Руска азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија содржи фонетски симболи по МФА. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо уникодни знаци.

Современата руска азбука (рус. русский алфавит, русская азбука) е варијанта на кирилицата. Почнала да се употребува во Киевската Рус за време на нејзината христијанизација (988), или пак, доколку некои наоди се точно датирани, малку порано.

Тука азбуката е прикажана печатно. Ракописните руски букви се поинакви.

Азбука[уреди]

Руската азбука е следнава: (Слушнете )

Големо Мало Назив Стар назив1 МФА Македонски Нумеричка вредност19 Уникод (Хекс)
А а а
[a]
азъ
[as]
/a/ А 1 U+0410 / U+0430
Б б бэ
[bɛ]
буки
[ˈbu.kʲɪ]
/b/ или /bʲ/ Б - U+0411 / U+0431
В в вэ
[vɛ]
вѣди
['vʲe.dʲɪ]
/v/ или /vʲ/ В 2 U+0412 / U+0432

i=[same as u

Г г гэ
[gɛ]
глаголь
[glɐˈgolʲ]
/g/ или /gʲ/ Г 3
Д д дэ
[dɛ]
добро
[dɐˈbro]
/d/ или /dʲ/ Д 4 U+0414 / U+0434
Е е4 е
[jɛ]
есть
[jesʲtʲ]
/je/ или / ʲe/ Је 5 U+0415 / U+0435
Ё ё4,7 ё
[jo]
- /jo/ или / ʲo/ Јо - U+0401 / U+0451
Ж ж жэ
[ʐɛ]
живѣте
[ʐɨˈvʲɵ.tʲɪ]
/ʐ/ Ж - U+0416 / U+0436
З з зэ
[zɛ]
земля
[zʲɪˈmlʲa]
/z/ или /zʲ/ З 7 U+0417 / U+0437
И и4 и
[i]
иже
[ˈi.ʐɨ]
/i/ или / ʲi/ И 8 U+0418 / U+0438
Й й и краткое
[i ˈkra.tkəjɪ]
и съ краткой
[ɪ s ˈkra.tkəj]
/j/ Ј - U+0419 / U+0439
К к ка
[ka]
како
[ˈka.kə]
/k/ или /kʲ/ К 20 U+041A / U+043A
Л л эль
[elʲ]
люди
[ˈlʲʉ.dʲɪ]
/l/ или /lʲ/ Л 30 U+041B / U+043B
М м эм
[ɛm]
мыслѣте
[ˈmɨ.sʲlʲɪ.tʲɪ]
/m/ или /mʲ/ М 40 U+041C / U+043C
Н н эн
[ɛn]
нашъ
[naʂ]
/n/ или /nʲ/ Н 50 U+041D / U+043D
О о o
[o]
онъ
[on]
/o/ О 70 U+041E / U+043E
П п пэ
[pɛ]
покой
[pɐˈkoj]
/p/ или /pʲ/ П 80 U+041F / U+043F
Р р эр
[ɛr]
рцы
[rtsɨ]
/r/ или /rʲ/ Р 100 U+0420 / U+0440
С с эс
[ɛs]
слово
[ˈslo.və]
/s/ или /sʲ/ С 200 U+0421 / U+0441
Т т тэ
[tɛ]
твердо
[ˈtʲvʲɛ.rdə]
/t/ или /tʲ/ Т 300 U+0422 / U+0442
У у у
[u]
укъ
[uk]
/u/ У 400 U+0423 / U+0443
Ф ф эф
[ɛf]
фертъ
[fʲɛrt]
/f/ или /fʲ/ Ф 500 U+0424 / U+0444
Х х ха
[xa]
хѣръ
[xʲɛr]
/x/ Х 600 U+0425 / U+0445
Ц ц це
[tsɛ]
цы
[tsɨ]
/ts/ Ц 900 U+0426 / U+0446
Ч ч че
[tɕɛ]
червь
[tɕɛrfʲ]
/tɕː/ Ч 90 U+0427 / U+0447
Ш ш ша
[ʂa]
ша
[ʂa]
/ʂ/ Ш - U+0428 / U+0448
Щ щ ща
[ɕːa]
ща
[ɕtɕa]
/ɕː/ Ш или Шч - U+0429 / U+0449
Ъ ъ твёрдый знак
[ˈtvʲо.rdɨj znak]
еръ
[jɛr]
Белешка2 - U+042A / U+044A
Ы ы ы
[ɨ]
еры
[ˈjɛ.rɨ]
[ɨ]5 ’ И - U+042B / U+044B
Ь ь мягкий знак
[ˈmʲækʲɪj znak]
ерь
[jerʲ]
/ ʲ/3 ј - U+042C / U+044C
Э э6 э
[ɛ]
э оборотное
[ˈɛ ə.bɐˈro.tnə.ɪ]
/e/ Е - U+042D / U+044D
Ю ю ю4
[ju]
ю
[ju]
/ju/ или / ʲu/ Ју - U+042E / U+044E
Я я4,16,17 я
[ja]
я
[ja]
/ja/ или / ʲa/ Ја - U+042F / U+044F
букви отфрлени во 1918
І і8 - і десятеричное
[i]
/i/ или / ʲi/ Како И 10
Ѳ ѳ9 - ѳита
[fʲɪˈta]
/f/ или /fʲ/ Како Ф 9
Ѣ ѣ10 - ять
[jætʲ]
/je/ или / ʲe/ Како Е -
Ѵ ѵ11 - ижица
[ˈi.ʐɨ.tsə]
/i/ или / ʲi/ Како И -
букви вон употреба од XVIII век18
Ѕ ѕ14 - зѣло
[ˈzʲɛ.lə]
/dz/, /z/ или /zʲ/ Ѕ 6
Ѯ ѯ12 - кси
[ksʲi]
/ks/ или /ksʲ/ Кс 60
Ѱ ѱ12 - пси
[psʲi]
/ps/ или /psʲ/ Пс 700
Ѡ ѡ13 - омега
[ɐˈmʲɛ.gə]
/o/ Како О 800
Ѫ ѫ - юсъ большой
[jus bɐlʲˈʂoj]
/u/,/ju/ или / ʲu/15 Како Ј или Ју -
Ѧ15 ѧ15 - юсъ малый
[jus ˈmɑ.lɨj]
/ja/ или / ʲa/16 Како Ја -
Ѭ ѭ - юсъ большой іотированный
[jus bɐlʲˈʂoj jɪˈtʲi.rə.vən.nɨj]
/ju/ или / ʲu/15 Како Ју -
Ѩ ѩ - юсъ малый іотированный
[jus ˈmɑ.lɨj jɪˈtʲi.rə.vən.nɨj]
/ja/ или / ʲa/15 Како Ја -

Самогласните букви претставуваат и „тврди“ и „меки“ (палатализирани, во МФА претставени како < ʲ >) фонеми, зависно (со извесни исклучоци) од тоа дали следат јотирани или омекнувачки самогласки. The transcriptions of the names of the letters attempt to reflect the reduction of non-stressed vowels.

Непалатализирани букви[уреди]

2. Тврдиот знак <ъ> се користи за одделување на префикси од престојна јотирана самогласка. Првичниот изговор, кој се изгубил најдоцна до до 1400, бил мошне краток шва-звук (како во бугарскиот), /ŭ/ но веројатно изговаран како изговор [ə] или [ɯ]

3. Мекиот знак <ь> означува палатализација на претходната согласка. Ова е од важност бидејќи палатализацијата во рускиот јазик е фонемска. На пример, „брат“ [brat] ('брат') за разлика од „брать“ [bratʲ] ('зема').[Нав. 3]

Првичниот изговор на мекиот знак, кој се изгубил најдоцна до 1400, бил многу кратка предна скретена самогласка /ĭ/ но веројатно се изговарала како ɪ или [jɪ]. Во современиот јазик сѐ уште постојат остатоци од ова древно читање, во коегзистентните варијанти на постоечки имиња, кои се читаат различно, како во името Марья и Мария (Марија).

Самогласки[уреди]

4. Самогласките <е, ё, и, ю, я> нзначуваат дека им претходи палатална согласка и со исклучок на <и>, тие се јотираат (се изговараат со претходно /j/) кога стојат на почеток на зборот или по друга самогласка (почетното <и> се јотирало до XIX век). Прикажаните самогласки по МФА се само водич, и по некјогаш се реализираат како други звуци, особено кога се ненагласени. Меѓутоа, <е> се користи во позајмени зборови без палатализација и означува /e/. Овие зборови мораат да се научат напамет (за да се избегне користење на <э> по согласка), и <я> често се реализира како [æ] помеѓу меки согласки, како кај „мяч“, ('топка-играчка').

5. <ы> е стара прасловенска времепоказателна самогласка, најдобро зачувана во рускиот јазик. Првобитно била назализирана на извесни позиции.

6. <э> била воведена во 1708 за разликување на нејотираната/непалатализирачката буква /e/ од јотираната/палатализирачката. Првично се користело <е> за нејотирани /e/, <ѥ> или <ѣ> за јотирани, но до XVI век <ѥ> било исфрлено. Кај руските (нестрански) зборови, <э> го наоѓаме само на почеток на зборот, но во друг случај може да се најде секаде, како за пишување на странски имиња и други позајмени зборови.

7. <ё>, ја вовел Николај Карамзин во 1797, и го означува звукот /jo/ кој историски се развил преку нагласеното /je/, процес кој продолжува и ден денес. Во пишувањето, буквата <ё> е изборна: формално правилно е да се пишува <e> и за /je/ и за /jo/. Постоеле неколку обиди за задолжителна употреба на <ё>, но ниеден не успеал.

Букви отфрлени во 1918[уреди]

8. <і>, по изговор идентично на <и>, било користено исклучиво веднаш пред други самогласки и <й> (на пример, „патріархъ“ [pətrʲɪˈarx], 'патријарх') и зборот „міръ“ [mʲir] ('свет') и од нив изведените зборови, за разликување од зборот „миръ“ [mʲir] ('мир').

9. <ѳ> („фита“), од грчката тета, по изговор била идентична на <ф>, но имала етимолошка употреба (на пример, „Ѳёдор“).

10. <ѣ> („јат“) првично имал свој посебен звук, но до средината на XVIII век станал по изговор идентичен на <е> in the standard language. Од неговото исфрлање во 1918, тој останал политички симбол на стариот правопис.

11. <ѵ> („ижица“), од грчкиот ипсилон, по изговор била идентична на <и>, како кај византискиот грчки, но се користел етимолошки; до 1918 станала многу ретка.

Букви вон употреба до 1750[уреди]

12. <ѯ> и <ѱ> се грчки букви кси и пси, во етимолошка, иако недоследна употреба, во световни текстови до XVIII, и подоследно до денешен ден во црковнословенскиот јазик.

13. <ѡ> е грчката буква омега, по изговор индентична на <о>, се користела во световни текстови до XVIII век, а до ден денес во црковнословенскиот, главно за разликување на флексивни форми кои инаку би се пишувале исто.

14. <ѕ> соодветна на поархаичниот изговор /dz/ (до ден денес присутен во македонскиот како „ѕ“), веќе била неприсутна на почетокот на историјата на источнословенските јазици, но по традиција била одржувана во извесни зборови во световните текстови до XVIII век, а истата продолжува да се употребува во црковнословенскиот до денес.

15. Јусовите станале нерелевантни на почетокот на историјата на источнословенските јазици, но сепак биле воведени заедно со кирилицата. Буквите <ѭ> и <ѩ> во главно исчезнале до XII век. Нејотираната <ѫ> продолжила да се користи, етимолошки, сѐ до XVI век. Од тогаш, па натаму имала улога само календарска улога во пасхалните таблици. Буквите <ѫ> и <ѧ и натаму се користат во црковнословенскиот јазик.

16. Буквата <ѧ> била прилагодена за означување на јотирано /ja/ <я> во средината или крајот на зборот; современат абуква <я> е адаптација на нејзината ракописна форма од XVII век, зачувана со правописната реформа од 1708.

17. Сѐ до 1708, јотираното /ja/ се пишувало како <ıa> на почетокот на зборот. Оваа разлика помеѓу <ѧ> и <ıa> се прави и денес во црковнословенскиот.

Нумерички вредности[уреди]

19. Нумеричките вредности на буквите соодветствуваат со грчките броеви, со тоа што <ѕ> се користел за дигама, <ч> за копа и <ц> за сампи. Во световната употреба овој систем бил напушптен во 1708, по транзиционен период од околу еден век; и понатаму се користи во црковнословенскиот јазик.

Тастарурен распоред[уреди]

Тастатурниот распоред на руските букви за Microsoft Windows компјутери е:

Руски тастатурен распоред

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. ^  П. Смирновскій. Учебникъ русской грамматики. Часть І. Этимологія 26 изд. — Правило 4 за пишување і на стр. 4. (руски)
  2. ^  Макс Фасмер, Руски етимолошки речник — етимологија на рускиот збор мир (свет, мир"), пронајдена при барање на резултати за зборот мир на он-лајн верзија на рускиот превод на речникот (пристап. 16 октомври 2005). (руски)
  3. ^ Научете ја руската азбука (англиски)

Надворешни врски[уреди]