Рајан Стак

Од Википедија — слободната енциклопедија

Рајан Стак (роден 24 јули 1975 во Нешвил, Тенеси) — натурализиран македонски кошаркарски репрезентативец, кој настапува за украинскиот кошаркарски прволигаш КК Киев. Играта на позиција крилен центар. Стак го носи бројот 13 во Македонската кошаркарска репрезентација.

Во 1998, тој беше одбран со 48 пик на НБА драфтот.Тој има настапувано за Кливленд Кавалиерс во НБА, и Арис од Солун во грчката прва лига. Тој е висок 211 см и тежок 100 кг. Рајан не доби многу шанса како резервата на Литванецот Зидрунас Илгаускас. Рајан заигра во 43 натпревари во НБА пред да се пресели во Шпанија. Настапуваше во Шпанија, Израел, пред да заигра за Грчкиот Арис, со кој освои еден Европски куп и второто место во УЛЕБ Купот.

Тимови за кои има настапувано[уреди | уреди извор]