Драга Чаловска-Секуловска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Драга Чаловска - Секуловска (Битола, 13 октомври 1923 - 5 јули 1988) — македонска новинарка, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје, каде што непосредно по ослободувањето, во еден период кога радиото бележело брз и сестран развој, ја вршела функцијата уредник на Радио Скопје.