Јус
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Кирилични букви Јус | ||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
| Кирилица | ||||||
| А | Б | В | Г | Ґ | Ѓ | Д |
| Ђ | Е | Ё | Є | Ж | З | Ѕ |
| И | І | Ї | Й | Ј | К | Ќ |
| Л | Љ | М | Н | Њ | О | П |
| Р | С | Т | Ћ | У | Ў | Ф |
| Х | Ц | Ч | Џ | Ш | Щ | Ъ |
| Ы | Ь | Э | Ю | Я | ||
| Старословенски букви | ||||||
| Ҁ | Ѹ | Ѡ | Ѿ | Ѻ | Ѣ | ІА |
| Ѥ | Ѧ | Ѫ | Ѩ | Ѭ | Ѯ | Ѱ |
| Ѳ | Ѵ | Ѷ | ||||
| Несловенски букви | ||||||
| Ӑ | Ә | Ӕ | Ҕ | Ӗ | Ғ | Ӏ |
| Ӂ | Җ | Ӝ | Ҙ | Ӟ | Ӡ | Ӣ |
| Ӥ | Ҡ | Қ | Ҟ | Ҝ | Ң | Ҥ |
| Ө | Ӧ | Ҧ | Ҫ | Ҷ | Ҹ | Ӵ |
| Ҽ | Ҿ | Ҩ | Ҳ | Һ | Ҭ | Ҵ |
| Ӳ | Ӯ | Ү | Ұ | Ӱ | ||
Јус мало (старосл. юсъ малъıи, кирилица: Ѧ, ѧ, глаголица:
) и Јус големо (стсл. юсъ большии, кирилица: Ѫ, ѫ, глаголица:
), се букви кои означуваат две општословенски носни или назални самогласки, во прасловенскиот и старословенскиот јазик. Секоја од нив се наоѓа и во јотувана форма (кирилица: ѩ и ѭ; глаголица:
и
), како лигатура со буквата I.
Фонетски, Јус мало означува [ɛ̃] по МФА, а Јус големо [ɔ̃] по МФА.
Имињата на буквите не се поврзани со капитализација: двете букви постојат и во големи и во мали варијанти.
Сите современи словенски јазици кои користат кирилица ја имаат изгубено оваа буква, со тоа што кај секој од нив Јус станала непотребна буква.
Јус големо била составен дел од бугарската азбука сѐ до 1945. Меѓутоа, дотогаш задниот назал исчезнал од јазикот. Како резултат на тоа, постоеле несоодветности помеѓу буквата и фактичкиот јазик и луѓето морале напамет да учат каде да ја ставаат буквата без некоја логика. Постојат некои македонски (околу Лерин и Костур, во денешна северна Грција) и бугарски дијалекти кои сѐ уште имаат назален изговор: КъНде греНдеш, мило чеНдо?
Во Русија, Јус мало било преземено за да ја означува јотизираната буква я на средината или на крајот од зборот; современата буква ја я е адаптација на оваа курзивна форма од седумнаесетиот век променета со типографската реформа од 1708.
Во полскиот јазик, кој користи латиница, буквата Ę, ę ја има фонетската вредност на Јус мало, додека буквата Ą, ą на Јус големо. Јотизираните форми пак, на полски се пишуваат со ię, ią. Меѓутоа, фонемите ę и ą не водат историско потекло од оние кои Јус мало и големо ги означувало, но се создадени потоа на полско тло.




