Прасловенски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Прасловенскиот јазик е прајазикот од којшто произлегуваат старословенскиот и покасно сите други словенски јазици. Се зборувал пред 7 век. Прасловенскиот произлегол од хипотетичкиот индоевропски прајазик.

Прасловенскиот јазик не е документиран писмено и затоа во научните истражувања е реконструиран преку аплицирање на компаративно-историскиот метод врз најстарите текстови напишани на старословенски јазик и другите најблиски индоевропски јазици – балтички и германски.

Потекло[уреди]

Според некои лингвисти, прасловенскиот јазик се појавил пред 1 илјадалетие пр.н.е. Спорно е дали се одделил директно од индоевропскиот јазик или се одделил покасно од прабалтословенскиот јазик.

Територија[уреди]

На прасловенски јазик се зборувало во прататковината на Словените, која се наоѓала според полскиот славист Тадеуш Лер-Сплавински во земјите меѓу Одра и Висла, според рускиот славист Федот Петрович Филин (19081982) – во териториите меѓу среден Днепар и западен Буг, на југ од Припјат и на север од крајцрноморските степи, а според бугарскиот проф. Иван Леков – на широка територија од Днепар до Висла, со динамични граници, слаба дијалектна диференциација и двонасочни миграции.