Грчка азбука

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија содржи специјални знаци. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи.

Грчката азбука (грчки: Ελληνικό αλφάβητο Ellenikó alphabeto) е збир од дваесет и четири букви кои се користат за пишување на грчкиот јазик уште од деветтиот век пред нашата ера. Таа е првата азбука која во тесна смисла, како систем за пишување, користи посебен симбол за секоја согласка и самогласка.[1] Таа е најстарото азбучно писмо во континуирана употреба и до денес. Буквите исто така се користат и за прикажување на грчки цифри, почнувајќи од 2 век пр.н.е.

„Грчка азбука“ на модерниот грчки јазик.
Greek alphabet alpha-omega.svg
Грчка азбука
Α α Алфа Ν ν Ни
Β β Бета Ξ ξ Кси
Γ γ Гама Ο ο Омикрон
Δ δ Делта Π π Пи
Ε ε Епсилон Ρ ρ Ро
Ζ ζ Зета Σ σ ς Сигма
Η η Ета Τ τ Тау
Θ θ Тета Υ υ Ипсилон
Ι ι Јота Φ φ Фи
Κ κ Капа Χ χ Хи
Λ λ Ламбда Ψ ψ Пси
Μ μ Ми Ω ω Омега
Застарени букви
Ϝ ϝ Дигама Ϛ ϛ Стигма
Ͱ ͱ Хета
Ϻ ϻ Сан Ϸ ϸ Шо
Ϙ ϙ Копа Ϡ ϡ Сампи
диајакритици

Грчката азбука е потомок на феникиската азбука и е основа за многу други азбуки во Европа и во Блискиот Исток, вклучувајќи ја и латиницата. [1] Во додаток на тоа што се користи за пишување на грчкиот јазик, нејзините букви се користат и како симболи во математиката и науката, за имињата на честички, имиња на ѕвезди, во имињата на клубови на братства и сестринства, во именувањето на тропски циклони и за други намени.



Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Коулмас, Флоријан (1996). „Блаквел енциклопедија на пишани системи (The Blackwell Encyclopedia of Writing Systems)“. Оксфорд: Blackwell Publishers Ltd.. ISBN 0-631-21481-X.