Алтајски Планини

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алтај пренасочува тука. За други значења, види Алтај (појаснување). За руската република види Република Алтај
Географска положба на Алтај
Највисокиот врв на Алтај, Белуха

Алтај е планински систем во централна Азија разделен помеѓу Монголија, Кина, Русија и Казахстан.

Се наоѓа помеѓу пустината Гоби на југоисток и Западносибирската низина на северозапад во должина од околу 2.000 km. Се состои од Рускиот Алтај (или Алтај во потесна смисла) Монголскиот и од Гобискиот Алтај. Највисок врв на целиуо систем е Белуха со 4.508 m,на Монголскиот Алтај.

Алтај е извориште на големите реки Об и Иртиш.

Реката Катуњ

Алтај е стара грамадна планина, составена од кристални шкрилци, гранит и паелозојски наслаги, кои се издигнале во квартарот. Палозоиските наслаги изобилуваат со железни, оловни, бакарни, цинкови и сребрни руди и јаглен.

Климата е континентална планинска со просечна јануарска температура од -15° (предгорјето) до - 32° (меѓупланинските котлини) и јулска од 14-16°. Годишната количина на врнежи во западниот и северозападниот дел на Алтај се од 1000 до 2000 mm, a а во југоисточниот од 200 дo 300 mm. Околу 800 km² се покриени со ледници кои ги напојуваат мноштвото на реки како: Катуњ, Бија, Бухтарма Чуја и др. Шумите завземаат околу 70% од површината на Алтај. Горната граница им е 1.700 до 2.000 m.





Литература [уреди]

  • Оваа статија вклучува текст од Encyclopædia Britannica Eleventh Edition,која е во јавен домен.


Надворешни врски [уреди]