Новосибирски Острови
Од Википедија, слободната енциклопедија
Новосибирските острови (руски: Новосиби́рские острова; јакутски: Саҥа Сибиир арыылара) е островска група во Арктичкиот Океан, североисточна Русија, северно од источен Сибир. Островите го делат Лаптевското Море од Источносибирското Море. Тие се одделени од сибирскиот брег со Дмитрилаптевскиот Теснец. Со површина од околу 38.000 км², тие се под снежната покривка повеќе од девет месеци во годината. Арктичката лисица, северниот елен, лемингот и многу видови птици ги населуваат овие острови. [1]
[уреди] Острови во архипелагот
[уреди] Наводи
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 36
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Новосибирски Острови“ |