Лужички јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лужички јазици
вендски јазици, лужичкосрпски јазици
Геог.
распростр.:
Лужица
Класификација: индоевропски
Гранки:
ISO 639-2 и 639-5: wen
Germany sorbian region.png
Лужички јазици
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Wšitcy čłowjekojo su wot naroda swobodni a su jenacy po dostojnosći a prawach. Woni su z rozumom a swědomjom wobdarjeni a maja mjezsobu w duchu bratrowstwa wobchadźeć.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Лужичките јазици (Serbsce, Serbski) — мала група словенски јазици, дел од подгрупата на западнословенски јазици. Овие јазици се мајчини јазици на Лужичките Срби, автохтоно словенско население во областа Лужица во Источна Германија. Низ историјата, јазиците биле познати како вендски јазици или лужичкосрпски јазици. Овие јазици се слични со останатите западнословенски јазици, односно со полскиот, чешкиот, словачкиот и кашупскиот.[1]

Денес има два стандардни лужички јазици: горнолужички јазик и долнолужички јазик. Горнолужичкиот го зборуваат околу 40.000 луѓе во Саксонија, додека долнолужичкиот е зборуван од околу 10.000 луѓе во Бранденбург. Оваа област каде се зборуваат овие јазици е позната како Лужица.

Во Германија, горнолужичкиот и долнолужичкиот се признати и заштитени малцински јазици. Двата јазика во Лужица се официјални, заедно со германскиот. Центар на горнолужичкорпската култура е Бауцен. Во градот горнолужичкиот е доста застапен во секојдневната комуникација и се користи на сообраќајните знаци. Како центар на долнолужичката култура се смета Котбус. Како и во Бауцен, така и во Котбус има двојазични сообраќајни знаци.

Наводи[уреди]

  1. За лужичкиот јазик од Хелмут Фаска - Лајпцишки универзитет

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]