Панславизам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Панславистичкото знаме воведено на конвенцијата во Прага, 1848

Панславизмот[1] е движење од средината на XIX век, чија цел е обединување на сите словенски народи. Во фокусот бил Балканскиот Полуостров, каде што Јужните Словени биле под контрола на две големи империи, Австро-Унгарија и Отоманската империја. Од страна на Руската империја, односно СССР покасно, панславизмот бил користен во политички пропагандни цели.

Потекло[уреди]

Панславистичките идеи за прв пат биле изложени од страна на хрватите Винко Прибојевиќ (почеток на XVI век) и Јурај Крижаниќ (среднина на XVII век). Сепак, панславизмот како движење започнува како и пангерманизмот, од чувството за единство и национализам присутен и кај етничките групи под француска доминација за време на Наполеоновите војни. Првата панславистичка конвенција била одржана во Прага, 1848 година.

Најчесто користени симболи на панславизмот се панславистичките бои (црвено, бело, сино) и панславистичката химна "Хеј, Словени". Трите пансловенски бои кои ги симболизираат слободата и револуционерните идеи се јавуваат на змаиња на држави во кои словенската нација e застапена, како Русија, Србија, Црна Гора, Хрватска и др., но и држави кои немаат словенски нации како Велика Британија, САД, Холандија, Филипини.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]