Елвис Пресли
Од Википедија
(Пренасочено од Елвис Присли)
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Елвис Арон Пресли (англиски: Elvis Aaron Presley) (8 јануари, 1935 – 16 август, 1977), исто така познат како Крал на рокенролот, или едноставно како Кралот (англиски: The King) бил американски пејач чиј ефект на светската култура може да се спореди само со оние на Битлси и Чак Бери. Тој ја почнал кариерата под името Хилбили Мачорот и набрзо добил прекар Елвис Пелвис заради неговиот сексуално сугестивен стил на изведба. По број на продадени плочи, постигнувањата на Елвис се феноменални и го надминуваат секој друг музичар.