Буг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Буг
полски: Bug
украински: Західний Буг
белоруски: Захо́дні Буг
Река
Реката Буг во близина на Вишкув, Полска
Земји Полска, Белорусија, Украина
Војводство
Област
Подласко, Мазовско, Љублинско,
Брест,

Лавовска
Извор
 - место близу Верхобуж, Лавовска област, Украина
 - височина 310 м
 - координати 49°52′00.57″ СГШ 25°05′48.6″ ИГД / 
Утока
 - местоположба Нарев близу Сероцк, Полска
 - височина 75 м
 - координати 52°30′29.28″ СГШ 21°05′02.68″ ИГД / 
Должина 772 км
Слив 39.420 км²
Истек во Сероцк
 - просечен 1 м3
Истек на др. места (просечен)
 - Вишкув 158 м3
Реката Буг низ Украина, Белорусија и Полска
Реката Буг низ Украина, Белорусија и Полска

Буг или Западен Буг (полски: Bug; украински: Західний Буг; белоруски: Захо́дні Буг; руски: Западный Буг) е лева притока на реката Нарев, која извира од средишна Украина на запад, минувајќи долж украинско-полската и полско-белоруската граница, а потоа продолжува низ Полска, каде се влива во реката Нарев, близу Сероцк. Понекогаш, делот помеѓу устието на Буг со Нарев и до вливањето во Висла е нарекуван Буго-Нарев. Реката Висла се влива во Балтичкото Море.

Буг е долг 830 километри[1] (587 км во Полска) и е 4. најдолга река во Полска. Сливното подрачје на реката е 39.420 км² (19.284 км² во Полска). Поврзана е со реката Днепар преку каналот Днепар-Буг.

Традиционално, реката Буг често била сметана како етнографска граница помеѓу православните и католичките верници. На реката се наоѓала и линијата помеѓу германските и руските сили во текот на Инвазијата на Полска во Втората светска војна.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Буг“. „Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Online“. Encyclopædia Britannica, 2011. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/83712/Bug-River. конс. 10 април 2011. 

Надворешни врски[уреди]