Тјеншан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тјеншан

Венецот Тјеншан на границата помеѓу Кина и Киргистан. Во средината се издига планината Хан Тенгри (7.010 м)
Највисока точка
Врв Џенгиш Чоксу
Надм. височина 7439 м
Координати 42°02′06″ СГШ 80°07′32″ ИГД / 
Географија
Земји
Сојузни држави/Покраини Фергана, Џаму и Кашмир и Гилгит-Балтистан
Координати 42°00′00″ СГШ 80°00′00″ ИГД / 42, 80
Геологија
Период кенозоик

Тјеншан е планински систем кој се наоѓа во Централна Азија со највисокиот врв, „Врв на Победата“ (Џенгиш Чокосу, 7.439 м).

Името на венецот е кинеско () и значи „небесни планини“. Локални имиња на друи јазици се: казашки: Хан Тәңірі, киргиски: Теңир-Тоо, монголски: Тэнгэр уул и ујгурски: تەڭرى تاغ‎ (Тенгри Таг).

Убавините на Тјеншан[уреди]

Круничките на цвеќе љубичица во сите бои – бела, жолта, сина, темновиолетова – му паднале во очи на англискиот авантурист Чарлс Хауард Бери, кога јавајќи низ шумата наишол на падините на планината Тјеншан во јуни 1913 г., запишувајќи: „Цвеќињата растат толку збиени едно до друго „а при секој чекор газевме по некој цвет“. Додал дека никогаш не видел толку богат растителен свет – изгледало дека таму растат сите видови што можат да се видат во англиските градини.

Издигнувајќи се над сивата пустина, до снежните врвови и гребените покриени со мраз, се протегаат планините на централна Азија, долги 2.900 км.

Експедиција[уреди]

Првиот Европеец кој во 1856 година ги истражил бил Русинот Петар Семјонов, а во експедицијата ги придружувале Козаци. Од Алма Ата се качиле на Исик Кул, небесно-сино „жешко езеро“, што така се нарекува затоа што никогаш не замрзнува. Тоа е најголемото планински езеро во светото, четирипати поголемо од поширокото подрачје на Лондон.

Преминот Санташ[уреди]

Се зборува дека Тимур, монголскиот водич од 14 век барал секој од неговите луѓе да земе камен од брегот на езерото и при поминувањето на планината да го стави својот камен кај преминот Санташ. Така преминот го добил името „премин на преброени камења“. На враќање секој војник земал по еден камен од купот и според бројот на камењата што останале Тимур знаел колку луѓе загинале во нападот на Кинезите. Семјонов го преминал Санташ за да ги види највисоките врвови на Тјеншан – Врвот на победата (7.439 м) и Врвот Хантегри Фенг (6.995 м), на кинеската граница.

Животински и растителен свет[уреди]

На планините расте диво овошје, рози и див кромид. Напролет површините изобилуваат со лалиња. Меѓу нив е и реткиот вид Грејгово лале, чии цветови се долги 75 мм. Козорозите ги брстат грмушките во близина на снежната покривка, а ретките снежни леопарди ги обликуваат шумите низ кои скитаат волци, диви свињи и мечки.

Наводи[уреди]

  • The Contemporary Atlas of China. 1988. London: Marshall Editions Ltd. Reprint 1989. Sydney: Collins Publishers Australia.
  • The Times Comprehensive Atlas of the World. Eleventh Edition. 2003. Times Books Group Ltd. London.

Надворешни врски[уреди]

Користена литература[уреди]

Издавачка куќа: „МА-ТИСК“, Марибор, 2008 год.