19 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

19 јули е 200-иот ден во годината според григоријанскиот календар (201-и во престапна година). Остануваат 165 денови до крајот на годината. Шаблон:Јули 2014

Настани[уреди]

1799  Во текот на походот на Египет група војници на Наполеон го пронашле Каменот од Розета, што му овозможило на Шамполион да ги дешифрира хиероглифите.
1870  Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.
1900  Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум - кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.
1941  Британскиот премиер Винстон Черчил ја започнува кампањата со име „В за победа“ (V for Victory) во текот на Втората светска војна.
1943  Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим.
1956  Лидерите на СФР Југославијa, Индија и Египет - Јосип Броз Тито, Џавахарлал Нехру и Гамал Абдел Насер ја потпишуваат Брионската декларација за заедничка против-блоковска политика, што го означува почетокот на создавањето на Движењето на неврзаните земји.
1967  Македонската Православна Црква прогласи автокефалност.


Родени[уреди]

1814  Семјуел Колт, творецот на најпознатиот тип на револвери кој и денес го носи неговото презиме.
1834  Едгар Дега, француски сликар.
1893  Владимир Мајаковски, руски поет.
1900  Арно Брекер, најистакнатиот вајар во нацистичка Германија.
1921  Борка Талески, народен херој на Македонија.
1985  Ванче Шиков, македонски фудбалер.


Починале[уреди]

1374  Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса.
1543  Мери Болејн, сестра на англиската кралица Ана Болејн.
1631  Чезаре Кремонини, италијански философ.
1954  Малина Попиванова, македонска револуционерка.
2010  Стивен Шнајдер, професор по биологија на животната средина.


Празници[уреди]

19 јули (празници)

јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември