Алтајски Планини

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Алтај)
Алтај води тука. За други значења, види Алтај (појаснување). За руската република, погл. Република Алтај
Географска положба на Алтај
Највисокиот врв на Алтај, Белуха

Алтај е планински систем во централна Азија разделен помеѓу Русија, Кина, Монголија и Казахстан.

Се наоѓа помеѓу пустината Гоби на југоисток и Западносибирската Низина на северозапад во должина од околу 2.000 км. Се состои од Рускиот Алтај (или Алтај во потесна смисла) Монголскиот и од Гобискиот Алтај. Највисок врв на целиуо систем е Белуха со 4.508 м, на Монголскиот Алтај.

Алтај е извориште на големите реки Об и Иртиш.

Реката Катуњ

Алтај е стара грамадна планина, составена од кристални шкрилци, гранит и паелозојски наслаги, кои се издигнале во квартарот. Палозоиските наслаги изобилуваат со железни, оловни, бакарни, цинкови и сребрни руди и јаглен.

Климата е континентална планинска со просечна јануарска температура од -15° (предгорјето) до - 32° (меѓупланинските котлини) и јулска од 14-16°. Годишната количина на врнежи во западниот и северозападниот дел на Алтај се од 1000 до 2000 мм, a а во југоисточниот од 200 до 300 мм. Околу 800 км2 се покриени со ледници кои ги напојуваат мноштвото на реки како: Катуњ, Бија, Бухтарма Чуја и др. Шумите заземаат околу 70% од површината на Алтај. Горната граница им е 1.700 до 2.000 м.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Оваа статија вклучува текст од Encyclopædia Britannica Eleventh Edition,која е во јавна сопственост.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]