Енисеј
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Енисеј (руски: Енисей) е најголемиот речен систем којшто тече кон Северен Леден Океан. Речниот систем во кој се уште и реките Ангара и Селенга е долг 5.539 км, а со тоа е напеттото место по должина во светот. Извирајќи во Монголија, Енисеј продолжува да тече низ централен Сибир заедно со Ангара и Селенга кон Енисејскиот Залив и морето Кара.
Покрај целиот речен систем се изградени многу моќни хидроцентрали во светот, а притоката на Енисеј Ангара е река на која се изградени најмоќните хидроцентрали на светот. Реката поминува низ областа на тајгите, а реката ја преминува и трансибирската железница минувајќи низ градот Краснојарск.
Горен Енисеј [уреди]
Енисеј во почетокот на своето течение се нарекува Горен Енисеј којшто е составен од реките Биј-Хем (руски:Бий-Хем) којашто извира помеѓу планините Источен Сајан и северните делови од Тану-Ола кај Тува, и од реката Каа-Хем (руски:Каа-Хем)којашто извира во Даркад во Монголија.
Долен Енисеј [уреди]
Јужно од Обско-енисејскиот канал реката Енисеј се нарекува Долен Енисеј и истата поминува низ Тунгузија и во близина на областа којашто во 1908 била погодена од метеорит. Целата околина покрај овој канал е со тундра, а последниот град низ којшто поминува (завршува) каналот е Дудинка којшто е споен со Краснојарск.
Реката е пловна, но кон нејзините северни текови, таа преку зима е замрзната, па затоа за кршење на мразот се употребуваат бродовите наречени ледокршачи.
