Брионска декларација
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Брионската декларација е документ кој беше потпишан на 7 јули 1991 од страна на Република Словенија и СФРЈ, под политичка патронажа на тогашната Европска Заедница. Со овој документ, СФРЈ ги прекина сите воени акции на словенечка територија, а Словенија и Хрватска се согласија да ги стопираат активностите за независност во период од три месеци.
