5 јули
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јули | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 | |||
Жозеф Нисефор Ниепс, околу 1795
5 јули е 186-иот ден во годината според григоријанскиот календар (187-и во престапна година). Остануваат 179 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1687 | Исак Њутн ја објавува книгата „Математички принципи на природната философија“. |
| 1811 | Венецуела објавува независност од Шпанија. |
| 1830 | Франција го окупира Алжир. |
| 1884 | Германија го освојува Камерун. |
| 1946 | Во Париз, Франција, за прв пат е промовиран новиот женски костум за капење - бикинито. |
| 1954 | Елвис Присли ја има својата прва снимачка сесија. Ги пее That's All Right (Mama) како и Blue Moon of Kentucky. За многумина овој ден го означува раѓањето на рокенролот. |
| 1962 | Алжир добива независност од Франција. |
| 1975 | Зелено'ртските Острови добија независност од Португалија. |
| 1977 | Со воен удар во Пакистан е соборен Зулфиќар Али Буто, првиот слободно избран пакистански премиер. |
| 1989 | Се емитува првата епизода од комичната серија Зајнфелд, прогласена за најдобро телевизиско шоу според влијателното списание TV Guide. |
| 2000 | Излегува првиот број на дневниот весник „Вест“ |
| 2006 | Парламентарни избори во Република Македонија: Победа на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски стана премиер на Република Македонија. |
Родени:
| 1321 | Јована, кралица на Шкотска. |
| 1855 | Влахо Буковац, истакнат хрватски сликар. |
| 1857 | Клара Цеткин, борец за женски права. |
| 1889 | Жан Кокто, француски писател, поет, дизајнер, драматург, боксерски менаџер и режисер. |
| 1891 | Тин Ујевиќ, еден од најголемите хрватски поети на сите времиња. |
| 1891 | Џон Хауард Нортроп, американски хемичар и Нобелов лауреат. |
| 1911 | Жорж Помпиду, француски политичар. |
| 1973 | Рошин Марфи, ирска пејачка. |
| 1979 | Милош Симовиќ, српски криминалец. |
| 1987 | Александер Кристоф, норвешки велосипедист. |
| 1986 | Пјермарио Морозини, италијански фудбалер. |
| 1996 | Доли, овца - првиот клониран цицач. |
Починале:
| 1833 | Жозеф Ниепс, француски иноватор, човекот кој ја направил првата успешна трајна фотографија. |
| 1932 | Саша Черни, руски поет. |
| 1939 | Ефтим Спространов, македонски револуционер. |
| 1965 | Порфирио Рубироса, доминикански дипломат, Формула 1 возач и меѓународен плејбој. |
| 1969 | Валтер Гропиус, германски архитект. |
| 1988 | Драга Чаловска - Секуловска, македонски новинар. |
Празници:
| * | Венецуела - Ден на независноста. |
| * | Алжир - Ден на независноста. |
| * | Зелено'ртски Острови - Ден на независноста. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |