15 јули
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јули | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 | |||
15 јули е 196-иот ден во годината според григоријанскиот календар (197-и во престапна година). Остануваат 169 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1099 | Во Првата крстоносна војна, Крстоносците го зазеле Ерусалим кој бил 461 година под власта на Фатимидите. Градот останал во христијански раце сè до 2 октомври 1187 година кога бил освоен од страна на Саладин и никогаш повторно не бил безусловно во христијански раце. |
| 1556 | Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, што ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот. |
| 1869 | Французинот Иполит Меж Морис го патентира маргаринот, прехранбен продукт кој ќе треба да се обиде да го спречи масовниот глад меѓу сиромашните слоеви на населението. |
| 1965 | Американскиот вселенски брод Маринер 4 ги испрати првите снимки од планетата Марс. |
| 1968 | На линијата Москва-Њујорк воспоставена е првата директна авио-врска меѓу СССР и САД. Летовите почнуваат да ги изведуваат компаниите Аерофлот и Пан Америкен. |
| 1990 | Во Охрид е извршено осветување на новоизградената „Света Троица“. |
Родени:
| 1606 | Харменс ван Ријн Рембрант, холандски сликар. |
| 1919 | Ајрис Мердок, ирско-британска писателка. |
| 1923 | Трајче Попов, македонски режисер. |
| 1930 | Жак Дерида, француски философ. |
| 1956 | Џо Сатријани, американски гитарист. |
| 1963 | Игор Џамбазов, македонски актер, шоумен, музичар, писател. |
Починале:
| 1291 | Рудолф I Хабсбург, германски цар и оснoвач на династијата на Хабсбурговците. |
| 1904 | Антон Павлович Чехов, руски раскажувач и драмски писател. Најпознати негови дела се драмите „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“ и „Селани“. Роден е во Таганрог, на 29 јануари 1860 година. |
| 1929 | Хуго фон Хофманштал, австриски писател. |
| 1941 | Валтер Рутман, значаен германски експериментален режисер. |
| 1944 | Вера Циривири - Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Убиена е од страна на бугарските фашисти во Штип. Родена е во Прилеп во 1921 година. |
| 1997 | Џани Версаче, италијански моден креатор. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |