24 јули
Од Википедија, слободната енциклопедија
24 јули е 205-иот ден во годината според григоријанскиот календар (206-и во престапна година). Остануваат 160 денови до крајот на годината.
| << | јули | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 | |||
Содржина |
Настани [уреди]
| 1148 | Луј VII од Франција поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна. |
| 1534 | Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I. |
| 1715 | Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите. |
| 1823 | Укинато е ропството во Чиле. |
| 1908 | Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција. |
| 1923 | Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна ја потпишаа Лозанската декларација, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија. |
| 1946 | Во Пацификот, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија. |
| 1974 | По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција. |
| 2002 | Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија. |
Родени [уреди]
| 1725 | Џон Њутон, англиски морнар и свештеник. |
| 1783 | Симон Боливар, јужно-американски борец за независност. Истиот ден се слави како Ден на Симон Боливар во Еквадор. |
| 1802 | Александар Дима Таткото, француски писател. |
| 1828 | Николај Чернишевски, руски писател, критичар и револуционер. |
| 1921 | Џузепе Ди Стефано, италијански оперски пејач. |
| 1946 | Тито Беличанец, македонски правник. |
| 1969 | Џенифер Лопез, американска актерка и пејачка. |
| 1974 | Милан Јуришиќ, српски криминалец. |
| 1975 | Рајан Стак, натурализиран македонски кошаркар. |
| 1985 | Лукаш Росол, чешки тенисер. |
Починале [уреди]
| 1957 | Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Роден е во Прилеп, на 17 август 1902 година. |
| 1974 | Џејмс Чедвик, англиски физичар, откривач на неутронот и Нобелов лауреат во 1935 година. |
| 1980 | Питер Селерс, британски филмски актер, комичар. |
| 1991 | Исак Башевис Сингер, американски писател и Нобелов лауреат, по потекло полски Евреин. |
| 2000 | Клод Соте, француски филмски режисер-оскаровeц. |
| 2001 | Махир Камбери, поранешен член на ОНА. |
| 2001 | Сељман Нухиу, поранешен член на ОНА. |
| 2001 | Неџмедин Сулејмани, поранешен член на ОНА. |
Празници [уреди]
| Еквадор - Ден на Симон Боливар. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |