Хангул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хангул (한글) или Чосон гул (조선글)
Hangulpedia.svg
Тип Азбука
Јазици корејски
Творец Сеџонг
Период 1443 до денес
ISO 15924 Hang, 286
Насока од лево надесно
Уникоден назив Hangul
Уникоден опсег U+AC00 to U+D7A3,
U+1100 to U+11FF,
U+3131 to U+318E,
U+FFA1 to U+FFDC
Напомена: Страницава може да содржи фонетски симболи од МФА.


Хангул (корејски: [haːnɡɯl] , 한글 Hangeul/Han’gŭl (во Јужна Кореја) или 조선글 Chosŏn’gŭl/Joseongeul (во Северна Кореја)) е азбука што ја користи корејскиот јазик. Азбуката била создадена во средината на 15 век и денес е официјално писмо во Северна Кореја, Јужна Кореја и во Корејската автономна префектура Јанбијан во Кина.

Хангул е фонемска азбука организирана во слоговни блокови. Секој блок се состои од најмалку две од 24 хангул букви (џамо), со најмалку една од четиринаесетте согласки и десетте самогласки во корејскиот јазик. Овие блокови можат да бидат запишани хоризонтално од лево кон десно или вертикално од горе надолу во колони од десно кон лево. Оригинално, азбуката има неколку додатни букви.

Имиња[уреди]

Официјални имиња[уреди]

Зборот hangeul напишан со хангул.
  • Модерното име Хангул (한글) било создадено од Џу Сијеонг во 1912. Хан () значи „голем“ на стар корејски, а додека гул () е термин на корејски за зборот „писмо“. „Хан“ исто така може да се протолкува како „корејски“ на сино-корејски, па така целосното име може да биде разбрано како „корејско писмо“[1]. 한글 се изговара како /hanɡɯl/ и може да биде романизирано на еден од следните начини:
    • Hangeul или han-geul што се користи во Јужна Кореја за транскрипција на корејскиот.
    • Han’gŭl е термин кој е прифатен во светската наука како термин за означување на ова писмо
    • Hankul термин користен за технички лингвистички науки.
  • Во Северна Кореја писмото се вика Chosŏn’gŭl (조선글).
  • Оригиналното име на писмото било Хунминџеонгеум (훈민정음; 訓民正音).

Останати имиња[уреди]

Сè до раниот 20 век, хангул бил сметан за вулгарно писмо од страна на литературната елита и тие го користеле традиционалното ханџа писмо[2]. Оваа елита хангулот го именувале како:

  • Еонмун (хангул: 언문, ханџа: 諺文 "говорно писмо")[2]
  • Амгеул (암글 "женско писмо"; исто и Амкеул 암클).[2] Am (암) е префикс кој означува дека именката е од женски род.
  • Ахаетгеул или Ахаегеул (아햇글 или 아해글 "детско писмо")
  • Ачимгеул (아침글 "пишување што можеш да го научиш за едно утро")[3]
  • Гунгмун (хангул: 국문, ханџа: 國文 "национално посмо")

Овие имиња денес се архаични особено со неупотребата на ханџа во Кореја.

Џамо[уреди]

Hangeul New Version.jpg

Џамо (자모; 字母) или нацори (낱소리) се единиците или карактерите што го сочинуваат хангул. „Џа“ значи буква или карактер и „мо“ значи мајка.

Во хангул има 51 џамо, од кои 24 се еднакви со латинските букви. Останатите 27 џамоа се кластери на две или понекогаш три од овие карактери. Од основните 24 џамоа, четиринаесет се согласки (џа-еум 자음, 子音 "детски гласови") и десет се самогласки (мо-еум모음, 母音 "мајчини гласови"). Пет од едноставните согласки се дуплираат за да се создадат „временските“ согласки а додека останатите единаесет кластери се формирани со различни согласки. Десетте џамо самогласки може да бидат комбинирани за да се создадат единаесетте дифтонзи.

  • 14 едноставни согласки: ㄱ, ㄴ, ㄷ, ㄹ, ㅁ, ㅂ, ㅅ, ㅇ, ㅈ, ㅊ, ㅋ, ㅌ, ㅍ, ㅎ, плус ᄛ, ㅱ, ㅸ, ᄼ, ᄾ, ㅿ (алвеоларно), ㆁ (веларно), ᅎ, ᅐ, ᅔ, ᅕ, ㆄ, ㆆ
  • 5 двојни (глотализирани): ㄲ, ㄸ, ㅃ, ㅆ, ㅉ, плус ㅥ, ᄙ, ㅹ, ᄽ, ᄿ, ᅇ, ᇮ, ᅏ, ᅑ, ㆅ
  • 11 согласни кластери: ㄳ, ㄵ, ㄶ, ㄺ, ㄻ, ㄼ, ㄽ, ㄾ, ㄿ, ㅀ, ㅄ, плус ᇃ, ᄓ, ㅦ, ᄖ, ㅧ, ㅨ, ᇉ, ᄗ, ᇋ, ᄘ, ㅪ, ㅬ, ᇘ, ㅭ, ᇚ, ᇛ, ㅮ, ㅯ, ㅰ, ᇠ, ᇡ, ㅲ, ᄟ, ㅳ, ᇣ, ㅶ, ᄨ, ㅷ, ᄪ, ᇥ, ㅺ, ㅻ, ㅼ, ᄰ, ᄱ, ㅽ, ᄵ, ㅾ, ᄷ, ᄸ, ᄹ, ᄺ, ᄻ, ᅁ, ᅂ, ᅃ, ᅄ, ᅅ, ᅆ, ᅈ, ᅉ, ᅊ, ᅋ, ᇬ, ᇭ, ㆂ, ㆃ, ᇯ, ᅍ, ᅒ, ᅓ, ᅖ, ᇵ, ᇶ, ᇷ, ᇸ, и тројните ᇄ, ㅩ, ᇏ, ᇑ, ᇒ, ㅫ, ᇔ, ᇕ, ᇖ, ᇞ, ㅴ, ㅵ, ᄤ, ᄥ, ᄦ, ᄳ, ᄴ
  • 6 едноставни самогласки: ㅏ, ㅓ, ㅗ, ㅜ, ㅡ, ㅣ, плус ㆍ
  • 4 едноставни јотизирани самогласки: ㅑ, ㅕ, ㅛ, ㅠ, плус ᆜ, ᆝ, ᆢ
  • 11 дифтонзи: ㅐ, ㅒ, ㅔ, ㅖ, ㅘ, ㅙ, ㅚ, ㅝ, ㅞ, ㅟ, ㅢ, плус ᅶ, ᅷ, ᅸ, ᅹ, ᅺ, ᅻ, ᅼ, ᅽ, ᅾ, ᅿ, ᆀ, ᆁ, ᆂ, ᆃ, ㆇ, ㆈ, ᆆ, ᆇ, ㆉ, ᆉ, ᆊ, ᆋ, ᆌ, ᆍ, ᆎ, ᆏ, ᆐ, ㆊ, ㆋ, ᆓ, ㆌ, ᆕ, ᆖ, ᆗ, ᆘ, ᆙ, ᆚ, ᆛ, ᆟ, ᆠ, ㆎ

Четири од едноставните џамо самогласки се создадени со додавање на кратки црти: ㅑ ја,јео,јо, and ㅠ ју. Овие се сметани за дел од 24 основни џамоа зошто буква ј не постои како сам глас.

Од едноставните согласки, ㅊ чиеут,киеук,тиеут, и ㅍ пиеуп се аспирати добиени од ㅈ џиеут,гијеок,дигеут, и ㅂ биеуп.

Двојните букви се: ㄲ санг-гијеок (kk: санг- 쌍 "двоен"), ㄸ санг-дигеут (tt), ㅃ санг-биеуп (pp), ㅆ санг-сиот (ss), и ㅉ санг-џиеут (jj). Двојните џамоа не се сметаат како согласно претставување.

Распоред на црти[уреди]

Сите букви на хангул ги следат правилата на кинеската калиграфија. Во табелата се прикажани само знаците што се сметаат за одделни букви, не и дифтонзите или јотизираните.

Џамо Име на џамо МФА Макед. транскрипција
гијок g г
нион n н
дигот d д
риол r или l р или л
миом m м
биоп b б
сиот s с
ионг ø или ŋ ø или нг
ㅈ (џиеут) џиот џ
чиот ч
киок k к
тиот t т
пиоп p п
хиот h х
а а а
ae æ кратко е или како германско ä
ео ʌ меко о или како германско ö
ㅔ (е) e e e
ㅗ (о) o o о
ㅜ (у) u u у
一 (еу) eu ɨ кратко и или како германско ü


За јотизираните, кои не се прикажани, само се удвојува стралката.

Морфолошки слоговни блокови[уреди]

Освен за некои граматички морфеми, ниту една буква не може да стои сама и да претставува елемент во корејскиот јазик. Наместо тоа, џамоата се групи на слоговни или морфолошки блокови со најмалку две или три:

  1. согласки или двојни согласки наречени почетни (초성, 初聲 choseong слогопвен пристап),
  2. самогласка или дифтонг наречен среден (중성, 中聲 jungseong слоговен нуклеус или слоговен корен) и
  3. согласка или согласна група на крај од слогот (종성, 終聲 jongseong слоговен код).

Кога слогот нема почетна позиција, нултиот почетен знак ㅇ иеунг се користи наместо тоа (иако во модерен корејски јазик не се користи овој карактер за почетна позиција). Така, џамо блокот се состои од најмалку два карактера на средна и почетна позиција. Иако, историски, хангул бил организиран во слогови, во модерната ортографија се организира во морфени, и како второстепено во слогови во рамките на тие морфими со исклучок кога единечна согласна морфема можеди не може да се напише сама.

Сетот на почетни и крајни согласки не е ист. На пример, ㅇ ng се користи само во почетна позиција, додека двојниот џамо што може да се појави во почетна позиција е лимитиран на само ㅆ ss и ㄲ kk. Вкупно има 11 172 можни хангул блокови.

Вметнување џамо во блок[уреди]

Вметнувањето на џамо во блокот следи одредени шаблони базирани на формата на средниот дел.

  • Компонентите на комплексните џамоа како што се ㅄ bs, ㅝ wo, или ㅵ bsd, ㆋ üye се пишуваат од лево кон десно.
  • Средните се пишуваат под почетните, кон десно или околу почетната почнувајќи од дното кон десно во зависност од формата на карактерот: ако средната има хоризонтална форма како ㅡ eu, тогаш таа се пишува под почетната; ако има вертикална форма како ㅣ i, тогаш таа се пишува на десно од почетната и ако карактерот ги состои двете форми како ㅢ ui, тогаш таа се пишува околу почетната од дното кон десно:
почетен среден
почетен
среден
почетен среден.
2
среден. 1
  • краен џамо, ако има еден, е секогаш напишан на дното, под средната. Ова се вика 받침 batchim "подржувачки под":
почетен среден
краен
почетен
среден
краен
почетен среден.
2
среден.
краен
  • Комплексен слог се пишува од лево кон десно:
почетен среден
краен 1 краен 2
почетен
среден
краен 1 краен 2
почетен среден.
2
среден
краен 1 краен 2

Блоковите секогаш се пишуваат во фонетски редослед, почетен-среден-краен. Така,

  • Слогови со хоризонтален среден слог се пишуваат надолу 읍 eup;
  • Слоговите со вертикален среден и прост краен слог се напишани во правец на стрелките на часовникот: 쌍 ssang;
  • Слоговите со околен среден слог го менуваат правецот (долу-десно-долу): 된 doen;
  • Слоговите со комплексен краен слог се напишани од лево кон десно на дното: 밟 balp.

Наводи[уреди]

  1. Lee, Iksop; Ramsey, S. Robert (2000). „The Korean Language“. SUNY Press. стр. 13. http://books.google.com/books?id=NN-yIdLOkCoC&pg=PA13&dq=hangul+1912&ei=7BEySOvWKYGuywTF-sDDBw&sig=Cq2GWqQKrumkFSfK5a7sWRmpCD4. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „5. Different Names for Hangeul“. The National Academy of the Korean Language. јануари 2004. http://www.korean.go.kr/eng_hangeul/another/001.html. конс. 19 мај 2008. 
  3. Choi Seung-un; Structures et particularités de la langue coréenne

Библиографија[уреди]

  • Chang, Suk-jin (1996). „Scripts and Sounds“. „Korean“. Philadelphia: John Benjamins Publishing Company. ISBN 1556197284.  (Volume 4 of the London Oriental and African Language Library).
  • Kim-Renaud, Y-K. (ed) 1997. The Korean Alphabet: Its History and Structure. University of Hawai`i Press.
  • Sohn, H.-M. (1999). The Korean Language. Cambridge: Cambridge University Press.
  • Song, J,J. (2005). The Korean Language: Structure, Use and Context. London: Routledge.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]