Валтер Гропиус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Валтер Адолф Георг Гроопиус
Роден(а) 18 мај 1883
Берлин
Починал(а) 5 јули 1969
Кембриџ, Масачусетс, САД
Националност Германец/Американец

Валтер Гропиус (18 мај 1883, Берлин - 5 јули 1969 Кембриџ, Масачусетс) бил германски архитект, познат како основач на Баухаус.[1] Заедно со Лудвиг Мис ван дер Рое и Ле Корбизје се смета за еден од зачетниците на модерната архитектура.

Семејство[уреди]

Валтер Гропиус се родил во Берлин како трето дете на Валтер Адолф Гропиус и Манон Гропиус, кои не поседувале висок степен на образование. По таткова линија, тој бил потомок на архитектот Мартин Гропиус, додека неговата мајка била ќерка на прусискиот политичар Георг Шарнвебер. Во 1910 година, се запознал со Алма Малер, вдовица на познатиот композитор Густав Малер, со која започнал да има вонбрачни односи. Но, четири години по смртта на Малер, се оженил со неа во 1915. Од овој брак се родила нивната ќерка, Алма Манон (1916-1935), која по нејзината рана смрт била овековечена преку виолинскиот концерт од Албан Берг, познат и под насловот „Во спомен на еден ангел“, како и во литературно дело од Франц Верфел. Бракот со Алма траел сè до 1920 година. Во 1923, Гропиус се оженил со новинарката Иза Франк (1897-1987).[2] Со неа бил во брак до крајот на животот, а двојката ја посвоила ќерката Беате.

Кариера[уреди]

Рани години[уреди]

Исто како татко му и како неговиот предок Мартин Гропиус, Валтер станал архитект. Тој не можел да црта и за време на својата кариера зависел од соработката со останати изведувачи. Така на пример, додека одел во училиште имал потреба од помошник во пишувањето на домашната задача.

Ги започнал студиите по архитектура на Минхенскиот технички универзитет во 1903 година. Во 1906 година, продолжил на Берлинскиот технички универзитет, но во 1908, се откажал без да добие диплома за завршено образование.[3] Истата година, се вработил во бирото на Петер Беренс, каде што освен него работеле и славните архитекти: Лудвиг Мис ван ден Рое, Ле Корбизје и Дитрих Маркс. По двегодишна соработка со Беренс, Гропиус се одвоил и започнал да работи самостојно како индустриски инженер и архитект. Како добар обликувач на формата, правел нацрти на внатрешно уредување, тапети, сериски мебел, автомобилски школки, а изработил и нацрт на една дизелна локомотива. Неговото прво позначајно дело била фабриката Фагус во Анфелд на Лајна, на чијашто изградба работел заедно со Адолф Мејер. Иако двајцата архитекти ја изработиле само фасадата на градбата, со своите челични и стаклени елементи, таа е пример за примената на правилото дека „формата е последица на функцијата“ и важи за показно дело кон подоцнежната „модерна архитектура“, којашто во текот на 1920-тите била општо позната како „нови градби“ или „нова објективност“. Во јуни 2011, градбата била вклучена во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Bauhaus, Тејт
  2. Ulrike Müller: Bauhaus-Frauen. Meisterinnen in Kunst, Handwerk und Design. Elisabeth Sandmann Verlag, München 2009, ISBN 978-3-93804536-7.
  3. Welf Grombacher: Vater des modernen Bauens, Artikel in der Märkischen Oderzeitung, Frankfurter Stadtbote 17./18. Mai 2008, стр. 8. 1907