Сибир

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Сибир во рамките на Русија

Сибир (рус. Сибирь), е огромна област во северниот дел на Азија, во состав на Русија. Тој се протега од планината Урал на запад до Тихиот Океан на исток и ги опфаќа Средносибирската Висорамнина и источносибирските планини. Во своите природни граници, Сибир зафаќа 11 милиони km2, со преку 30 милиони жители. По своите природни карактеристики се дели на две различни области: Западен Сибир - од Урал до реката Енисеј, кој претставува една пространа низина (Западносибирска Низина, најголема во светот) и Источен Сибир - источно од Енисеј, област со ридови, висорамнини и планиниски венци со голема височина. Сибир излегува на бреговите на Северниот Леден Океан и поларните мориња: Карско, Лаптевско, Источносибирско, Чукотско, Берингово, Охотско и Јапонско Море.

Содржина

[уреди] Клима

Физичка карта на северна Азија.

Климата во Сибир е поларно-континентална на север (на пример, градот Верхојанск на 67°33’ СГШ има средна годишна температура од -16,3°С, а средна јануарска од -50,5°С) и континентална на југ (Томск на 56°30’ СГШ има средна годишна температура од -1°С, средна јануарска од -19,6°С, средна јулска 18,7°С), додека на далечниот исток, кај приморјето на Тихиот Океан и Јапонското Море климата е нешто поблага поради влијанието на морето (Владивосток на 43°7’ СГШ има средна годишна температура од 4,3°С, средна јануарска од -15,1°С, средна јулска 20°С).

[уреди] Хидрографија

Најголеми реки во Сибир се Об со притоката Иртиш, Енисеј со Селенга и Ангара, Јана, Индигирка, Колима во сливот на Северниот Леден Океан; Амур во сливот на Тихиот Океан. Од езерата, најпознато е Бајкалското Езеро, кое е и најдлабокото езеро во светот.

[уреди] Планини

Од планините, во Сибир се наоѓаат Алтај (со највисокиот врв Бјелуха, висок 4,506 m), Сајански Планини (3,492 m), Јаблановски Планини (2,800 m), Становојски Планини (2,840 m), Алдански Планини (2,700 m), Верхојански Планини (2,960 m), Черскога (3,147 m), Колимски Планини (2,222 m), Анадирски Планини (2,320 m) и вулканот Клучевскаја Сопка (4,750 m) на полуостровот Камчатка.

[уреди] Биогеографија

Од растителните зони, во Сибир се застапени тундрата на крајниот север, тајгата во северен и среден Сибир која зафаќа простор поголем од половина Европа и се одликува со големо богатство на топлокрвни животни, како дабари, самури, ермелини, поларни лисици итн.); потоа област на земјоделски култури во јужен Сибир, северно и јужно од транссибирската железница; степски предели на југ и југозапад.

[уреди] Административна поделба

Географски, во Сибир спаѓаат федералните субјекти на Сибирскиот федерален округ, некои од Уралскиот федерален округ и републиката Јакутија, која е дел од Далекуисточниот федерален округ (видете го списокот на субјекти подолу). Од историска гледна точка, сиот Руски Далек Исток се смета за сегмент на Сибир.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици