Жозеф Нисефор Ниепс
| Жозеф Нисефор Ниепс | |
![]() |
|
| Жозеф Нисефор Ниепс, ~ 1795. | |
| Роден/а | 7 март 1765 Шалон-сир-Саон, Франција |
|---|---|
| Починал/а | 5 јули 1833 (на 68 г.) Сен-Луп-де-Варен, Франција |
| Националност | Французин |
| Познат | Фотографија |
| Занимање | Пронаоѓач |
Жозеф Нисефор Ниепс (фр. Joseph Nicéphore Niépce) (7 март, 1765 – 5 јули, 1833) бил француски пронаоѓач, најпознат по пионерството во фотографијата.
Ниепс ја направил првата успешна трајна фотографија. Тој почнал со експерименти уште од 1793. Некои од неговите рани експерименти резултирале со слики, но тие набргу избледнувале. Се смета дека Ниепс почнал да прави долготрајни слики во 1824. Најстарата трајна фотографија зачувана денес била направена во јуни или јули 1827 (или 1826, според некои извори). Ниепс овој процес го нарекол „хелиографија“, што значи „сонцепис“. Ова бил бавен процес кој барал некои 8 часа силно сонце за да може да се отслика тоа што се слика; затоа бил користен за фотографирање на згради и неподвижни предмети, но не за луѓе.
Почнувајќи од 1829 Ниепс почнал да соработува и да го подобрува фотографскиот процес заедно со Луј Дагер. Умрел ненадејно од срцев удар во 1833.
Кратерот Ниепс на Месечината и именуван по него за неговите заслуги.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Жозеф Нисефор Ниепс“ |
- Изложбен веб-сајт на тема „Првата фотографија“ при Тексашкиот универзитет (англиски)
- Повеќе за Ниепс (англиски)
