Наша ера

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Наша ера или скратено н.е. (латински: Anno Domini, кратенки - AD или A.D.) како и изразот пред наша ера (англиски: Before Christ и скратено BC или B.C.) се ознаки за одредување на годините користени од Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар.

Поделбата е направена според раѓањето на Исус Христос, при што со н.е. се обележуваат годините после започнувањето на оваа ера, а со п.н.е. годините пред тоа.

Според оваа шема, не постои година обележана како година нула, па така годината 1 н.е. е веднаш после 1 п.н.е. Овој систем е измислен во 525 година, и не бил широко користен сè до времето на ренесансата.[1]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]