Кирилични бројки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кирилични бројки на часовник во кремљот во Суздал
Часовник со кирилични бројки на кула во Бигорскиот манастир

Кирилични бројкиброен систем на основа на старословенската кирилица, употребувана кај јужните и источните Словени, вклучувајќи ја Македонија. Овој систем се употребувал во Русија сѐ до 1700-тите кога Петар Велики ја заменил со индоарапскиот броен систем.

Системот бил квазидекаден, заснован на јонскиот броен систем и се пишувал со соодветни графеми од кирилицата. Секоја единица (1, 2, ... 9) имала своја буква, како и секоја десетка (10, 20, ... 90) и секоја стотка (100, 200, ... 900). Броевите се запшишувале од лево на десно со исклучок на броевите од 11 до 19. Тие биле пишувани од десно на лево. Броевите се разликувале од текстот по тоа што врз нив се приододавало титло. Доколку бројот бил поголем од 1000, бил употребуван знакот за илјадници се пишувал пред бројката ҂ и по него се пишувал бројот на илјадницните со соодветните букви.

Slavonic-numerals-mk.svg


Примери:

  • Slavic-numerals-1706.jpg - 1706
  • Slavic-numerals-7118.jpg - 7118 година по библиски стил, еднаква на 1610 н.е.)

Глаголските броеви работеле на сличен принцип, освен тоа што бројките се пишувале по глаголскиот абучен ред, а не по ред преземен од грчкото писмо.

Поврзано[уреди]