните тематски особини и мотиви во неговата поезија најубаво се прикажани во неговата песна од 1957 година Ki viszi át a szerelmet ("Кој ќе ја спаси Љубовта?"), која уште во текот на 1960тите станува доста славна, а денес се смета за негова најпозната поема. Во неа, Наѓ го поставува прашањето што е всушност одраз на неговото поетско мото: кој ќе ги спаси вистинските вредности на животот во периодите на разочараност и криза, ако не поетите?

Издадени поетски дела[уреди]

  • Tűnj el fájás ("Замини, Болко", 1949)
  • A tüzér és a rozs ("Воинот и 'ржта", 1951)
  • Szablyák és citerák ("Видри и цитри"; преводи од бугарски, 1953)
  • A nap jegyese ("Ветен на Сонцето", 1954)
  • A vasárnap gyönyöre ("Возвишеноста на Неделата", 1956)
  • A deres majális ("Студен мај", 1957)
  • Sólymok vére ("Крвта на соколот"; преводи, 1960)
  • Himnusz minden időben ("Химна за сите времиња"; 1965)
  • Arccal a tengernek ("Со поглед кон морето"; 1966)
  • Darázskirály ("Крал на осите"; 1968)
  • Babérfák ("Ловорови венци"; преводи на југословенски народни песни, 1969)
  • Ég és föld ("Небо и земја"; 1971)
  • Versben bújdosó ("Криејќи се во песните"; 1973)
  • Erdőn, mezőn gyertya ("Свеќи во шумите и ливадите"; 1975)
  • A bolgár népköltés antológiája ("Антологија на бугарски народни песни"; 1975)
  • Válogatott versek ("Избрани песни"; 1976)
  • Csodafiú-szarvas ("Волшебен елен"; 1977)
  • Jönnek a harangok értem ("Ѕвоната ѕвонат за мене"; 1978)
  • Krónika töredékek ("Фрагмени од хрониката"; дневник, 1994)

Награди[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Познати унгарски поети
XVI-XIX век: Балинт Балаши | Витез Михај Чоконаи | Јанош Арањ | Михај Верешмарти | Ференц Казинци | Ференц Келчеи | Шандор Петефи
XIX-XX век: Атила Јожеф | Деже Костолањи | Ендре Ади | Миклош Радноти | Михај Бабич | Ласло Наѓ