Неда Арнериќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Неда Арнериќ (Књажевац, 15 јули 1953 - 10 јануари 2020) — српска филмска, театарска и телевизиска глумица[1].

Радмила Савичевиќ, Неда Арнериќ и Реља Башиќ на Филмски средби во Ниш 1984 година. Во позадина е Љубиша Самарџиќ

Неда Арнериќ дебитира на филм на 13 годишна возраст. Во текот на филмската кариера реализира голем број улоги како во југословенски, така и во копродукциски филмови.

Добитник е на Сребрена арена на Филмскиот фестивал во Пула во 1977 година за улогата во филмот „Исправи се, Делфина“. За истиот филм на режисерот Александар Ѓурчинов е наградена и со Наградата „Царица Теодора“ во Ниш[2],[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Neda Arneric“. BFI. Архивирано од изворникот 3 October 2019. Посетено на 3 October 2019.
  2. Neda Arneric (1953–2020)
  3. Неда Арнерић добитница награде Београдски победник