А (кирилица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аа
Cyrillic letter A - uppercase and lowercase.svg
Словенски букви
А Б В Г Ґ Д Ѓ
Ђ Е Ѐ Ё Є Ж З
Ѕ И Ѝ І Ї Й Ј
К Л Љ М Н Њ О
П Р С Т Ќ Ћ У
Ў Ф Х Ц Ч Џ Ш
Щ Ъ Ы Ь Э Ю Я
Словенски букви
вон употреба
Ҁ Ѻ Ѹ Ѡ Ѿ Ѣ
Ѥ Ѧ Ѫ Ѩ Ѭ Ѯ Ѱ
Ѳ Ѵ Ѷ
Несловенски букви
Ӑ Ӓ Ә Ӛ Ӕ Ғ Ҕ
Ӻ Ӷ Ԁ Ԃ Ӗ Ӂ
Җ Ӝ Ԅ Ҙ Ӟ Ԑ Ӡ
Ԇ Ӣ Ҋ Ӥ Қ Ӄ Ҡ
Ҟ Ҝ Ԟ Ԛ Ӆ Ԓ Ԡ
Ԉ Ԕ Ӎ Ӊ Ң Ӈ Ҥ
Ԣ Ԋ Ӧ Ө Ӫ Ҩ Ԥ
Ҧ Ҏ Ԗ Ҫ Ԍ Ҭ Ԏ
Ӯ Ӱ Ӳ Ү Ұ Ҳ Ӽ
Ӿ Һ Ԧ Ҵ Ҷ Ӵ Ӌ
Ҹ Ҽ Ҿ Ӹ Ҍ Ӭ
Ԙ Ԝ Ӏ

Буквата А (кирилица: а, глаголица: Glagolitic az.svg) е првата буква во старата кирилицата и во скоро сите денешни кирилски азбуки. Формата на буквата потекнува од формата на грчката буква алфа. Во старословенскиот јазик оваа буква се нарекувала аз или азъ и имала бројна вредност 1. Кирилската буква а има иста вердност, име и значење со глаголската буква Glagolitic az.svg. Буквата се користи во сите кирилски азбуки, како на пример во македонската азбука, руската азбука, српската азбука, украинската азбука, белоруската азбука и монголската азбука. Според МФА, буквата има вредност /a/, додека кај некои несловенски јазици кои користат кирилица, буквата има вредност /ɑ/ или /ə/. Низ вековите можела да се сретне во повеќе форми сè додека не го добила денешниот изглед кој е ист со латинската буква A.

Буквата А во македонскиот јазик[уреди]

Буквата А е првата буква од македонската азбука. Самогласката а се пишува во оние зборови што во некои наши говори се изговараат со темен вокал, о или у, на пример: маж, рака (не: мож, рока, муж, рука и сл.). Така, со а се изговараат и пишуваат и:

внатре, газер, гасеница, гнаса, гнасен, гради, гулаб, даб, длабок, длабочина]], драг, желад, заб, забец и слично.

Покрај овие зборови, со букавата а се пишуваат и:

јабанџија, јагне, јаганца, јајце, јаловица, јаготка, јаре, јарем, јасен, пријател, појас, обичај, случај, кочан, началник, печали, чаша, кошара, грамада (не грмада), страна и слично.

Во нашите дијалекти различно се изговараат придавките со наставка - ар, па така имаме итар, итор или итер. Во литературниот јазик се употребува само формата - ар.[1]

Кодна позиција[уреди]

Код на карактерот Големина Децинала Хексидецимала Октална Бинарен нумерички систем
Уникод Голема 1040 0410 002020 0000010000010000
Мала 1072 0430 002060 0000010000110000
ISO 8859-5 Голема 176 b0 260 0010110000
Мала 208 d0 320 0011010000
KOI 8 Голема 225 e1 341 0011100001
Мала 193 c1 301 0011000001
Windows 1251 Голема 192 c0 300 0011000000
Мала 224 e0 340 0011100000

Наводи[уреди]

  1. Правопис на македонскиот јазик, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, трето издание на Просветно дело - Скопје, 1986, Редакциски одбор: Божо Видоевски, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Крум Тошев, Рада Угринова-Скаловска

Поврзано[уреди]


Македонска азбука
А а Б б В в Г г Д д Ѓ ѓ Е е Ж ж З з Ѕ ѕ И и Ј ј К к Л л Љ љ
М м Н н Њ њ О о П п Р р С с Т т Ќ ќ У у Ф ф Х х Ц ц Ч ч Џ џ
Ш ш