Хавана
| Хавана La Habana |
|||
|---|---|---|---|
| — Град — | |||
Колаж од знаменитости на Хавана |
|||
|
|||
| Прекар(и): Град на столбовите | |||
|
|
|||
| Координати: | |||
| Земја | Куба | ||
| Покраини | Хавана | ||
| Основана | 1515а | ||
| Градски статус | 1592 | ||
| Општини | 15 | ||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Марта Ернандез (PCC) | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 728,26 км2 | ||
| Надм. вис. | 59 м | ||
| Население Попис 2011[1] | |||
| • Вкупно | ▼ 2.930.201 | ||
| Час. појас | UTC−05:00 (UTC-5) | ||
| • Лете (DST) | UTC−04:00 (UTC-4) | ||
| Пошт. бр. | 10xxx–19xxx | ||
| Повик. бр. | (+53) 07 | ||
| Светец-заштитник | Св. Христофор | ||
| a Основана на денешното место во 1519 г. | |||
Хавана (шпански: La Habana) е главен град на Куба кој со своите 2,5 милиони жители е најголем град во Куба и на Карибите. Хавана се наоѓа на околу 160 км југозападно од Ки Вест на Флорида Киз. Градот Хавана (официјално: "Ciudad de la Habana") е една од покраините на Куба.
Хавана се наоѓа на брегот на Флоридскиот Проток. На островот Куба, овој град е сместен во неговиот северозапад и е опкружен од провинцијата Хавана на југ, исток и запад.
Конквистадорот Диего Велазкез де Куелјар ја основал Хавана во 1515 година, на јужниот брег на островот, блиску до денешниот град Сиргидеро де Батабано. Градот Хавана бил преселен на сегашната локација (тогаш позната како Карењас) во 1519 година.
Хавана била првобитно трговско пристаниште, а постанала главен град на шпанската колонија Куба во 1607 година, како и главно пристаниште на шпанските колонии во Новиот свет.
Општини [уреди]
Градот е поделен на 15 општини[2] или „околии“, кои потоа се делат на 105 маала[3] наречени „народни совети“ (consejos populares).
- Аројо Наранхо
- Бојерос
- Гванабакоа
- Диез де Октубре („10 Октомври“)
- Которо
- Лиса
- Маријанао
- Плаза де ла Револусион (Плоштад на револуцијата)
- Плаја
- Регла
- Сан Мигел дел Падрон
- Сентро Хабана
- Серо
- Хабана Веха (Стара Хавана)
- Хабана дел Есте (Источна Хавана)
Наводи [уреди]
- ↑ „Попис на населението од 2009 г.“. http://www.one.cu/aec2009/datos/ciudad%20habana.pdf. (шпански)
- ↑ http://www.one.cu/aec2009/datos/01TERRITORIO.pdf Население по покраини и општини
- ↑ „Официјални статистики за Хавана“. Oficina Nacional de Estadisticas de Cuba (ONE). http://www.one.cu/publicaciones/provincias_masinf/la%20habana.htm. проверено на 27 ноември 2011.
Надворешни врски [уреди]
- Карта на Хавана
- Слики на луѓе и места во Хавана
- Марк Моксон, патеписец - Страница за посетата на писателот на Хавана во 2005 година (со фотографии)
|
|
|||||