Хуан Антонио Самаранч

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Хуан Антони Самаранч на Светското првенство во Атлетика - 2007 во Осака

Хуан Антонио Самаранч (роден на 17 јули 1920 во Барселона) е шпански официјален спортски работник и почесен претседател на Меѓународниот олимписки комитет. Негов претседател беше во периодот од 1980 до 2001 година.

Содржина

[уреди] Биографија

Самаранч се родил во богато семејство, а студирал трговија. Тој бил шеф на многу спортски делегации на Шпанија, а во 1967 година бил назначен за генерален секретар за спорт од страна на Франциско Франко. Тој исто така станал и претседател на Шпанскиот олимписки комитет и член на Меѓународниот олимписки комитет. Самаранч имал многу значајна улога во последните години од режиумот на Франко, а бил потпретѕседател на МОК од 1974 до 1978 и амбасадор на Шпанија во СССР и Монголија од 1977 до 1980 година. Во 1991 година, тој од шпанскиот крал Хуан Карлос ја доби титулата „Маркес“.

[уреди] Претседател на МОК

Хуан Антонио Самаранч станал претседател на Меѓународниот олимписки комитет за време на одржувањето на Летните олимписки игри - 1980 во Москва.

[уреди] Достигнувањата како претседател на МОК

За време на своето претседателство со МОК, Хуан Антонио Самаранч успеа да направи многу работи за афирмацијата и за проширувањето на олимпизмот во светот. Тој исто така обезбеди и напредок во договорите за телевизиските права и спонзорствата на Олимписките игри. На Летните олимписки игри - 1984 во Лос Анџелес и покрај бојкотот на земјите од источниот блок, бројот на земји- учеснички бил поголем којшто продолжил да се зголемува со секои наредни Олимписки игри.

Една од најголемите заслуги од времето на претседателството на Самаранч е подобрувањето на финансиската состојба на комитетот којшто бил во финансиска криза во седумдесетите. Тој обезбедил ексклузивни телевизиски права и договори со многу спонзори, а земјите зачленети во МОК ги поделил во одредени зони од коишто секоја година Меѓународниот олимписки комитет добива соодветни средства.

[уреди] Смената на Самаранч со Жак Рог

На таа функција остана најдолго, се до 2001 година кога на негово место застана Жак Рог, а тој беше избран за почесен претседател.

Commons logo
Заедничката ризница има категорија поврзана со


Претседатели на МОК
Кутијава: п  р  у

Деметриос Викелас (1894–1896) | Пјер де Кубертен (1896–1925) | Годфроа де Блонеј (1916–1919) | Анри де Баилет- Латур (1925–1942) | Зигфрид Едстром (1942–1952) | Ејвори Брендиџ (1952–1972) | Лорд Киланин (1972–1980) | Хуан Антонио Самаранч (1980–2001) | Жак Рог (2001–сеуште)