Алексеј Цатевич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алексеј Цатевич
Лични податоци
Цело име Алексеј Владимирович Цатевич
Роден 5 јули 1989 (1989-07-05) (25 г.)
Верхњаја Пишма, Советски Сојуз
Висина 1,69 м
Маса 64 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Катјуша
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2007
2011
Педале Кастелано Понтенуре

Итера-Катјуша
Професионални клубови
2012– Тим Катјуша
Последна промена
16 ноември 2014

Алексеј Цатевич (руски: Алексей Владимирович Цатевич; р. 5 јули 1989) — руски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Тим Катјуша.[1]

Цатевич се натпреварува како професионалец од почетокот на сезоната 2012, кога му се приклучил на Тим Катјуша,[2] претходно настапувајќи за развојната екипа на Катјуша, Итера-Катјуша, во 2011. По неколку пласмани во првите десет во текот на сезоната 2012, Цатевич ја постигнал својата прва победа во неговата професионална кариера во февруари 2013, кога ја освоил трката Ле Самин во Белгија.[3][4] Цатевич нападнал на околу 500 метри пред целта и успеал да ја победи групата на целта во Дур.[5]

Достигнувања[уреди]

2007
1. Трофео Сан Роко
1. Етапа 1 Трофе Сентр Морбијан
2008
1. Џорни Маркиџани
2009
4. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
9. Гран Премио дела Либерационе
10. ГП Инда
2010
1. Краен пласман Гагра-Сухуми
1. Етапа 1
2. Копа дел Мобилио
10. Гран Премио дела Либерационе
2011
1. MaillotRusia.PNG Национално критериум првенство
1. ГП де ла Вил де Ножен сир Езе
1. Етапа 2 Тур Јероскипис
1. Етапа 2 ГП Коста Азул
1. Етапа 4 Тур Алзас
1. Етапа 6 Трка околу Бугарија
2. Ла Кот Пикард
2. ГП Москва
2. ГП Будимпешта
7. ЗЛМ Тур
7. ГП Крањ
10. Мајор Куп
2012
8. Трофео Палма де Мајорка
8. Ле Самин
8. Хел ван хет Мергеланд
10. Трофео Мигјорн
2013
1. Ле Самин
1. Етапа 3 Сетимана Сиклистика Ломбарда
9. Трка околу Франкфурт
10. Краен пласман Трка околу Белгија
2014
2. Ле Самин
7. Гент-Вевелгем
10. Брабант Пејл

Наводи[уреди]

  1. „Катјуша (KAT) – РУС“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciprotour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=OTU&RefDate=27.02.2013&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. конс. 27 февруари 2013. 
  2. Вестемајер, Сузан. „Цабел се приклучува на Катјуша како спринтерски тренер“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 октомври 2011 (конс. 27 февруари 2013).
  3. Цатевич од Катјуша спринташе за победа во Ле Самин“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 27 февруари 2013 (конс. 27 февруари 2013).
  4. Geraint Thomas narrowly misses out on solo victory as Alexey Tsatevich wins Le Samyn“, „Sky Sports“, BSkyB, 27 февруари 2013 (конс. 27 февруари 2013).
  5. Цатевич победи на Ле Самин“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 февруари 2013 (конс. 27 февруари 2013).

Надворешни врски[уреди]