Јакутски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јакутски јазик
Саха тыла
Зборуван во: Русија 
Регион: Јакутија
Вкупно говорници:
Јазично семејство: алтајски
 Турски јазици
  Јакутски јазик 
Писмо: јакутска азбука 
Статус
Службен во: Јакутија
Регулиран од:
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: sah
ISO 639-3: sah

Јакутскиот или познат како сахаски јазик е турски јазик од подгрупата на североисточни турски јазици. Јазикот го зборуваат околу 460,000 лица во Јакутија, Русија. Народот што го зборува јазикот е познат како Јакути или Сахаци. Јакутскиот јазик е официјален јазик во руската република Јакутија покрај федералниот руски јазик.

Класификација[уреди]

Јакутскиот јазик е дел од подгрупата североисточни турски јазици од групата на турски јазици. Во таа група, покрај јакутскиот, се и шорскиот, туванскиот и долганскиот јазик. Сите овие јазици, заедно со турските јазици, се сметаат за дел од семејството на алтајски јазици, јазично семејство кое е оспорено од голем број лингвисти.[1] Како и унгарскиот, финскиот, турскиот и чувашкиот, јакутскиот јазик има хармонија на самогласки, нема граматички род и и е дел од групата на аглутивни јазици. Исто така, заедничка особина со турските јазици е зборовниот ред, што значи речениците во јакутскиот се во следниот редослед: подмет-предмет-глагол.

Распространетост[уреди]

Јакутскиот јазик воглавно се зборува во Јакутија. Исто така има јакутски заедници во Хабаровскиот регион и мала дијаспора во останатите делови на Русија, Турција и останати земји. Јакутскиот јазик е „лингва франка“, покрај рускиот, на различните етнички заедници во Јакутија, како што се Долганци, Евенки, Евени и Јукагири. Така, околу 8% од населението кое не е од јакутско потекло тврдело дека знае јакутски на пописот во Русија во 2002 година.[2]

Писмо[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јакутска азбука.

Јакутското писмо е базирано на кирилицата. Модерното јакутско писмо е основано во 1939 година во СССР и е базирано на руската азбука, но има плус пет дополнителни букви кои се вметнати поради јакутскиот фонолошки систем.

буква име МФА белешки
А а а /a/
Б б бэ /b/
В в вэ /v/ Се наоѓа во зборови од руско потекло. [1]
Г г гэ /ɡ/
Ҕ ҕ ҕэ /ɣ, ʁ/
Д д дэ /d/
Дь дь дьэ /ɟ/
Е е е /e, je/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ё ё ё /jo/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ж ж жэ /ʒ/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
З з зэ /z/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
И и и /i/
Й й йот /j, ȷ̃/ Насализацијата на полусамогласката не се означува во правописот.
К к ка /k, q/
Л л эл /l/
М м эм /m/
Н н эн /n/
Ҥ ҥ эҥ /ŋ/
Нь нь эньэ /ɲ/
О о о /o/
Ө ө ө /ø/
П п пэ /p/
Р р эр /ɾ/
С с эс /s/
Һ һ һэ /h/
Т т тэ /t/
У у у /u/
Ү ү ү /y/
Ф ф эф /f/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Х х ха /x/
Ц ц цэ /ts/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ч ч че /c/
Ш ш ша /ʃ/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Щ щ ща /ɕː/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ъ ъ кытаатыннарар бэлиэ /◌./ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ы ы ы /ɯ/
Ь ь сымнатыы бэлиэтэ /◌ʲ/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Э э э /e/
Ю ю ю /ju/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Я я я /ja/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.

Граматика[уреди]

Фонологија[уреди]

Како што веќе наведовме, хармонијата на самогласки е изразита особина на јазикот. Ова значи дека сите самогласки во еден збор мора да се од ист вид, односно било тоа да е преден, заден, среден или кој било друг вид на самогласки.

Самогласки
Самогласките во јакутскиот јазик
кратки долги дифтонзи
затворени отворени затворени отворени
предни незаоблени i e ie
заоблени y ø øː
задни незаоблени ɯ a ɯː ɯa
заоблени u o uo


Согласки
Согласките во јакутскиот јазик
билабијални дентални алвеоларни непчани меконепчани глотални
носни m n ɲ ŋ
експлозивни p b t d c ɟ k ɡ
фрикати s x ɣ h
апроксимантни l j, ȷ̃
вевни ɾ

Лични заменки[уреди]

Јакутскиот јазик има шест лица, односно три во еднина и три во множина. Како и останатите турски јазици, така и јакутскиот нема род.

еднина множина
1. мин (min) биһиги (bihigi)
2. эн (en) эһиги (ehigi)
3. кини (kini) кинилэр (kiniler)

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Krueger, John R. (1962). „Yakut Manual“. Bloomington: Indiana U Press. 
  2. Russian Census 2002. 6. Владение языками (кроме русского) населением отдельных национальностей по республикам, автономной области и автономным округам Российской Федерации (Knowledge of languages other than Russian by the population of republics, autonomous oblast and autonomous districts) (руски)

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]