31 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Јули 2014

31 јули е 212-иот ден во годината според григоријанскиот календар (213-и во престапна година). Остануваат 153 денови до крајот на годината.

Настани:

904  Солун бил освоен и уништен од Арапите. Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство.
1498  Кристифор Колумбо, на своето трето патување во новиот свет, го открива островот Тринидад, а потоа за првпат стапна на брегот на Јужна Америка.
1908  По победата на Младотурската револуција, Јане Сандански упатува „Манифест до сите народности во Османската империја“.
1941  Германскиот рајхсмаршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхард Хајдрих да направи нацрт-план за елиминирање на Евреите во Европа.
1945  Пјер Лавал, водачот на Вишиевска Франција, е уапсен од сојузничките војници во Австрија.
1954  Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот „Годвин Остин“, попознат како К2, на Каракорум, кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата.
1964  Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем дострел на астрономијата по Галилео Галилеј.
2006  На Куба Фидел Кастро му ја предава власта на својот брат Раул Кастро.

Родени:

1800  Фридрих Велергермански хемичар.
1912  Милтон Фридманамерикански економист и нобеловец
1919  Примо Левииталијански писател.
1965  Џоан Роулингшкотска писателка — автор на книгите „Хари Потер“.
1969  Антонио Конте — италијански фудбалер и тренер.

Починале:

1784  Дени Дидрофранцуски филозоф.
1849  Шандор Петефи — унгарски поет.
1886  Франц Листунгарски пијанист и композитор.
1907  Пандо Кљашев — македонски револуционер.
1944  Антоан де Сент Егзипери — француски писател и авијатичар.
2001  Тахир Синани — поранешен член на ОНА.
2001  Бурим Хусеини — поранешен член на ОНА.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември