Николај Чернишевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чернишевски

Николај Гаврилович Чернишевски (на руски: Никола́й Гаври́лович Черныше́вский ) е истакнат руски општественик, писател, економист и филозоф [1].

Биографија[уреди]

Чернишевски е роден на 24 јули 1828 година во Саратов. Израснал во семејството на сеобразован свештеник. Првично учи дома. Завршува Саратовската духовна семинарија во 1845 година и историско-Филолошки отсек при Петербургскиот универзитет во 1850 година.

Некое време (1851-1853 година) предава руски јазик и литература во Саратовската гимназија. Во 1853 година се запознава со својата идна сопруга и по мажење си истата година се преселува во Петербург. Во главниот град Чернишевски станува соработник на леволибералните (речиси радикални) списанија "Татковински белешки" и "Современник".

Врз формирањето на светогледот на Чернишевски силно влијаат класици на германската филозофија, англиската политичка економија и францускиот утописки социјализам. Особено силно е влијанието на Висарион Белински и Александар Херцен‎. При завршувањето на универзитетот тој веќе е убеден филозоф-материалист, демократ со радикални убедувања и приврзаник на утопискиот социјализам. Чернишевски ја брани магистерската темана: "Естетските односи на уметноста во реалноста", со што ги поставува основите на материјалистичка естетика во Русија.

Новинарската дејност на Чернишевски е насочена кон решавање на општествените проблеми во Русија преку искоренување на крепсоничките односи. Во печатот објавил историско-литературни и литературно-критички статии, го заштитува реализмот во литературата и ја утврдува тезата дека литературата треба да служи во интерес на народот.

По 1857 година целото негово внимание е насочено кон економските и политички проблеми во Русија. Заедно со Херцен станува еден од креаторите на народњаштвото. Влијанието на Чернишевски во руското општество расте силно особено по укинувањето на крепсоничките односи на 19 февруари 1861 година. Во своето најпознато дело "Што да се прави" (1862-1863 година) Чернишевски го опишува животот на луѓето во новото општество на " разумни егоисти ", кои живеат од својот труд и на нов начин го организираат одговараат семеен живот и животот во општеството.

Поради својата политичка и литературна дејност Чернишевски е уапсен и осуден во 1864 година на 7 години тешка работа и вечен прогон на Сибир. Откако ја ислужува својата присилна казна, во 1871 година тој е населен во Виљуската тврдина, каде живее до 1883 година, кога му е дозволено да се прсели во Астрахан под постојан полициски надзор. Во јуни 1889 година Чернишевски добива дозвола да живее во својот роден град Саратов, каде што умира на 29 октомври истата година.

Дела[уреди]

Романи[уреди]

  • 1862−1863 — Что делать ? Из рассказов о новых людях.
  • 1863 — Повести в повести (незаконч.)
  • 1867−1870 — Пролог. Роман из начала шестидесятых годов.(незаконч.)

Историски раскази[уреди]

  • 1863 — Алферьев.
  • 1864 — Мелкие рассказы.

Литературна критика[уреди]

  • 1850 — О «Бригадире» Фонвизина. Кандидатская работа.
  • 1854 — Об искренности в критике.
  • 1854 — Песни разных народов.
  • 1854 — Бедность не порок. Комедия А. Островского.
  • 1855 — Сочинения Пушкина.
  • 1855−1856 — Очерки гоголевского периода русской литературы.
  • 1856 — Александр Сергеевич Пушкин. Его жизнь и сочинения.
  • 1856 — Стихотворения Кольцова.
  • 1856 — Стихотворения Н. Огарева.
  • 1856 — Собрание стихотворений В. Бенедиктова.
  • 1856 — Детство и отрочество. Военные рассказы графа Л. Н. Толстого.
  • 1856 — Очерки из крестьянского быта А. Ф. Писемского.
  • 1857 — Лессинг. Его время, его жизнь и деятельность.
  • 1857 — «Губернские очерки» Щедрина.
  • 1857 — Сочинения В. Жуковского.
  • 1857 — Стихотворения Н. Щербины.
  • 1857 — «Письма об Испании» В. П. Боткина.
  • 1858 — Русский человек на rendez-vous. Размышления по прочтении повести г. Тургенева «Ася».
  • 1860 — Собрание чудес, повести, заимствованные из мифологии.
  • 1861 — Не начало ли перемены ? Рассказы Н. В. Успенского. Две части.

Публицистика[уреди]

  • 1856 — Обзор исторического развития сельской общины в России Чичерина.
  • 1856 — «Русская беседа» и ее направление.
  • 1857 — «Русская беседа» и славянофильство.
  • 1857 — О поземельной собственности.
  • 1858 — Откупная система.
  • 1858 — Кавеньяк.
  • 1858 — Июльская монархия.
  • 1859 — Материалы для решения крестьянского вопроса.
  • 1859 — Суеверие и правила логики.
  • 1859 — Капитал и труд.
  • 1859−1862 — Политика. Ежемесячные обзоры заграничной политической жизни.
  • 1860 — История цивилизации в Европе от падения Римской империи до Французской революции.
  • 1861 — Политико-экономические письма к президенту Американских Соединенных Штатов Г. К. Кэри.
  • 1861 — О причинах падения Рима.
  • 1861 — Граф Кавур.
  • 1861 — Непочтительность к авторитетам. По поводу 'Демократии в Америке' Токвиля.
  • 1861 — Барским крестьянам от их доброжелателей.
  • 1862 — В изъявление признательности Письмо к г. З<ари>ну.
  • 1862 — Письма без адреса.
  • 1878 — Письмо сыновьям А. Н. и М. Н. Чернышевским.

Мемоари[уреди]

  • 1861 — Н. А. Добролюбов. Некролог.
  • 1883 — Воспоминания о Некрасове.
  • 1884−1888 — Материалы для биографии Н. А. Добролюбова, собранные в 1861—1862.
  • 1884−1888 — Воспоминания об отношениях Тургенева к Добролюбову и о разрыве дружбы между Тургеневым и Некрасовым.

Философија и естетика[уреди]

  • 1854 — Критический взгляд на современные эстетические понятия.
  • 1855 — Эстетические отношения искусства к действительности. Магистерская диссертация.
  • 1855 — Возвышенное и комическое.
  • 1855 — Характер человеческого знания.
  • 1858 — Критика философских предубеждений против общинного владения.
  • 1860 — Антропологический принцип в философии. «Очерки вопросов практической философии». Сочинение П. Л. Лаврова.
  • 1888 — Происхождение теории благотворности борьбы за жизнь. Предисловие к некоторым трактатам по ботанике, зоологии и наукам о человеческой жизни.

Переводи[уреди]

  • 1860 — «Оснований политической экономии Д. С. Милля». Со своими примечаниями.
  • 1884−1888 — "Всеобщая история Г. Вебера. Со своими статьями и комментариями.

Извори[уреди]

  1. Каменев Л. Б. Чернышевский, 1933. — 196 с. (Жизнь замечательных людей)